Желбата на битолчани за aеродром прерасна во фраза за подбив
Битола нема аеродром. Оваа реченица повторувана безброј пати од новинари, политичари, општинари, па и пилоти, од сериозно размислување за развој на регионот прерасна во фраза за подбив. Mоже ли градот на конзулите навистина да има аеродром? Според елаборатот изготвен уште пред три децении од Сообраќајниот институт при Белградскиот универзитет за изградба на ваков објект, битолскиот аеродром требаше да биде лоциран во близина на селото Вашарејца, Битолско, или, пак, до Мало Коњари, Прилепско. Тој ќе служеше за цивилен сообраќај, а истовремено ќе се употребуваше и како алтернативен аеродром за дополнување гориво за оние авиони што патуваат кон Африка. Меѓутоа, како што отсекогаш биле поважни политичките од економските интереси, пелагониските политичари не се согласија и проектот за аеродром пропадна.
„Кога ќе се потсетам зошто немаме аеродром, ме фаќа бес. Навидум проблемот беше во тоа дали главниот терминал да биде во Прилеп или во Битола. Но, вистинската причина беше нешто друго. Политичарите премногу ветија, а не беа подготвени да го одврзат ќесето и да вложат. Аеродромот не е играчка. Тој чини многу пари и за тоа се потребни големи инвестиции“, раскажува битолскиот пилот Благоја Ристевски, еден од ретките кај нас кој има лиценца за обука на професионални пилоти.
Стручњаците, пак, оцениле дека пелагониската рамница е исклучително место со идеални услови за изградба на аеродром. Тука не постојат природни пречки. Рамницата е отворена, ружата на ветрови поволна, исто како и бројот на сончеви денови. За аеродромот Пелагонија беше предвидена асфалтна писта од 2.100 метри, која е стандардна за авиони од типот „ДЦ-9“ и „туполев 134“. Од друга страна, пак, аеродромот ќе беше целисходен и токму поради фактот што Битола и Битолско е најпечалбарскиот крај во Македонија. Дури една третина од иселениците се од овој регион. Така што нашите гастарбајтери наместо скопскиот или охридскиот, ќе го користеа битолскиот аеродром, а тоа наедно ќе подразбираше и најмалку 20.000 патници во сезона.
Политичарите уште повеќе ја подгреаја желбата наречена аеродром кај битолчани во 2002 година кога во селото Логоварди, каде што е лоциран спортскиот аеродром, изградија центар за обука на воздухопловни кадри и организирање пилотска школа во Битола. Но, повторно ништо од проектот. „Битола понуди најдобри услови школата за пилоти да биде стационирана тука. Ги имавме објектите. Управата за цивилна воздухопловна пловидба го зеде просторот под закуп, изврши реконструкции така што добивме хангари, контролна кула, спални, училници за обука на близу 40 пилоти. Владата на Георгиевски во заминување потроши 1.800.000 евра за оваа намена, купи три авиони од типот „злин“, но с` пропадна за брзо време. Власта се смени, а актуелната ја прекина целата работа. Авионите отпатуваа за Скопје. Но, така е тоа кога во воздухопловството раководат политички кадри, а не луѓе од фелата“, вели Васко Михалчев, наставник по летање и управник на аероклубот „Мирко Тодоровски“.
Експертите велат дека аеродромот и школата за пилоти во овој град им се потребни на државата. Особено центарот за обука на пилоти, бидејќи во Македонија нема таква институција каде што младите кадри можат да се образуваат, а школувањето во странство чини премногу за еден просечен Македонец. „Иако школата за пилоти беше политички маркетинг на генералот Миле Манолев, идејата беше преубава. И покрај с`, ќе вложевме во сопствената држава, бидејќи со школувањето на еден професионален пилот во странство се одлеваа 40.000 евра, а моментно десетмина Македонци учат за пилоти. Предвидено беше државата да ја финансира школата првите две-три години, а потоа самата да се снаоѓа. И така ќе беше добро“, вели пилотот Ристевски.
Несудениот центар за обука на пилоти располага со писта кај селото Логоварди долга 1.200 метри, со ширина од 100 метри и со затревена површина. Проектот предвидува асфалтирање на 600-метарска писта. Во хангарите сега има два авиона од типот „утва 75“ и „утва 66“ и четири едрилици. Битола и во моментов уште еднаш е пред неповторливата шанса да добие аеродром и, конечно, да профункционира школата за пилоти. Партијата на власт во градот ја искористи оваа идеја како маркетинг за локалните избори, а сега спроти парламентите го тврди истото тоа дека битолчаните треба да го добијат ветеното. „Аеродромот не беше наша цел, но сметаме дека не е тешко да се реализира школата за пилоти. Постои желба и реални услови, бидејќи во Логоварди имаме с` што ни е потребно. Единствено што ни недостасува е Владата да ни ги врати трите авиони од типот ’злин’ што ги зеде на користење“, вели Зоран Коњановски, претседател на Советот на Општина Битола.
И покрај сите ветувања и фрустрации на битолчани, очигледно е дека железото се кова додека е жешко. Времето го направи своето, па битолчани можат само да сонуваат за аеродром.