Во христијанството, не постои „неутралност„, не постои „сиво„, не постои „воздржаност„. Сам Христос вели: „...Кој не е со мене, против Мене е...„. Така, ќе ни биде судено на сите, според верата и според делата. Христос доброволно отиде на крстот и за тие кои Го сакаат и за тие кои Го мразат, и за тие кои слушнале за Него и за тие кои никогаш нема да слушнат за Него. Значи, жртвата Христова е за сите, а не само за некои. Така „седењето„ од страна, значи и лично неприфаќање и непризнавање на она кое Христос го стори за цел човечки род, за целата Вселена.
На Судот Христов, или си десно од Него или си лево до Него, нема „трето„ место.