- Член од
- 20 јуни 2011
- Мислења
- 192
- Поени од реакции
- 13
Средовековниот замок, дворецот Св. Петар, подигнат од страна на витезите, со години наназад го чува влезот во Бодрумскиот залив. Тоа е местото каде водите на Егејското море, се мешаат со Медитеранот. Правоаголните, едноспратни, бели куќи со рамни кровови, овековечени со пурпурни бегонии се заштитен знак за ова некогашно мало дорско гратче, денес познато како летувалиште на турскиот брег. Во марините се збиени луксузни јахти, а по улиците се слушаат јазици од сите делови на светот. Прекрасните плажи нудат капење во кристално чиста вода.
Инаку, старото име на Бодрум е Халикарнас. Како популарна туристичка дестинација почнува да се развива во почетокот на минатиот век. Напознато културно наследство во Бодрум е античкиот театар од четвртиот век п.н.е. Денес градот го користи за фестивали и разни културни манифестации. Бодрум е недалеку прочуен и по богатиот ноќен живот, со двете најпосетени дискотеки на турското приморје. Дискотеката Халикарнас е дискотека на отворено со поглед кон дворецот Св. Петар. Може да прими над 5.000 посетители кои преку спектакуларното light show го дочекуваат раѓањето на сонцето на исток.
Со малку зборови Бодрум има по нешто за секого. Овде секој ќе пронајде тоа што му е потребно.
Бодрум денес е еден од најважните центри на трговијата, уметноста и забавата, како што беше пред неколку века. Oвој крајбрежен град во кој традиционалниот и модерниот живот одат заедно во одлична хармонија, ве поканува на незаборавен одмор.
Kолку ќе ме кошта се на се, авионска карта, сместување ,одмор за 10 дена...ако одам во сопствена режија, значи без агенција.Само пат со агенција..

Attachments
-
243,2 KB Прегледи: 34
-
110,2 KB Прегледи: 33
-
66 KB Прегледи: 34