Aнглиски професорката беше стварно crazy, одиме на усно и некои што не се појавиле воопшто на предавање и го утнале името и презимето во индекс. И вика “Колеги бе па, ни на овој ни на оној свет не сум се викала Снежана!“
Јас и викам после тоа, “Професорке пријавите да ги оставиме кај вас или на студентски да ги однесеме? и таа “Колега ти од овој факултет си?!“
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
И бидејќи таа сака тип-топ средени студенти и студентки на полагање, еден дошол неизбричен и му вика:
- Зошто ти не си се избричил?
- Немав време, професорке!
- Ај не лажи!
- Стварно професорке немав време, УЧЕВ!
- Абе ај доста со тие излитени оправдувања, што не си земав еден брич за таквите како тебе!
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Полагаме исто кај неа, втор колоквиум и пред нас веќе полагаше една група и ние сите така расчитани пред амфитеатар и сите со фотокопирани книги
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
И ни доаѓа оттаму и не сум сигурен дали забележа дека се копирани ама изгледа да, и коментар “Ај не читајте, нема истите прашања да ви ги дадам!“
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Уште неколку цепки од неа:
~ Колеги побрзајте долу во книжара, ограничен е бројот на речници, сум ги зачувала само за вас!
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
~ (една колешка доаѓа со марама на главата на полагање) Оооо колешке, некоја нова испитна мода! Од сега и јас на испити ќе доаѓам вака исто ко тебе!
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)