А не сакам тоа да гледам надвор на улица такви работи затоа што има деца кои што гледаат тоа и мислат дека тоа е треба да се прави. Не сакам моите деца (кои се надевам дека ќе ги имам) да гледаат такви работи, а ниту пак да станат тоа! Јас ќе им објаснам што е како е па они нека си мислат после. Но, сепак не би сакала да бидат хомосексуалци.
Не се секирај за твоите (идни) деца, ако тоа не им е вродено, и да гледаат хомосексуални активности на отворено нема да се заразат од нив.
Ако таа желба не произлегува природно од нив, никој и ништо нема да ги натера да навлезат во тие води.
Хомосексуалноста не е избор и не може да се класифицира како мода (па да ги копираш другите околу себе за да бидиш кул).
Но сепак и младите би било убаво да се едуцираат и сфатат дека тоа не е воопшто абнормално,па да се намалат дискриминации во иднина.
А за тоа како се понашаат на улица, имало моменти кога ми се гадело кај што гледам и хетеросексуални двојки во јавност...така да, тоа однесување е повеке прашање на културата на лугето, а не нивната сексуална ориентација. :smir:
Мене не ми смета никој. Сите можеме да го живееме својот живот како што сакаме, имаме потполно право на тоа. Не дека ми се допаѓа тоа, да имам во семејството бисексуалец/лезбејка, можеби би ми сметало некој што ми значи да е "настран" да кажам, ама не ме сфаќајте погрешно. И горе спомнав дека бисексуалците и лезбејките не ми сметаат, нема ни зошто, се додека не познавам некој таков. Значи, не ми сметаат, ама не би се дружела со некој таков, посебно не со лезбејка, сигурно и претпоставувате зошто. :icon_mrgr
Ece, само би те потсетила на истиот коментар
leandra што го напиша погоре за
Anck-Su-Namun.
Убаво го започнуваш првиот пост.Многу убава реченица,но потоа ги ставаш зад врата,како таму да им е местото.Со самото издвојување од останатите луѓе и со самото тоа што укажуваш што не треба да прават,ти дискриминираш.Затоа првата реченица ја губи својата смисла.Многумина вака се изразуваат,од една страна убави зборови,од друга страна нож за хомосексуалците...
А за тоа што избегнуваш дружењето со лезбејки...Те разбирам, тоа непријатно чуство постои кај многу...Но, да ти објаснам...Кога се дружиш со мажи, за некои ги исполнуваш нивните критериуми, за некои не. Некои од нив пак не ги исполнуваат твоите критериуми, па им даваш корпа...Е па не би требало да е ништо пострашно дружењето со лезбејки. Не се секирај дека на сите ке им го привлечиш вниманиено, а и да ти пријде некоја, можеш пак лесно да ја откачиш како што би откачила машко...
(И на крај сите срекно си живееле :smir: )