Битола

Член од
14 август 2010
Мислења
1.156
Поени од реакции
1.376
Од Молика поблиску е врвот отколку Големо езеро, на големо езеро се оди од друга страна на планината од Нижеполе преку дебел рид околу 4 сати со добра кондиција, а од Копанки (Молика) неам одено до езера, се оди ама цел ден ке ти треба дотаму и назад оти е на другата страна од планината а се оди преку палиснопје, цапарска пресека, ловачка куќа па после се дели пат за врвот или за Големо езеро, има и други патишта преку „болници„ па преку други 2 врва ама многу е напорно одтаму и пак преку врвот Пелистер те носи. Кога е маршот за Муратот во Мај, планинарите кој одат Големо езеро од другите градови преспиваат таму па другиот ден одат од големо езеро до врвот па се спуштаат до копанки.
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676

Можат да одат од паркингчето пред ниже поле па нагоре преку карпата. Јас бев пред 2 недели од таму, за 2 сати се качивме. Лагано искачвање отприлика околу 3 сати е од таму.

Инаку за другарчето шо сака да оди
FB_IMG_1501605431759.jpg
:icon_lol:
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.398
Поени од реакции
7.848
БИТОЛСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ГАСАТ ПОЖАРИ СО ГОЛИ РАЦЕ ОТИ ОПШТИНАТА НЕ ГИ ФЕРМА

Битолските пожарникари се пожалија дека работат во катастрофални услови, со застарена опрема за заштита, а велат и дека општината очигледно кренала раце од нив, на денешното одбележување на 181-годишнината од формирањето на Противпожарната единица во Битола, која е најстара на Балканот.
„Условите се катастрофални, најблаго речено. Хигиената е на нула, немаме ни чистачка, гаражата е целата ископана, заштитна опрема нова немаме, таа е застарена да речам со поминат рок, но ја користиме на терен. Тоа значи опасност. Нова заштитна опрема не сме добиле пет –шест години. Немаме униформи, летна опрема, чевли немаме, зимска опрема, треба општината да ги обезебеди. Техничката опрема треба да се атестира, а јас не се сеќавам од кога не е атестирана, а се качуваме на високи места“, се пожали Коле Митровски, претседател на синдикатот на пожарникари во Битола.

Пожарникарите уште се пожалија дека опрема за заштита и спасување на граѓани немаат добиено 15 години, а гуми за возилата добиле зимата по случајот кога едно од возилата за зализга и удри во куќа и ја демолира. Се жалат дека гражата каде ги чуваат возилата уште се загрева на печка на дрва, а просториите каде престојуваат пожарникарите се со дотраена дограма и мебел.
Општината треба да нѐ обезбеди со опрема. Општината очигледно има кренато раце или ѝ е скапо или не знам што е работата, соработка со нив немаме никаква“, рече Митровски.

Командирот на Територијалната противпожарна единица Костадин Поповски вели дека секоја години испраќаат барање до Советот и Комисијата за јавни набавки при Oпштина Битола, но на повидок нема купување на нова опрема.

„При интервенции на повеќекатниците, сѐ што е над четири ката е проблем, не само кај нас, туку секаде во Македонија. За да совладаме височина од шести до седми кат имаме само една механичка скала и уште една хидраулична скала- платформа, која за жал не е во функција. Некоја посовремена софистицирана опрема во тој дел немаме. И доколку дојде до таква ситуација, навистина ќе биде проблем“, вели Поповски.

Тој додаде дека во моментот имаат 37 пожарникари, што е половина од потребниот кадар за единица која штити територија од 1.470 квадратни метри. Стигнуваат да интервенираат на сите потребни места благодарение на нивното исуство, професионализам и пожртвуваност.

Од Службата за односи со јавност во Општината денес беа недостапни за да одговорот на обвинувањата.

Ж. ЗДРАВКОВСКА
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.398
Поени од реакции
7.848
...а вода? дали има вода? :icon_mrgr:
Битола 2007 лично учествував во гаснење на пожарот миси, тоа шо имаше командир на ТППЕ Битола поставено партиски војник кој од пп искуство имаше само Пожарникарот Сем глеано знајш до шо стигна?

Сакаш подетално?

Не е ова вест за заебанција. Да ти гори твој објект и коа ќе стигнат да речат неаме опрема или откажа, коси има да кубиш.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814

... мене ич не ми е смешно, јас имам пријател што работа долго време како пожарникар, и често се жали на несоодветно партиско вработување на членови како пожарникари без соодветно знаење и искуство и маката не е толку до опрема (иако опремата им е застарена според векот на примена за згради од пред 50 години до 4 ти кат и толку, ако има погоре катови можи само да се сликаш :D) и со пуштена сирена стига до пожаро и фрла тоа црево и врти тоа што се вели круго за вода и тогаш му теквит дека не ја наполнил цистерната со вода и да не биде страмотилоци, рекол дека е заглавен винтот и викнале друга пожарникарска кола :facepalm:
и вервај ми, ич не е страшно да ми гори објектот, ако сум самата фатена во оганот и нема излез каде да се ојт, а тоа чади угоре високо, удоле оган и со возило за бетон со кучиште прикачено да те симнаат, а тоа се ниша лево десно (како Кинг Конг филмот во кафез) секој момент мислиш дека ќе се откачи, а гас маска никој нема,
не се знае дали од пад, дали од оган или од чадот или од адреналинот што бучи во глаата ќе си заминеш во вечни ловишта :(
еееее тоа сигурно не си го доживеал ! :sramezliv:
 
Убо бе, пак да си ги гласаме тогаш.

Тоа со немањето опрема и сл е многу благо речено, да земат треба подетално да ги прошетаат медиумите и да им покажат што се има, во каква состојба е и што се треба да се има. Нема врска со партија муабетот.
 
... еее тука си грешка, партиите се влезени во секој сегмент во животот, апсолутно секаде па дури и во нашите домови кога ќе ги уклучиме тоа Тв и радио не отруја тој вака он онака, истите луѓе вртат во политика со години за пример де министер за здравство, де вицепремиер, де без ресор менува позиции мува не ги лази, а ние овци бели и црни т.н народ трпи ли трпи...
 
И сеа шу праиме?

Ако остајме вака, тешко дека ќе се подобри ситуацијата на ТППЕ Битола, не дека не се свесни или не им текнува, ама коа можеш станче да си купиш или количе со тие пари, а сите ќутиме...шо велиш, м?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
... проблем е голем, ако нема над 100 души да протестираат, не мрда пиле од свое гнездо, можи до утре јас и ти да зборваме или евентуално да гори нешто на некој што може тоа да го смени, е тогаш ќе купаат па „ ќе им текне“...станче и количе си имам со мој труд и никому не должам ама баш ништо и сум задоволна со толку, а тие што имаат и по десет стана и десет коли биди сигурен се несреќни во душа не им завидувај !
значи решение да собереш најмалку 100 души да не молчат и да викнеш некоја ТВ или да бидеш пироман и на некој виден таму „ да го потсетиш“ за потроши троа пари за пожарникарската служба, трето нема ! :toe:
 
Велиш Републиката во пламен? ;)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
Велиш Републиката во пламен? ;)
... не баш така, сите се плашат од ТВ и лош рејтинг, ама со име и презиме , а не општо кажување!
таа опција е најдобра за успех ! ;)
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.398
Поени од реакции
7.848
... не баш така, сите се плашат од ТВ и лош рејтинг, ама со име и презиме , а не општо кажување!
таа опција е најдобра за успех ! ;)
Значи утре од сабајле пред пожарна?

Ссс...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
И?
Каков е резонот, баш ме занима да чујам - зашто противпожарна во Битола нема опрема и средства?
Кој е одговорен?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom