Битлси

Unknown Artist

I reject your reality and substitute my own.
Член од
16 ноември 2007
Мислења
322
Поени од реакции
15
Џон, Пол, Џорџ и Ринго.
Најдобриот бенд, нема што друго да се додаде.

нешто од почетоците:

последниот концерт, на покривот:
 
Член од
21 февруари 2008
Мислења
225
Поени од реакции
8
si beshe eden top bend i dojde edna Joko OOOno i usra sve :D

let it be, yesterday, ... legendi se nema sho
 
Член од
14 јуни 2007
Мислења
105
Поени од реакции
6
Првото CD што го имам купено беше баш од нив.
И првото CD во мојата музичка колекција беше ЦД на Биталси. Не се можеби музичко совршенство но дефинитивно се бенд за почит, бенд кој го направи она што никој пред нив го немасе направено
 
Член од
7 април 2008
Мислења
40
Поени од реакции
1
И првото CD во мојата музичка колекција беше ЦД на Биталси. Не се можеби музичко совршенство но дефинитивно се бенд за почит, бенд кој го направи она што никој пред нив го немасе направено
Да не ги забирави the Rolling Stones пријателе ?
 
Член од
29 септември 2007
Мислења
151
Поени од реакции
3
Pesnite im se em da te raspolozot, ama ako go slusnes tekstot epten se dalboki. Sekakvi ima :Norwegian wood ima mn prosta prikazna a pesnata e preksrasna. A da ne zborime za Let it be ili Yesterday moze cel esej da se napise za toa. Najslatka pesna mi e "When I`m 64" i "Get back"
 

Unknown Artist

I reject your reality and substitute my own.
Член од
16 ноември 2007
Мислења
322
Поени од реакции
15
Да не ги забирави the Rolling Stones пријателе ?
Иако не ми е упатено мене ова, ке се вмешам со мое гледање на работите.

Стоунси не се за заборавање, топ бенд се... ама неможат да се носат со Битлс.
Токму поради ова, успеаа да опстојат толку време.

Битлс беа "добрите момчиња", на кои секоја песна им беше хит...
...и не им беше допуштена грешка, пошто беа премногу идеализирани од луѓето.
Тоа е огромен притисок, кој ниедна група не го издржала толку долго и успешно.
...и затоа ги ценам и ги сакам.

Стоунси од друга страна, секогаш биле број 2...
..."лошите момци", кои немора секогаш да бидат на врв на топ листа коа ке издадат песна.
Но правеле доволно добри песни за да ги сакаш и слушаш.
Едноставно не се соочувале со големи очекувања од јавноста...
...а биле и се, одлична група. Мик и Кит, едни од најголеми шоумени во рок-историја.
 
Член од
14 јуни 2007
Мислења
105
Поени од реакции
6
Да не ги забирави the Rolling Stones пријателе ?
Rolling Stones не ги заборавам - они беа лошите а Биталси добрите момци :). Али сепак Биталси започнаа малку пред Rolling Stones па заради тоа вика дека беа раволуција
 
Член од
13 април 2008
Мислења
429
Поени од реакции
7
Nemozam da kazam deka nemaat dobri pesni ili deka ne bea legendi no ne mi se nesto posebno
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
beatles so najdobriot bend na site vreminja i tuka nema rasprava.........

toa sto tie go imaat postignato i napraveno vekje nikoj nema da go napravi ....
 

Devil-King

Пациентот од Бардовци
Член од
3 февруари 2007
Мислења
1.009
Поени од реакции
67
Music Conspiration Од каде да почнам....ќе почнам од идејата за Атлантида.
Сер Френсис Бекон пишува за Нова Атлантида, која идеја во тоа време Кралицата Елизабета Прва (а башка оваа денешната) многу ја погодува. Алистер Кроули исто така ја разработува идејата.
Се работи за врховна раса и социјално уредување, за култура која е толку возвишена што балансира со откритието на креацијата и селфдеструкцијата.
Некои милуваат да кажат дека У.С.А. го претставува тоа денес, но јас сепак нема да кажам така. Демек, врховен совет, Собор на научници и тако дајље...демек се транспарентни со Атлантидата...
Бекон исто така пишува дека тајните, тајните на масонскиот свет, ќе бидат познати само на езотеричен круг познавачи и одбрани = научни кругови (во секоја смисла на зборот), а истите тајни имаат најголемо влијание врз толпата.
Што е Макијавелизмот? Трикови и тајни техники како да се манипулираат и потчинат масите, без некој да биде свесен за суконтролата.
Сите масонски редови (дури и спротиставените, ислам, римокатолици, протестанти, ориентални правци...) имаат заеднички контролор, Највисока ложа, Врв, која некои ја именуваат како Енглеска?!?!?!?
Геја, големата мајка божица=О.Н.
Метод на салвација, по запишаната формула хомо деуст ест. Практична и што е најбитно-научно исправна. Секоја индивидуа е единствен битен фактор кој влијае на дивинацијата.
Мистерии, религиозни тајни, Тие (слободното ѕидарство) ги пропагираат посилно и поефективно догмите од било кој друг, бидејќи Тие се сокриени зад името Западна цивилизација.
Користејќи ги методите на Херберт Спенсер од психологијата нивни алатки се Телевизијата, аудиомедиите, целокупната арт индустрија....
Супериорна раса? Уште пред Хитлер да ја ќари како добра политичка пропаганда беше многу добро изработена теоретски. Расна хигиена, интелектуална исто така.
Разгледувајќи случаи на регрутирање во организации (а знаете дека масонеријата е тајна, демек) па ваквите се на разни основи масонски.... и разгледувајќи ги исто така и барањата кои се агресивно ставени како листа таскови на будучи адепат...доаѓам до закључак први: еден позитивен ефект на сметка на 3 негативни. Закључак втори: сепак има позитивни ефекти. Закључак реден број три: црно-класичен абјус над интегритет на една интелектуална индивидуа или бело-стандарди кои доликуваат на “хомо ипссисимус“.
Германија-Наци експериментот! На задното седиште Светата книга, а зад воланот Осквернавениот Човек!
С.С.С.Р. експеримент.
У.С.А. експеримент.
Во основата на комерцијалниот печат го сретнуваме Алистер Кроули. Оној кој жртвувал деца.
Мислите дека е уште една неразбрана будала, која никој не ја зел здраво за готово, или несомнено највлијателниот guru на рок епохата?
ОК, значи доаѓаме до овдека според дефиницијата, масонерија, гуру, влијание врз уметност(конкретно музика).
Одовде па понатака нема да зборувам за тоа кој го уби Кенеди, а кој Освалд. Ниту пак за некоја мега конспирација од политичка сила.
Ќе зборувам за бејби бум генерацијата, дрогите, хипито, уметноста која излезе од тоа, и на крај, интересната темна страна на музиката поткована на проповедите на големиот Мајстор Ѕвер.
Она што треба за почеток (а и не треба) да се знае ќе го презентирам со зборови кои мислам ќе бидат едноставни и за оној кој прв пат се сретнува со имињава, а секако ќе бидат скокотливи конспиративни информации за понапорните музички адикти. Најсрдечно уште овде ве замолувам да не заземате цврсти ставови во поглед на било што, бидејќи се работи за таблоидни ствари кои треба(се надевам) само да ја срушат тезата на Вуду дека музиката е “само“ за слушање и за ништо друго, а да го поткрепат мојот метод на селебрација на модерните поп богови.
Ако ништо друго бар да го хвалоспеват највлијателниот албум во историјата на музиката воопшто.
Сигурно сте запознати дека во 1971 Џими Пејџ ја откупува Болескин. Болескин е вила на брегот на Лох Нес, на двд изданието на Цепелин, Медисон Сквер Гарден, кога одат интро клиповите, само пред да започне концертната Рок ен рол, Пејџ седи на лединка, до езеро во кое пливаат црни лебеди, и свири на хурду гурдну (оној чуден инструмент со она за вртење рачката...), и очите му поцрвенуваат во пламен..."Eyes that shining burnin' red, dreams of you all through my head..." Онаа позади него куќа што се гледа е Болескин. Болескин го има за сопственик и дотичниот Алистер Кроули, за детални информации од која до која година не знам, но интересното е дека Алистер изведува Енохијански призиви во годините пред 1903, значи ја откупува оваа вила за да може девет месеци да се посвети на овие активности. Но е прекинат од Алан Бенет чија здравствена (и економска) состојба е влошена, и оди за Париз. Бенет е гуру на Алис, значи. Муабетот е дека То Мега Теерион не изведува ритуали на дисбанишмент, а Енохијанската магија како една од најризичните, заради необавувањето на ритуал на абанишмент или протерување на духовните ентитети, од Болескин направува куќа на духови.
Понатамошните сопственици на куќата слободно можат да издадат серија се што чудно и зачинето со крипи мистерија се издешавало низ Болескин, и као 90 и некоја поради тоа Пејџ ќе ја продаде Болескин на нов “несреќен“ сопственик.
Но затоа пак нема да се откаже од книжарата во Лондон која е 2ра во свет покрај онаа на О.Т.О. по оригиналните изданија на Алис.
Покрај сета Цепелин Фама, Плант си дозволи како комерцијален трик да го користи аутохендврајтингот, одлична основа да се мечтае дека Скалилата до небото се лост поезија, или во најмала рака претранскрипција на May Queen од Алистер (мајка му го викала Алик, а тој не можел убаво да го кажува Р).
Понатаму, на Dazed and Confuzed мафтањето со гудалото најмалку е сценска изведба, а наблиску е до Магички ритуал. Оставам да пронајдете кој.
Но сепак, ако мислевте дека ќе зборувам за антитлет или 4те руни на Цепелин албумот, погрешивте. Секогаш муабетите од овој тип ги поврзувам со Цепелин, кои се моја фетиш група, но никогаш немам спомнато дека единствена повеќе за муабетење ствар се Битлси. НЕ?!?! Има ли некој што мисли дека Фините момчиња од Ливерпул немаат никаква врска со Алик?!?!?
Тогаш ете го најголемото изненадување.Неодамна беа прославени 40 години од Sgt. Pepper lonely hearts club band. Овој албум, кој понатака во текстот ќе го кажувам кратко Наредникот, претставува нешто најголемо, не по продажба или славност, ами по конспирација и по револутивноста која ја носи со себе.
Летото 68 сите го познаваат како лето на љубовта. Но запрашан Дејвид Гилмур, а што беше пред тоа лето на љубовта, тој кратко одговара дека 67мата дојде Љубовта.
Теодор Рајзен, музички уредник вели дека 67ма е година на почетокот на Западната Цивилизација од аспект на применета уметност. Овде негде мислам дека е вредно да спомнам за не толку светлата (или пак кој повеќе милува мрачната) копија на Наредникот-Ролинг Стоунс, албумот, Реквестот на нејзиното Сатанско Величество.
Уште нешто интересно во оваа година, Смртта на Пол.
Теодор Вајзенгод вели дека секој заработен пени на Битлси се должи на Наредникот. 1ви јуни 1967, Британската инвазија го пушта својот гласник. И секако уште еднаш повторувам Смртта на Пол. Симбол или навистина замрчкани ствари...За тоа понатака.
Резурекција на мртов бенд би требало да претставува и во обата случаи.
1965та на 6ти август излегува Хелп, 13 август во Америка....Филмот. Група младиќи, индиски култ којтреба да жртвува девојка на Кали, божица на уништувањето.
Недостасува прстен за ритуалот. Ringo го има прстенот на себе. Поклонет му е од врховната свештеничка, сестра на девојката која треба да биде жртвувана. Пробуваат да го украдат од Ринго, цел култ иде у Лондон, но прстенот е заглавен на прстот на Ринго. Ондак жртва ќе иде Ринго.
Научници, пробуваат да го симнат прстенот. Не може. И ондак научникот постанува мад сајентист...Сфаќаат дека прстенот има моќ и всушност ппретставува талисман. Одат за Швајцарија...Избегнуваат замка, со помош на хај прајцесата. Се бркаат низ Бакимгамската палата. Па на Бахамите. Ги брка и Скотланд Јард. Ринго замалку ќе се удави бидејќи не знае да плива. Но на рајот, прстенот сам паѓа и завршува на раката на првосвештеникот, што значи дека тој треба да биде жртвуван.
Филмов по жанр е...замислете, комедија.
Дечките што до пред скоро пееја All my lovin, I want to hold your hand, She loves you...снимаат филм за човечки жртвувања?!?!?!?
Самиот албум пак, Хелп има омот кадешто четворката презентираат знаци кои се користат во воздухопловството, поморството и сообраќајот. Но не бидете изненадени ако четирите пози кои ги претставуваат не се H.E.L.P.Mhm...туку нешто веома слично на шифрата на 3тиот албум на Цепелинци....
Филмот излегува значи на 29ти јули 1965, трае 92 минути. Некои сметаат дека овие броеви се поврзани со 666, но овој муабет е премногу проѕирен и нема да го започнам.
За една година, 65та Битлси издаваат 3 албуми. Yesterday and Today, 66та, со фамозниот Butcher Cower. Знаете за што омот станува збор? Секако дека не знаете, бидејќи е повлечен од продажба за една недела. Облечени во бели касапски мантили, накрвавени до уши, распарчано месо и искасапени бејбидолс по подот. Оригинален омот, уште еднаш повторувам, за дечки од Ливерпул кои до пред скоро пееја....Она те сака, је је јееее...
А замената на омотот....Не знам ама она како Пол се наоѓа во камион мене многу појќе ми личи како тој да е во ковчег.
28ми август, Револверот...магични кругови, Абракадабра, Битлси на сафари....Овие три албуми упорно за една година го подготвуваат теренот за дотичниот Наредник. Ленон имал отсекогаш смисла за хумор...секако врвот е со оваа реченица:"Who wrote this song Dr. Robert?"-Lenon или I Do No?
Доктор Роберт Фрајнман, тогаш 60 годишен пријател кој во тие години ги опслужувал ѕвездите со ѕвездена прашина, било кога, било каде....

