Од гла'ата си патиме
А од кога тоа мора да се биде како мнозинството? Од кога тоа мнозинството = природата? Можеби е исто така природно да си геј/лезбејка како и да си хетеро, природата (читај добро, ПРИРОДАТА. Нешто што е природно, дадено само од себе или од Бога, ама не од овој што го „познаваат“ официјалните религии) секогаш прави отстапки во одреден процент. Од кога тоа мнозинството = природата? Само поради размножувањето? А што со оние што не можат или не сакаат да имаат деца? И тие се ненормални? Што со оние девојки што сакаат анален секс со машко? Ете пенисот не е во вагина, значи не е „природно“. И тие се ненормални? А машките што сакаат да имаат две-три девојки и обратно? И тие ги рушат општествените норми (не можам да разберам како некој збори за природните закони па одеднаш ги поистоветува со општествените норми, како и нив исто да ги создала природата, а не луѓето)? Кога ќе собереш вака, испаѓа дека вие „нормалните“ сте многу помалку од нас „ненормалните“. Со самото тоа ние преминуваме во мнозинство, ние сега сме нормални и ние ги диктираме општествените норми. Ако се тие еднакви на природните, тогаш станува природно да си се само не хетеро.
Не знам зошто некој би сакал да се шета по улица и јавно на сите да им кажува дека е дел од ЛГБТ заедницата освен ако не му се прекршени некои основни права. Зарем хетеросексуалците се шетаат по улица и мавтаат со половите органи? Додуша, ако малку погледнам има еден дел и што го прават тоа
Значи правата да се живее со партнер од ист пол, а без притоа да биде исмеван од соседите, пријателите, семејството. Право да се живее без страв дека ќе се биде избркан од работа, од дома, од училиште само затоа што се покажува љубов (длабоки емоции, а не само секс) кон партнер од ист пол. Право на слободно движење по улица без страв дека ќе се биде малтретиран, тепан, злоставуван (и психички и физички). Право да се основа заедница и да се уживаат правата што ги имаат хетеросексуалците како наследство, пружање здравствена помош, посета на болни, посета во затвор, заедничко патување за онаму каде што е потребна виза, право на издржување, попусти за семејства и/или брачни партнери, право на државјанство итн...
Хомо/би сексуалноста не е болест. За да биде третирана како таква треба да се најде или лек за неа или барем причинителот. Точно е дека во последниве 20+ години психологијата/психијатријата крена раце од неа бидејќи воопшто не знае што ја предизвикува. Како некакви најсилни фактори се сметаат гените (ова не е докажано), околината и хормоните. Во последно време и хормоните се исфрлаат од игра, затоа што да беше така хормонските терапии сигурно ќе помогнеа. Се случи токму спротивното, создадоа само нуспојави. Да не тупам многу, одев кај двајца шринкови во Скопје со намера да се адаптирам себеси на сето ова што ме опкружува и очекува, и тие истото го велат ХОМОСЕКСУАЛНОСТА НЕ Е БОЛЕСТ, УЖИВАЈ СИ ВО ЖИВОТОТ. Штом значи и кај нас се исфрлија некои комуњарски глупости од книгите, работите лека полека ќе си дојдат на своето. Само и тие (шринковите) ме предупредија да не бидам премногу ла либерте, оти надвор постои тортура над се што не се совпаѓа во равенката ЕДНАКВО = ИСТО. Или што би рекла една моја пријателка ТИЕ ЌЕ ТЕ УБИЈАТ И ЗА ВОЗДУХОТ ШТО ГО ДИШЕШ, А КАМО ЛИ ДА ДОЗНААТ ДЕКА СИ РАЗЛИЧЕН, ПО НЕШТО.
Хомосексуалците биле гадни. Па и газот ни смрди (значи гаден е) па си го носиме. Се се тоа само пусти предрасуди. Не знам од каде тоооооолкав бунт кај луѓево да се променат и да прифатат некои работи. И не знам од кај тоооооооолкава потреба се да се става во ист кош. Некој ги поистовети хомосексуалците со фрикови/убијци. Има еден интересен пример, за оние што го гледале 8 MM и што знаат што се снаф филмови (секс во кој едниот од партнерите бива навистина убиен). Па законот не ги гони убијците за сексот туку за убиството. За тоа им суди. Значи тие не се свесни дека убиваат, а не дека имаат секс во кое извршуваат убиство. Сексот сам по себе не може да биде криминал, освен ако не е со присилба (силување) или измама/манипулација (врз дете, животно, човек под опијати; мада многу љунфери биле пукнати во придружба на алкохол
).
Хомосексуалците се борат за своите права, а ти Чоканче ако мислиш дека работите се решаваат само со главата во ѕид, пробај. Еве не мора воопшто да се декларираш како геј, ама како добродушно човечко суштество, како емпат, како добар граѓанин и хуманист пробај да и помогнеш на ЛГБТ заедницата. Испечати флаери, напиши брошури, дели ги по кафулиња како фанзини, организирај некоја геј/лезбејска изложба, направи што и да било што бараат луѓето од оваа заедница па да видиш до кај ќе стигнеш и со што се ќе се судриш.
Инаку Маријаааа, тоа што го кажуваш „кога почнуваш да сфаќаш што те привлекува, што ти треба, што сакаш“, ако ја употребиш фразата „почнуваш да сфаќаш“ е речиси исто како да си кажала дека си таква родена. Значи, дознаваш што ти треба, а не решаваш ТИ. Не можеш да кажеш „од утре ова ќе ми треба“. Така да беше ќе станевме сите што ни падне на памет. Ти не си решила самата дека од утре ќе бидеш хетеро, туку само си почувствувала што те привлекува. Емоциите си ги контролираме, ама не до толку. Не е нашиот ум посилен од телото и покрај тоа што поместува планини.
Принцезо, за да се сака нешто не мора да се разбере. Можеш да одиш на балет и ништо да не разбереш, но да ти се допадне тоа. Едноставно го чувствуваш убаво и топло до срце.
* Постојат милиони начини за да замразиш некого/нешто, пробај да најдеш барем неколку за да го сакаш *