Какво дупење им удрил Даре Јаневски на грчкиве инсталации во Македонија, абе се убив од смеење!!:pos2::pos2:
Проклети Боливија и Зимбабве
Како можат? А сега, сега веќе не е за ништо повеќе, освен за мајтап-муабет, да се гледа како овде, среде Скопје, во последно време, на секое ново признавање на Република Македонија, особено под уставното име, одредени структури добиваат безмалку хистерични напади. Сирија беше прва што им го крена притисокот, а за да се омаловажи успехот се одеше дури дотаму што на јавноста и се пласира тезата дека тоа ќе нé скарало не само со Израел туку и со САД и со ЕУ. Ах, да, затоа што Македонија гласала за резолуција за повлекување на Израел од Голанската висорамнина, и тоа многу ги налутило и Израелците и Американците, кои одамна таквите резолуции не ги ни евидентираат.
Како и да било, деноноќно дознававме дека темни облаци се надвиснуваат над Македонија. И за да се разбистрат, можеби требаше да му се испрати протестна нота на сирискиот претседател Ел Асад, а не ќе беше лошо ни да го поставиме прашањето пред ООН. Пезевенк еден, што мисли тој, така ли се признавало држава под нејзиното уставно име? Тоа мора итно да се врати. Плус тоа, Асад важеше за верен сојузник на Грција. Ако тој ги изневерил Грците, па нé признал нас, каков морал имаме кога го примаме тоа признавање? Зар сега најдовме да им го свртиме грбот на браќата од Атина? Кај ќе ни оди душата еден ден?
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12011914217&id=13&setIzdanie=22185