Doctor Robert
------------------
(Lennon/McCartney)


Ring my friend, I said you call Doctor Robert
Day or night he'll be there any time at all, Doctor Robert
Doctor Robert, you're a new and better man,
He helps you to understand
He does everything he can, Doctor Robert

If you're down he'll pick you up, Doctor Robert
Take a drink from his special cup, Doctor Robert
Doctor Robert, he's a man you must believe,
Helping everyone in need
No one can succeed like Doctor Robert

Well, well, well, you're feeling fine
Well, well, well, he'll make you ... Doctor Robert

My friend works for the national health, Doctor Robert
Don't pay money just to see yourself with Doctor Robert
Doctor Robert, you're a new and better man,
He helps you to understand
He does everything he can, Doctor Robert

Well, well, well, you're feeling fine
Well, well, well, he'll make you ... Doctor Robert

Значи дрогите, сатанизам...ова е зародиш на врвот кој ќе го имаат во хипи ерата.
Колекција олдис, нешо као бест оф на Битлси, излегува 10 септември 66та, има колекција 62-66, 8 хита и осум други песни. Според одредени извори, ова е ритуал за сонцето, или стручно инвокација на Наредникот.
1 јуни, 1967....Омот...Ринго изјавува, октомври 76 на Хит Парада магазинот, стр 17 за подетални информации, значи луѓето кои ги сметале за свои херои и чии слики држеле на ѕид, ги ставиле и на омот. Ок, најдете список кој се таму има, колку вкупно човечки фигури се....и на крај само некако да ми кажете од кај на кај во таа комбинација Алик?!?!? Уште еднаш повторувам, трансформација од бенд со цел да онесвестува женска публика, за една година до...ОВА! Можат ли 4 обични Ливерпулски дечиња за само една година да се навлечат на мистицизам и на дроги?!?! Најверојатно, може!
Патот во Индија, Харисон ја внесува ситарата во снимките, Махариши јоги...Оние дезени на алишта...брадите...Спиритуалниот поход, така е наречен...Макар што на документарците доста се извадија со онаа демек Пол имал дијареја, па со Линда напуштиле гуру храмот, Ленон имал нека ствар му изкрснала, а Ринго не бил као у филм....Па што знам?!?!?
Факт е дека улогата на Наредникот бега и од претходниот метод, албум па турнеја и настапи и презентации во живо. Овој бенд реши да се повлече, и како што Елвис го праќаше
златниот кадилак наместо себе на турнеи, Бубачките пратија “специјално“ изненадување до аудиториумот. И тоа мислам...“СПЕЦИЈАЛНО“...
 

Devil-King

Пациентот од Бардовци
Член од
3 февруари 2007
Мислења
1.009
Поени од реакции
67
Сега накратко ќе спомнам дека излегува муабет дека Битлси повеќе не снимаат сами, него во студиото се довлечени секаков тип музичари и текстописци, од “масонските“ редови...Клептон, Пејџ, Хендрикс од гитари, но нивното име не е спомнато на омотите...Ај ова ќе го кажам попсле, што мисли школованата страна у поглед разлика Наредникот и натаму у однос претходните албуми. Секој слушател на Битлси може да го забележи извонредниот продукциски квалитет на Наредникот и следбениците, многу поразличен од другите, методот на градење на целина албум, поврзаност на песните, за текстовите да не говорам...
Е сега, на 12 октомври 1969, на радио Мичиген се јавува некојси Зак кој подоцна излегува дека е Том Зарцки...и бара да се пушти Револуцијата бр.9 од Белиот албум. Самиот бел албум е доста тежок за слушање, а пак песнава која чука некои 8 минути и 19 секунди(?!?!) и е некоја турлитава од секакви звучни клипови, и тоа Зарцки да т бара да биде пуштена баквард песнава, патем за да сподели тагата за смртта на Пол со фановите. Немам информации дали повеќе биле запрепастени од веста дека Пол е мртов, или кога слушнале на навидун невиното...nummber 9, number 9....реверс се слуша Turn me on, deadman! Ете тоа е денот кога со најдобриот можен пример е покажано дека Бубачките мирисаат на нешто чудно кое не е риба. Кога преѓеска реков резурекција на мртов бенд...мртов бенд, мртов....дефинитивно се умртвува детинственоста на Ливерпулската четворка, а кој има нај бејби фејс од нив? Секако Поооол...
2004та Ендрју Рив издаде книга која е насловена Трн ми он дедмен.Кога сме веќе овдека, еве го заглавјето:

PAUL'S DEATH

9 ноември, 1966, среда, 5 сабајле, се снима Наредникот. Пол излегува од студиото, на една улица се наоѓа Рита, овој се загледува во неа и не ги видува светлата (на семафорот како се сменуваат)-"He didn't notice the lights had changed on", удира во столб, каркраш и дента е прогласен за мртов. Но.....
"That day pappers didn't come"-Lady Maddona, осле неколку дена погреб, Abbey road-Blue Yer Way(walking)-the cower...место на несреќата. Патем некој ја забележа ли хинду наметката на омотот, или мене ми се причинува? Возило-Мини Купер 6.
Ова се деталите, мада колку невистинито изгледаат, имаат неверојатна покриеност во текстовите афтр и со Наредникот.
Официјално, Полј ануари 67ма има сообраќајна незгода, а во 65 се тумба од мопед. Papperback writer, во текстот и на клипот за песната има податоци...Некои велат дека лузната која ќе остане на левата усна на Пол е причина тој да почне со гроуинг мустајќи.

Да се вратам на албумот...
"It was 20 years before today,
when sgt. Pepper tell the band to play..."
Која коинциденција што Алис умре 47ма?!?!?
Песната пред крајот оди со текстот:
“So let me introduce to you
The one and only Billy Shears
And Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band.
бииииилииии шиииииииррррс!“
Вилијам Били Шиарс или Шепард, пријателче на Ленон од пред и раните Битлс години. Свирел бас(само не знам на кои албуми, ха ха ха)...
Омотот на Наредникот, според познавачи на шифровањето треба да претставува погреб, бидејќи онаму кадешто се цвеќињата се наоѓа свеж гроб., има кукличка со скршена глава, го претставува Пол и неговата повреда...
Има и една кукличка во десна страна со блузичка на пруги која мене гласно ми кажува Goodbye Paul, welcome Roling stones. Според информации по наредба на високите масонски старешини, на кои отвореноста на Стоунси во Реквестот им се бендисал појќе од Наредникот.Истата кукличка на коленото има ауто играчка а во раката држи што?!?! На омотот има и искључен ТВ, демек за тагата од смртта.Онаму каде во цвеќето е напишано Битлси, под Л има фигура која личи на бас гитара, и тоа на истиот цветен аранжман ЌбасотЌ има 3 жици, каде е она едната?!?!? Има мала фигура на Кали, уништувачката од Хелп...Онаа сама скулптура долу е Едгар Алан По.Земете огледало и поставете го хоризонтално по средина на BEATLES цветниот аранжман, ќе прочитате BE NICE 3. Над бубањ насловот кај што се облечени во ориентални алишта, Сите имаат метални инструменти, кои одат во оркестарот за погреби, Пол држи црн кларинет, лево пак пред четворката е поставена на земја туба, замена на басот кај дувачките инструменти. На овој состав со ориенталните алишта, Пол е во сино, бојата на жалот, и со рака на гради, уште еден симбол на смртта. Додека тројцата се под агол, Мек Картни како исечен од картон е стрејт напред. (бидејќи ова го пишувам по сеќавање и немам убава резолуција омот пред себе ве замолувам ист таков да си најдете низ нетов, и да ги проверите детаљиве, и ако имам грешки негде, се извинувам).
Понатаму, после цветниот аранжман Битлс има еден круг кој заедно може да се прочита и како BE AT LESO, а Лесо е грчки остров кој групата го откупува, демек некои муабети, гробот на Пол е на Лесо.
Една од најинтересните работи е ако на оној бубањ кај што е напишано Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band , ако го ставите огледалото како претходно над хоризонталната лента со Lonely Hearts, добивате no1 one I X HE^DIED. Ова треба да биде како број еден(no1) еден (one) еден (римско I) па икс (Х) и тој стрелка нагоре умре. Стрелката нагоре, секако покажува кон Пол.
Но исто така може да се преведе и со 1 1 9 (IX) HE DIED, односно 11.9 он умре, или по америчко запишување дати, 9.11. тој умре....ха хам.
Понатака, орнаменталните алишта, секој од 4етворката покажува по еден знак од глувонемото писмо. Зборот е LOVE, но се прашувам зошто баш Пол го има земено О кое е всушност нулата?!?!? О е и симбол на сонцето, со точка внатре, потекнува од древното запишување на бројот 6. Само Пол нема О во името, Paul McCartney, значи нема сонце во себе, нема кармичка поткрепа, па оди жртва.
На внатрешната страна на омотот, кој не вервам да го најдете, но сепак ќе спомнам што е најинтересно, Харисон на пр. покажува таму кон линијата на текстот “Wednesday morning at five o'clock as the day begings“ од She's Leaving Home .
Сега сакам да напоменам дека внатрешната страна со текстовите дава уште неколку вакви бомбастични заклучоци, како дека Луси е песна за Алистер, Whitin you whitout you, Лавли Рита, всушност поснавајќи ја конспиративната теорија за “Смртта на Пол“ единствено текстовите добиваат на значење, поинаку ми се навистина неразбирливи.
Има и уште еден интересен сегмент во инлејот, Пол, на манжетната има знакче OPD-oficially prounaunced dead, демек, но всушност станува збор за Онтаријски Полис Департмен, или канадски цаец.
Според едни, по смртта на Пол групата прави аудиција мост лајк Пол на кој избор победува некој канадски полицаец како леан на лика од Пол.
Е сега според прегашното кажување, кога свртената револуција 9 од белиот албум излезе дека звучи као Turn me on, се сетив дека на Day in the life песната од Наредникот го има истиот текст, и тоа Ленон го повикува Пол да го започне кршењето на средето песна....Додека пак самава песна зборува за сообраќајна несреќа, во која на 9.11.1967 загинува Тера Браун, млад лорд од фамилијата на Гинис, познат по тоа што имал доста активен живот во кој контактирал со англиската рок сцена, и по тоа што при официјалната мопед несреќа на Пол, бил вмешал. Овие двајца Пол и Тера Браун, 65та година, се тркале, овој со кола а Пол на мопед, по што Пол ја добива дотичната лузна. Може ли да има некаков свич Тера Пол во 67?!??!? Ако Тера е лорд, многу е еднакво на Тера е масон....ставам знак питање фонт 48.

Официјално, револуцијата бр 9 е прва песна осудена за беквард маскинг. Во 80сти се формира друштво на родители и свештеници кои ќе ја чешлаат цела рок музика во потрага по скриени (сатанистички) пораки, и после судењата со Запа, со мен оф Твистед Систерс за цензурата демек.
Самава песна има толку многу клипови внатре што би ми требало 10 поста за да изредам се што е, од кај е и што претставува.
Официјален мој став е дека дотичното друштво на “загрижени“ родители и свештеници трудејќи се да го зацрнат...го направија токму спротивното, ја прифатија теоријата на Рон Хабард за беквард маскинг ефективност. Сполај му на бога, да не беа тие, денес ниту ваков пост немаше да напишам...
Како и да е, од поинтересните хинтови у вези беквард кај битлси ги издвојувам:
- Lucy in the Sky with Diamonds е ноторикон на LSD и претставува насоки за погребот дадени од Алистер Кроули;
- На крајот на Within You Without You многу тивко се слуша плачење;
- Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band, свртете го рефренот, се слуша it was a fake mustaches...на почетокот кога почнува репризата како 12та песна, оди броење one, two, three(го кажува Пол, па вреснува Џон dead!), four!
- Полицаецот од Онтарио се вика William Campbell, што значи дека Били Шерман можеби си го зел делот кога бил спомнат во Бангало Бил, додека замената Шеардс е за полицаецов...патем после Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band почнува With A Little Help From My Friends, која треба да е прва песна во историјата на Битлси што ќе ја отпее Ринго (или пак некој друг?!?!?)....
Ги приложувам текстовите од албумот како зип подолу. Омот потрудете се да најдете сами. Доколку го немате овој албум од Битлси, страмота е. Ако не сте чуле ништо више од бест оф Битлси е веќе резил, а ако Вуду каже дека музиката е само за слушање, радо ќе му ги откинам ушите за да му покажам дека можат да се носат и како ѓердан исто така.
Закључак:
9.nov.1967
R.I.P. inocence of Beatles
П.С. Песната I want you (She's so heavy) од Абеј роад според школувани музичари нема на Пол ама цк(овој звук се добива ако со нокот од десна рака палец повлечете на горен десен кец зуб).
 
Член од
1 мај 2008
Мислења
64
Поени од реакции
0
gi slusham, sega ne tolku kolku porano ama imaat dobri pesni i gi pochituvam kako grupa.
 

Famous Last W

I LoV3 YoU..
Член од
24 август 2007
Мислења
1.515
Поени од реакции
5
Добра група и песна најмногу што ми се допаѓа е Yesterday или од John Lenen Let it be..
 
Член од
15 март 2008
Мислења
546
Поени од реакции
63
Сега накратко ќе спомнам дека излегува муабет дека Битлси повеќе не снимаат сами, него во студиото се довлечени секаков тип музичари и текстописци, од “масонските“ редови...Клептон, Пејџ, Хендрикс од гитари, но нивното име не е спомнато на омотите...Секој слушател на Битлси може да го забележи извонредниот продукциски квалитет на Наредникот и следбениците, многу поразличен од другите, методот на градење на целина албум, поврзаност на песните, за текстовите да не говорам...
znam deka Clapton svirel za Beatles na While my guitar gently wheeps,
a na koi pesni svirele Jimi i Jimmy???
interesni postovi , so e povrzano so "smrtta" na Paul ,znam deka vo eden strip na Batman - veli eden od niv e mrtov , no koj ,a Robin ja gleda zadnata strana na albumot koja izgleda kako zadnata strana na Sgt.Pepper i veli eve go dokazot.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom