Библијата го ПРИЗНАВА Мухамед за ПРОРОК

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Св. Ап. Павле не се повика(л) сам себе, туку Оној Кој му рече дека „...тешко е да се рита против бодило...„.

Абе Мики слушај ваму, сега Иса а.с. (Исус) според вас е син божји или пророк? па изјаснете се веќе еднаш. секогаш вртите како ви одговара.

Еве што вели Господ во К*ранот нешто интересно за тебе и за сите оние кои му препишуваат на Господ другари:
Безбожни се оние кои велат: „Бог и Христос, син на Марија. Кој може да го спречи Бог, ако би сакал да го уништи Христа, синот на Марија, како и неговата мајка и сите оние кои се на земјата?“
Праведен, Кој е Исус, и што е Он, тоа е работа која во Црквата е одамна апсолвирана категорија. Проблемот е во тоа дали Исуса Христа Го прифаќаме целосно, како Богочовек, како овоплотен Син Божји во Исуса Христа, или Го прифаќаме половично, само онолку и онака како ни чини на есапот-личен и колективен.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Св. Ап. Павле не се повика(л) сам себе, туку Оној Кој му рече дека „...тешко е да се рита против бодило...„.
Исто како и Мухамед на кој му рече да верува во едниот Бог и живот после смртта и го одбра Мухамед да го повика светот во вистинската вера.
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
427
Поени од реакции
10
Напишано од МИКИ1
Новиот Завет ни сведочи дека Христос лично ги повикуваше своите Апостоли, небитно дали се работи за неписмениот Петар и писмениот Павле.

Овој неписмениот Петар е оној кој после смртта на Иса а.с. (Исус) ТРИ ПАТИ СО РЕД СЕ ОТКАЖАЛ ОД НЕГОВОТО ДЕЛО. Другите апостоли кога го уапсиле Иса а.с. (Исус) за разбегале и го оставиле, се преправале дека не го познаваат Иса а.с. Исус) и се откажувале од него и од неговото дело од страв за својата кожа-а замисли господине МИКИ според тебе верувале дека тој е господ. Да те потсетам дека Мухаммед с.а.в.с. неговите асхаби го штителе и со нивното тело дури со тоа навлегувајќи многу пати и во сигурна смрт и загинувајќи за него-а знаеш господине Мики1 зошто: затоа што многу добро знаеле кој е тој.

Св. Ап. Павле не се повика(л) сам себе, туку Оној Кој му рече дека „...тешко е да се рита против бодило...„.



Праведен, Кој е Исус, и што е Он, тоа е работа која во Црквата е одамна апсолвирана категорија. Проблемот е во тоа дали Исуса Христа Го прифаќаме целосно, како Богочовек, како овоплотен Син Божји во Исуса Христа, или Го прифаќаме половично, само онолку и онака како ни чини на есапот-личен и колективен.
Докажи ми ја било која особина на тој човек (за кој ние муслиманите веруваме дека е божји пратеник) која асоцира на БОГ.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Исто како и Мухамед на кој му рече да верува во едниот Бог и живот после смртта и го одбра Мухамед да го повика светот во вистинската вера.

...да де, само со една битна ситница...

Напишано од МИКИ1
Новиот Завет ни сведочи дека Христос лично ги повикуваше своите Апостоли, небитно дали се работи за неписмениот Петар и писмениот Павле.

Овој неписмениот Петар е оној кој после смртта на Иса а.с. (Исус) ТРИ ПАТИ СО РЕД СЕ ОТКАЖАЛ ОД НЕГОВОТО ДЕЛО. Другите апостоли кога го уапсиле Иса а.с. (Исус) за разбегале и го оставиле, се преправале дека не го познаваат Иса а.с. Исус) и се откажувале од него и од неговото дело од страв за својата кожа-а замисли господине МИКИ според тебе верувале дека тој е господ. Да те потсетам дека Мухаммед с.а.в.с. неговите асхаби го штителе и со нивното тело дури со тоа навлегувајќи многу пати и во сигурна смрт и загинувајќи за него-а знаеш господине Мики1 зошто: затоа што многу добро знаеле кој е тој.



