Gjoroski
Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
- Член од
- 14 септември 2009
- Мислења
- 1.332
- Поени од реакции
- 998
- Возраст
- 55
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.herkules.com.mk
Додека не ја средиш исхраната нема да имаш никаков ефект, залудно ќе биде било кој топач.
Инаку не ти треба и за таму тренер, имаш на youtube милион видеа од професионалци како да ги изведуваш вежбите, полека со мали тежини ќе си ги учиш вежбите и ќе си правиш кардио, пливањето ти е супер да го вклопиш во целата рутина и пешачењето, али со пешачење до работа лека полека не очекувај да трошиш нешто посбно калории.
Animal Cuts од универзал ти се добар топач, али без средена исхрана пак ќе ти повторам џабе ќе ги земеш.
Се е во ред, ама со ова неможам да се сложам. Зашто? Затоа што, со бил кој спорт да започнете да се занимавате, штом се зачлените во институција, како клуб, мора да постојат норми и правила. Едно од тие се и стручни лица кои ќе ги упатат оние кои за првпат се сретнуваат со одреден спорт. Доколку решите да се занимавате со некој спорт, но сето тоа да го работите дома, не во веќе постоечки регистриран клуб за таа намена, можеби ќе разберам потреба од самоедуцирање и сурфање по интернет со цел да се запознаете со тајните на одреден спорт. Но, никако не се сложувам да бидете зачленети некаде и на своја рака да експериметирате со било што.
Овде не станува збор за изнајмување на личен трнер кој за ваши лични потреби ќе состави план за исхрана и тренинг и ќе ве следи за цело време на изведување на твој план и постигнување на резултати. Овде станува збор за основа, која основа штом станете член во регистриран клуб, некој од ангажираните стручни лица во клубот има обврска да ви ја покаже и да ве упати во основите на овој спорт и на сите останати спортови. Тоа е изведување на основни вежби на правилен начин, серии, повторувања, основен начин на исхрана и како би изгледало сето тоа.
Како би било да се зачленам на карате и подучен од youtube почнам да практикувам свој начин и систем на карате тренинг?! Сигурен сум дека веднаш ќе ми ја вратат чланарината и ќе ме пратат дома.
Од овде започнуваат сите проблеми во бодибилдингот, што секој мисли дека може да го научи од интернет и што се сигурни дека го научиле и станале експерти. НО, проблемот не е само во тие што на тој начин учат. Проблемот е и во пристапот на клубовите кои тоа во корен не го пресечат, како во примерот со каратето.