- Член од
- 28 јануари 2007
- Мислења
- 9.850
- Поени од реакции
- 1.559
Широк сокак поскап од Виена
Астрономски се цените за купување или изнајмување дуќан на битолскиот Широк сокак. Недвижностите на улицата, која стана не само битолски, туку и македонски бренд на Балканот, достигнуваат цени од кои им се врати умот на повеќето македонски граѓани. Во најатрактивниот дел на корзото, од плоштадот Магнолија до Камениот мост, има дуќани за кои месечниот наем изнесува од 2.000 до 3.500 евра, а постојат и примери кога објекти од 400 квадрати се продале дури за еден милион евра. Кираџиите велат дека овие цени се како да се купува или изнајмува објект на парискиот булевар Шанзелизе и не соодветствуваат со куповната моќ во државата.
- Дефинитивно станува збор за европски цени, а може да се каже дека се надвор од македонскиот стандард. Речиси ќе можеме да се споредуваме со цените на Шанзелизе во Париз, а и триесет квадрати на агол во Виена можат да се најдат поевтино отколку триесет квадрати на Широк сокак. Дуќаните кои ги стопанисува „сизот“ се издаваат по 20-25 евра за квадратен метар. Но приватниците отидоа чекор напред, па цената веќе не ја утврдуваат по квадратура. Велат: „ова е дуќанот, ако ти одговара 1.500 или 2.000 евра“. Таа цена кога ќе се подели со квадратурата никогаш не е онаа преќутна цена од 20 до 25 евра од квадрат за изнајмување - вели Мичо Симоновски, сопственик на пицерија.
Засега нема унифицирана и приближна цена колку би чинела наемнината за квадратен метар на Широк сокак. Поскапи за изнајмување се дуќаните со голем излог и влез од главната улица. Ако се на втор кат, цената паѓа на пола. Во овој дел од градот претежно се отвораат кафулиња, бутици и пицерии. Тука е центарот на движењето во Битола, па да се најде празен дуќан е тешко. Поради големата побарувачка, сопствениците на дуќаните бараат кириите да им се платат однапред за шест месеци до година, оние што ги изнајмуваат да ги реновираат на свој трошок, а во случај да заминат, она што го вложиле останува во дуќанот. Низ градот се зборува дека за дуќан на битолското корзо однапред била платена кирија за четири години во износ од 150.000 евра.
Иако се работи за пазарна економија, дуќанџиите бараат помош од општината ако е можно да изнајде начин за воспоставување одредени правила за закуп на простор, барем цената да се утврдува по квадратен метар.
- Сега нема никакви правила. При најобично претставување на телефон кај газдата, ако кажеме некое непознато име вели кирија 500 евра, ако кажеме дека сме бизнисмени 700 евра, ако кажам, на пример, директор на банка - 1.000 евра - велат дуќанџиите.
Според нив, наемнината и таксите за сезонска опрема, музика, фирмарината се еднакви на четири-пет месеци добра работа на Широк сокак.
Сопствениците не сакаат јавно да зборуваат за цените на дуќаните. Но, некои од нив велат дека ова се фабрики за пари, па оние штоп ги изнајмуваат прават двојно повеќе промет отколку на друго место во градот.
Жанета Здравковска
Десетпати поевтини дуќаните во чаршијата
Од Агенциите за недвижности велат дека цените за продажба на објект на Широк сокак се речиси идентични со купување објект во центарот на Охрид.
- Една куќа може да се продаде за 400.000 до 500.000 евра, ако има приземје, кат и ако е во најатрактивниот дел на Широк сокак од Саатот до Камениот мост. Под мостот цената се движи од 150.000 до 180.000 евра. Но, тоа не е секогаш правило. Неодамна се продаде стар објект под Камениот мост за 300.000 евра, меѓутоа со излог на улица - вели Снежана Настевска од агенцијата „Стрелец“.
Широк сокак како да е посебна држава во Битола. Од агенциите посочуваат дека дури таму за дуќан од 100 квадрати има примери месечно да се плаќаат по 3.000 евра наем, на четиристотини метри погоре, во чаршијата, за истата квадратура цената е десет пати пониска, околу 300 до 500 евра.
Онака информативно , преземено од Дневник/