Бијатлон, Сочи 2014

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730

Бијатлонот, според мене еден од најтешките спортови претставува комбинација од крос кантри скијачко трчање и пукање. Што значи потребна е неверојатна физичка спремност и концентрација. Самите податоци дека метатите се поставени на далечина од 50 метри, пушката е тешка 3,5 килограми а метата која треба да се погоди е со дијаметар од 45mm во лежечкиот стил односно 115mm во стоечкиот стил зборуваат дека овој спорт е еден од најинтересните заради тоа што секундарно се можни промени во пласманот.
Овој спорт најмногу има традиција во војските на западните држави па затоа и пред да дебитира на олимписките игри во овој спорт се натпреварувале националните армии.
За прв пат овој спорт е вклучен во програмата на ЗОИ 1960 година во Скво Вели, САД. Имено тогаш се одржала само една трка во машка конкуренција на 20 km. Во 1968 се вклучиле и машката штафета и трката на 10 km. Во 1992 пак во Абервил за прв пат се вклучил и женскиот бијатлон со трките на 7,5 km, 15 km и женската штафета.


Денес Бијатлонот си функционира засебно со своја федерација откако во 1998 се раздели од заедничката федерација со Модерен петтобој. Овој спорт е прогласен за национален во Норвешка а исто така огромна популарност има во Германија. Исто така во последно време зема огромен замав во Франција, Чешка, Австрија како и во нордиските земји каде и настанал.

Во Сочи натпреварувањата ќе се одржат на Бијатлон и Крос Кантри центарот "ЛАУРА", истиот располага со сопствени два стадиони, со засебен старт и финиш, поделени стази за Бијатлон и Крос Кантри, зона за загревање и нормално стрелачката зона.
Следува објаснување на секоја дисциплина и распоред на натпреварувањето:

СПРИНТ(SPRINT)
Најмасовната и најкратката делница. Натреварувачите стартуваат секој посебно, на секои 30 секунди. Се скијат 3 круга, после првиот круг се пука во лежечки став а после вториот во стоечки став. Секој натпреварувач располага со 10 куршуми, по 5 за двете пукања и за секое промашување треба да помини дополнителен круг од 150 m. Кај мажите патеката е долга 10 km(круговите се подолги) а кај жените 7,5 km.
8-ми Фебруари, Сабота 15:30 Спринт Мажи
9-ти Фебруари, Недела 15:30 Спринт Жени
ПОТЕРА(PURSUIT)
Според времињата од дисциплината спринт, натпреварувачите стартуваат поединечно, победникот од спринт стартува прв а после него по ред како што завршиле и со кое заостанување.
Се скијат 5 круга, што значи се пука 4 пати, два пати лежечи а последните два пати од стоечки став. Што значи имаат 20 куршуми и за секој промашен се надополнува со круг од 150 m. Кај мажите патеката е долга 12,5 а кај жените 10 km.
10-ти Фебруари, Понеделник 16:00 Потера Мажи
11-ти Фебруари, Вторник 16:00 Потера Жени
ИНДИВИДУАЛ(INDIVIDUAL)
Најдолгата и најстара дисциплина, Кај мажите е долга 20 а кај жените 15 km. Натпреварувачите стартуваат секој посебно на интервал од 30 секунди. Се скијат 5 круга, што значи 4 пукања, меѓутоа овде е клучно што на секое промашување се додава 1 минута на времето, значи нема дополнителен круг. Што значи дека натпреварувачите располагаат со 20 куршуми.
13-ти Фебруари, Четврток 15:00 Индивидал Мажи
14-ти Фебруари, Петок 15:00 Индивидуал Жени
ГРУПЕН СТАРТ(MASS START)
Најдобрите 30 натпреварувачи моментално во светскиот куп во двете конкуренции стартуваат заедно(мажи, жени). Се скијат 5 круга, што значи 4 пукања, две во лежечки и две во стоечки став. Значи располагаат со по 20 куршуми. За секое промашување се ские дополнителен круг од по 150 метра.
16-ти Фебруари, Недела 16:00 Групен Старт Мажи
17-ти Фебруари, Понеделник 16:00 Групен Старт Жени
ШТАФЕТА(RELAY)
Секоја репрезрнтација учествува со по 4 натпреварувачи. Секој натпреварувач ские по три круга, што значи по две пукања по еднаш од лежечки и стоечки став. Разликата во куршумите овде е што натпреварувачите имаат 10 куршуми но и плус 6 значи по 3 дополнителни за секој став. Ако од 8 можностит не погоди 5 мети, натпреварувачот ские дополнителен круг од 150 метри за секое заостанато промашување. Кај мажите се трча 4 пати по 7,5 а кај жените 4 пати по 6 km.
Најновата дисциплина во Бијатлонот е мешаната штафета, имено таа е од ист формат како и обичната само што се натпреваруваат две жени и двајца мажи за секоја репрезернтација, 2 пати по 6 плус два пати по 7,5 km. За пукањето и куршумите важи истото како и кај обичната штафета.
19-ти Фебруари, Среда 15:30 Мешана Штафета
21-ви Фебруари, Петок 15:30 Женска Штафета
22-ри Фебруари, Сабота 15:30 Машка Штафета

ЗАПАМЕТЕТЕ ГИ СЛЕДНИВЕ ЛИЧНОСТИ(НАЈГОЛЕМИ ФАВОРИТИ ЗА МЕДАЛИ):
МАЖИ:
Martin Fourcade(Франција), Emil Hegle Svendsen(Норвешка)==> Најдобри моментално и водечки во светскиот куп, навистина не може да се одреди кој би освоил повеќе злата.
Исто така внимавајте на Русите, Германците и останатите Норвежани. Исто така никогаш на олимпијада не треба да се заборават и Американците.
Мој тип: Посебно внимание на Австриската машка штафета.

ЖЕНИ:
Tora Berger(Норвешка), Darya Domracheva(Белорусија), Gabriela Soukalova(Чешка)==> Измеѓу овие три натпреварувачки ќе се бара најуспешната.
Исто така да се внимава на Русиникте, Украинките, Германките и другите Норвежанки. Како можни од сенка што би изненадиле се Французинките, овде иако ги знаеме Американките кои се во спортот немаат никаква искра која би блеснала.
Мој тип: Една од Украинките ќе освои едно злато.



За жал Македонија нема да има натпреварувач, Дарко Дамјановски се натпреварува во второто по ранг натпреварување во Бијатлон, меѓутоа како нација немаме поени за да пратиме натпреварувач.
Од екс-ју просторите ќе го издвојам Јаков Фак, Хрватот со Словенски пасош кој минатата олимпијада изненади со бронзата во индивидуал.


Сите натпревари се атрактивни и ќе бидат пренесувани од МТВ. Оној кој следел еуроспорт ќе му недостига коментаторот Огњен Велиќ ама се надеваме некој од нашите достојно ќе го замени.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
ова е отров тежок спорт, сликата на целта кога се со грч во лицето и не можат да си ги приберат гримасите кажува се.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.007
Поени од реакции
4.176
Ole Einar Bjørndalen дали уште се натпреварува во овој спорт? Порано кога го пратев овој спорт бев за него.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
Ole Einar Bjørndalen дали уште се натпреварува во овој спорт? Порано кога го пратев овој спорт бев за него.
Да да секако, ова ќе му биде 6та олимпијада....дебитирал во далечната 1994 во Лилехамер.
Инаку ништо чудно да изненади и со некој медал. Не го нагласив посебно ама не смее да се заборави.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Ole Einar Bjørndalen дали уште се натпреварува во овој спорт? Порано кога го пратев овој спорт бев за него.
Цар, нема што друго да се додаде, годините можеби го газат и не знам како е брз ама за пукање има да ги убие сигурен сум !!!
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
Цар, нема што друго да се додаде, годините можеби го газат и не знам како е брз ама за пукање има да ги убие сигурен сум !!!
Пукањето е аналогно со спремноста, т.е психичката спрема и концентрацијата.
Бјорндален и лани и сезонава лошо пука, ако би пукал добро би бил на врвот, сепак е пукањето клучно.
Можно е евентуално ако се надмини себеси ако е 100 % расположен и идеални временски услови да биде во игра за еден медал, меѓутоа дека тоа ќе го повтори повеќе пати тешко.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Пукањето е аналогно со спремноста, т.е психичката спрема и концентрацијата.
Бјорндален и лани и сезонава лошо пука, ако би пукал добро би бил на врвот, сепак е пукањето клучно.
Можно е евентуално ако се надмини себеси ако е 100 % расположен и идеални временски услови да биде во игра за еден медал, меѓутоа дека тоа ќе го повтори повеќе пати тешко.
Да, во право си но сепак се сеќавам на него кога на големи натпреварувања мавал 20/20 така да ништо не се знае до самата трка :)
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
Да, во право си но сепак се сеќавам на него кога на големи натпреварувања мавал 20/20 така да ништо не се знае до самата трка :)
Да во своите најдобри времиња мавање 20/20 и сигурно си видел ако пратиш 5 со ред да ги мани во еден здив. Лани Бергер така ги маваше кај жените.

http://www.b92.net/sport/zimski/bijatlon.php?yyyy=2014&mm=01&dd=30&nav_id=806358
Инаку сезонава најдобра Русинка Старих паднала на допинг, а со ова драстично му се намалија шансите на домаќините за злато.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
Бијатлон ЗОИ 2014 со Зоран Видевски. Останува да видам на кој начин би ги работел преносите иако јас не очекувам нешто многу многу екстра.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.808
Поени од реакции
15.899
Бијатлон ЗОИ 2014 со Зоран Видевски. Останува да видам на кој начин би ги работел преносите иако јас не очекувам нешто многу многу екстра.
Не може да очекуваш нешто 'wow' од коментатор кој коментира бијатлон на секои 4 години. Во Ванкувер мислам дека доста солидно ги одработи преносите, ако се знае фактот дека како што напоменав погоре ретко т.е ич не коментира.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
Не може да очекуваш нешто 'wow' од коментатор кој коментира бијатлон на секои 4 години. Во Ванкувер мислам дека доста солидно ги одработи преносите, ако се знае фактот дека како што напоменав погоре ретко т.е ич не коментира.
Ја имам Das Erste плус и во HD, МТВ секој втор ден ќе ми биди втора постава. Германците со плуст поставени камери за себе, со анализи, со студија, со гости, одлично го работат преносот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom