Бог не трпи неправда зато мора да суди.
Тоа што е спротивно од Божјата праведнос мора да претрпи вечна пропаст во пеколот затоа што нема неправда во Бог.
Злото произелзе од непослушноста на човекот кон Бог.
А шо е то "пеколот" ти да објасниш. Сите кај шо горат во оган на чингели запнати?
Затоа јас те прашав ова:
Ако Бог бил е совршен, зошто создал креација што била непослушна, грешна?
Не создал креација шо е непослушна. Им дал слободна волја и единствена нешто шо му заповедал било да не јадат од дрвото на мудроста и не го послушале. Ја послушале змијата (ѓаволот) која ги прелажала.
Ако си во заедништво со Твојот Бог и со Неговиот народ како што евангелските христијаните кој искрено со вера Му служат тогаш ќе разбереш каков ќе ти биде идентитето додека си бил одвоен Од Бог а кога со си се приближил До Бог. Тогаш ќе сватиш колку е голем и возвишен. Треба да ја простудираш Библијата за да Го запознаеш Божјиот карактер. Јас неможам да ти одолеам за секое прашање. Оти кој може да го осознае Бог кој е толку голем и недостижен е во рамките на нашиот човечки разум.
Сигурен си? Многу неточни ствари кажуваш бидејчи сте западнати во кривоверие.
Panta Rehi е евангелист,тие се занимаваат строго со библијата и тоа што пиши во нив.
Инославни се (Heterodox).
Вистинската вера треба да ја следиме според првиот евреин што е спомнато во библијта Авраам. Чиста уверенос во живиот единствен Бог. Потебно е секој човек ако навистина го интересира да ја пручува самостално библијата за да може да согледа како се започнало од почетокт па се до крај кога Бог се објавува како човечки син во тело а по дух Божји како Исус Христос кој сега е Спасител за секое Негово човечко создание. Исус името од грчки се преведува како Госпо кој Спасува или од армејски Јошуа.
Вистинската вера е Православието. "
Црквата е наречена Тело Христово и Невеста Христова во Светото Писмо. Црквата се споредува и со свет храм Божји и се нарекува столб и тврдина на вистината. Црквата е една зашто Бог е еден и затоа што и Христос и Светиот Дух се едно. Може да постои само една Црква, а не многу. И таа една црква, затоа што нејзиното единство зависи од Бога, Христа и Духот, не може никогаш да се разбие."
"Црквата е неделива; луѓето можат да бидат во неа или надвор од неа, но не можат да ја делат; Црквата е востановена со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на Педесетница. Според православното учење, единството на Црквата е слободно човеково единство во вистината и љубовта Божја. Ваквото единство не го донесол некој човечки авторитет или правна сила, туку самиот Бог. Православните христијани веруваат дека во Православната црква секогаш постоела можност за потполно учествување во Црквата Божја и дека само гревовите и погрешните човечки избори (ересите) ги поставувале луѓето надвор од оваа заедница. Православните сметаат дека кај неправославните христијански групи постојат извесни препреки, кои се различни во различните групи, и кои, ако луѓето ги прифатат и се поведат по нив, го спречуваат нивното совршено единство со Бога.
Во рамките на единството на Црквата човекот е навистина она за што е создаден и назначен да биде и може да израсне за вечноста во божествениот живот и заедница со Бога преку Христос во Светиот Дух. Единството на Црквата не се нарушува ни со времето, ни со просторот и не е ограничено само на оние што живеат на земјата. Единството на црквата е единство на Триблажената Троица и на сите оние кои живеат со Бога: светите ангели, упокоените праведници и оние кои живеат на земјата според Христовите заповеди и по силата на Светиот Дух.
Црквата е света бидејќи Бог е свет и бидејќи Христос и Светиот Дух се свети. Светоста на Црквата доаѓа од Бога. Членовите на Црквата се свети толку колку што живеат заедно со Бога. Во рамките на земната Црква, луѓето учествуваат во Божјата светост. Гревот и заблудите го одвојуваат од оваа божествена светост, како и од божественото единство. Верата и животот на Црквата на земјата се пројавуваат во нејзиното учење, во светите тајни, во светоотечките и другите вдахновени списи, во богослужбите и светителите кои го задржуваат суштественото единство на Црквата, и кои сигурно можат да се потврдат како свети поради Божјото присуство и дејство во нив."
Овие т. н. верници кои прават се што не правел Исус и кои велат дека Бог ќе ги спасел ( а не самите себеси да се спасат ) се најголеми сатанисти уствари, чеда на нечестивиот. Со такви ни на крај памет не ми е да се дружам.
Не ти препорачувам да ги нарекуваш така. Инославни се. За се си има одреден термин. Има еретици и секти од протестантските вери.
"
Heterodoxy, as opposed to Orthodoxy, is the belief in something other (
hetera doksa or ετέρα δόξα) than the Orthodox Christian faith. In some senses, it is synonymous with heresy in that it is a departure from Orthodoxy, but it is distinct in that
heresy by definition technically includes a specific choice to embrace and teach heterodox doctrine, usually accompanied by a formal anathema (condemnation) from a synod.
In the Roman Catholic tradition, heterodoxy is simply teaching which is considered questionable but not truly against the church. The Roman Catholics consider the Orthodox to be heterodox.
Heterodoxy may also be used to refer to all Christian confessions which are not the Orthodox Church."
Ако сакаш сатанисти еве ти
Inside Colombia's Temple of Lucifer