Докажи ми ја било која особина на тој човек (за кој ние муслиманите веруваме дека е божји пратеник) која асоцира на БОГ.
Праведен, Св. Ап. Петар трипати се одрече од Христа уште пред Христос да биде осуден, распнат и воскрестат-чисто информативно ти го велам ова, за да не останеш во самоубеденост дека си во право.

А кои се тое Апостоли кои се откажаа од Христа како и Петар???

Апостолите нависитна се рабегаа, оти врз нив сеуште не беже слезен Духот Свет и оти Апостолите сеуште не беа утврдени во верата и не беа воцрковени.

Да, повеќе е од јасно дека Апостолите Го прифатија Христа за свој Бог и Спасител.

За крај, еве ти „нешто„ кое Христоа го чини Бог:
-Христос лечеше болни и сакати
-Христос воскреснуваше мртви
-Христос разговараше со Неговиот Отец лично и персонално
- и што е најбитно, Христос воскресна!
-Христос го разби пеколот и на праведниците им го проповедаше евангелието, дури и во пеколот!

Кажи ми ти, што од погоре наведеното има сторено Вашиот пророк?

А Воскресението Исусово е каменот на сопнување на целиот Ислам, па така Исламот не го прифаќа Христовото воскрсение, амнестирајќи се самиот себе од одговорност пред Бога.
 
A

ateist

Гостин
-Христос го разби пеколот и на праведниците им го проповедаше евангелието, дури и во пеколот!
аман бе
па ако и правдниците завршуваат во пеколот тогаш што има било кој да се потресува
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
А крилото/лоното Авраамово, за кого беше одредено?
 
A

ateist

Гостин
Праведен, Св. Ап. Петар трипати се одрече од Христа уште пред Христос да биде осуден, распнат и воскрестат-чисто информативно ти го велам ова, за да не останеш во самоубеденост дека си во право.


1) ај што цело време бил со Исус значи ги гледал чудата ако ги имало

2) ајде нелии самиот одел малку по вода значи сепак направил мало чудо

3) ајде што трипати се одрекол пред да биде распнат Исус

4) ајде што и присуствувал кога Тома проверувал дали е навистина Исус кога ги гледале раните

5) ајде што присуствувал кога светиот дух спаднал насите апостоли

И ПАК НЕ ВЕРУВАЛ

ТОА СЕ СЛУЧИЛО ПОДОЦНА :

Дела апостолски 12

7 И ете, Господов ангел застана и светлина блесна во собата. Тој го чукна Петра по ребрата, го разбуди и му рече: „Стани бргу!” И веригите му паднаа од рацете.

8 Тогаш ангелот му рече: „Опаши се и обуј ги своите сандали!” Петар направи така. И му рече уште: „Наметни ја својата облека и дојди по мене!”

9 И излезе и тргна по него и не знаеше, дека тоа што ангелот го направи е вистинско, но мислеше дека гледа привид.

10 Така ги изминаа првата и втората стража и дојдоа до железната врата, која води во градот; таа им се отвори сама. И излегоа и преминаа една улица, а ангелот веднаш отстапи од него.

11 И кога Петар дојде на себеси, рече: „СЕГА НАВИСТИНА ЗНАМ дека Господ го пратил Својот ангел, и ме избави од Иродовата рака и од сè што очекуваше јудејскиот народ.”

ЕХЕЕЕЕЕЕ КОЛКУ ТОА МУ ТРЕБАЛО
.
.
.

.

па добро бе ако тој бил ОЧЕВИДЕЦ а не верувал

2 Петрово: 1:16 Зашто кога ви ги објавивме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос, ние не следевме лукаво измислени бајки, но станавме ОЧЕВИДЦИ на Неговото величие.


ако некој директен ОЧЕВИДЕЦ неможел да верува
што има ние да верувае на религии и капиталисти кој прикаските ги злоупотребуваат за лично богатење и потчинување-застрашување на луѓето
 
A

amco2009

Гостин
...да де, само со една битна ситница...



Праведен, Св. Ап. Петар трипати се одрече од Христа уште пред Христос да биде осуден, распнат и воскрестат-чисто информативно ти го велам ова, за да не останеш во самоубеденост дека си во право.

А кои се тое Апостоли кои се откажаа од Христа како и Петар???

Апостолите нависитна се рабегаа, оти врз нив сеуште не беже слезен Духот Свет и оти Апостолите сеуште не беа утврдени во верата и не беа воцрковени.

Да, повеќе е од јасно дека Апостолите Го прифатија Христа за свој Бог и Спасител.

За крај, еве ти „нешто„ кое Христоа го чини Бог:
-Христос лечеше болни и сакати
-Христос воскреснуваше мртви
-Христос разговараше со Неговиот Отец лично и персонално
- и што е најбитно, Христос воскресна!
-Христос го разби пеколот и на праведниците им го проповедаше евангелието, дури и во пеколот!

Кажи ми ти, што од погоре наведеното има сторено Вашиот пророк?

А Воскресението Исусово е каменот на сопнување на целиот Ислам, па така Исламот не го прифаќа Христовото воскрсение, амнестирајќи се самиот себе од одговорност пред Бога.
Site bozji pratenici imale po nekoja osobina dadena od Gosopda za da go ubedat narodot da veruva vo ona sto mu go proovedaat i se toa go pravele so vlja gospodova so pomos na Alah d.s Isus kako prvo e covek od krv i meso vo covecko smrdlivo telo a toa vo nikoj slucaj nemozje da bide bog . Ako Isa a.s e Bog ili Gospod kako sto tvrdite vie hristijanite a za najgolem dokaz go zemate tokmu ona tvrdenjeto na petar kade sto go narekuva Gospod a pritoa zaboravata ne raznisanata vera petarova bo Gospoda kade sto petpati se odrekuva i pak se pokajuva za na kraj da tvrdi deka toj e gospod malku e plitko toa razmisluvanje da mu se veruva na eden takov covek, Druga rabota Gospod ne e Gospodar samo na Lugjeto i Gospod ne postoi radi Lugjeto nego toa e obratno. Gospd e Gospodar na site svetovi ova na povekje mesta e spomnato vo Kuranot na cela vselena a znaes li ti kolku svetovi ima vo vselenata I spored mene Zosto Gospod da se pojavi vo likot na edno covecko telo a da ne se pojavi vo likot na edno Angelsko ili pak Vonzemljansko telo posto pred gospod site sme isti nie najmalku sme privilegirani so grevovive sto gi pravime druga rabota sto ti tvrdis deka Kuranot ne gi priznava cudata na Isa a.s gresis Kuranot vo celost gi priznava negovite natprirodni sposobnosti Ama odrekuva ona na sto se temeli celata vasa religija deka Isa a.s e Gospod Vo Kuranot mnogu dobro e objasneto voskresnuvanjeto na Isa a.s i toj ke bide posledniot covek koj ke ja pocustvuva bolkata na smrta toa go pisuva vo Kuranot Deka Isa a.s ke se vrati na zemjata pred da se vrati Isa a.s nema da nastapi smak sveta Jas nejkam da ti kazuvam koja religija e ispravna posto ti kako sozreana individua zemja procitaj i uverise. A i muhamed a.s imal svoi sposobnosti dadeni so pomos na Alah i kuranot toj sto procento predvidel raboti koi ke se slucat vo idnina koi postojat uste ke se slucuvaat
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
...и најбитното:
1. Каде е Мухамед споменат во Писмото, аманте дајте го точниот стих!
2. Каде е наведено дека Мухамед праел чуда и на крајот на краиштата, воскреснал?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
...и најбитното:
1. Каде е Мухамед споменат во Писмото, аманте дајте го точниот стих!
2. Каде е наведено дека Мухамед праел чуда и на крајот на краиштата, воскреснал?
Има видео записи каде дејвид коперфилд прави чуда
Тој е син божји??

Од Мухамед Бог никогаш не барал да прави чуда. Од него е барано само да му ја пренесува речта божја на незнабошците и да ја шири верата во едниот Бог.
Ете и Павле не направил чудо па на негови зборови почива христијанствоото.
 
A

amco2009

Гостин
...и најбитното:
1. Каде е Мухамед споменат во Писмото, аманте дајте го точниот стих!
2. Каде е наведено дека Мухамед праел чуда и на крајот на краиштата, воскреснал?
Koga zboruvame za pismot se misli na stariot zavet tevratot i ke te prasam jas tebe kade e spomenat Isa a.s vo tevratot nigde samo e spomenato pretskazuvanje deka ke dojde spasot a po toa moze da zaklucime deka se odnesuva na Muhamed i za da ne se povtoruvam jas na ovaa tema go imam objasneto toa mnogu dobro samo treba da pobaras i da najdes kade . Muhamed pravel cuda sto negovoto pretskazuvanje na idninata kakva sto ke bide a ne voskresnal nikoj ne rece deka voskresnal
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Има видео записи каде дејвид коперфилд прави чуда
Тој е син божји??

Од Мухамед Бог никогаш не барал да прави чуда. Од него е барано само да му ја пренесува речта божја на незнабошците и да ја шири верата во едниот Бог.
Ете и Павле не направил чудо па на негови зборови почива христијанствоото.
...море, право велиш...Ама Христос правеше чуда, оти Он е Бог и Он, Христос, од никого не доби барање да чини чуда.

Koga zboruvame za pismot se misli na stariot zavet tevratot i ke te prasam jas tebe kade e spomenat Isa a.s vo tevratot nigde samo e spomenato pretskazuvanje deka ke dojde spasot a po toa moze da zaklucime deka se odnesuva na Muhamed i za da ne se povtoruvam jas na ovaa tema go imam objasneto toa mnogu dobro samo treba da pobaras i da najdes kade . Muhamed pravel cuda sto negovoto pretskazuvanje na idninata kakva sto ke bide a ne voskresnal nikoj ne rece deka voskresnal
Под Божјо вдахновение, Св. Ап. Јован го напиша Откровението, во кое на мистичен начин е опишана иднината на Светот, се до второто Христово доаѓање. Од кај сеа потребата од нов пророк, кој ќе ни го прорекне од кое е веќе проречено? Тафтологија чиста е тоа...
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
427
Поени од реакции
10
...море, право велиш...Ама Христос правеше чуда, оти Он е Бог и Он, Христос, од никого не доби барање да чини чуда.



Под Божјо вдахновение, Св. Ап. Јован го напиша Откровението, во кое на мистичен начин е опишана иднината на Светот, се до второто Христово доаѓање. Од кај сеа потребата од нов пророк, кој ќе ни го прорекне од кое е веќе проречено? Тафтологија чиста е тоа...
МИКИ! Еве ти дел од чудата кои ги направи Мухаммед с.а.в.с. со помош на Аллах џ.ш:
МУЏИЗИ НА ПОСЛЕДНИОТ БОЖЈИ ПРАТЕНИК МУХАММЕД С.А.В.С.
1.[FONT=&quot] [/FONT]Имам Бејкеки бележи од Осман Бин Хунејфа дека кажал:
Чув дека кај Аллаховиот пратеник с.а.в.с. дошол еден слепец и му се пожалил дека го изгубил својот вид. Човекот му рекол на Мухаммед с.а.в.с: Аллагов пратениче! Немам никој кој би ме водел затоа што сум слеп, и дека му било толку тешко да оди. Аллаховиот пратеник му рекол: оди земај абдест, клањај два рекати и речи:
Мој Аллаху! Те молам и ти се обраќам со угледот на твојот пратеник Мухаммед с.а.в.с. пратеник на милоста. Михаммед! Му се обраќам на својот господар со твојот угледот и твојата чест, да ми го поврати видот. Мој Аллах те молам за негово залагање за мене.
Осман Бин Хунејфа вели! Се колнам во Аллах! Ние ни своите места не ги напуштивме, а не се задржавме многу таму, кога се појави тој човек и изгледаше како никогаш да не пател од некоја болест.

2.[FONT=&quot] [/FONT]Oд муџизите на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. беше и расцепувањето на месечината. Мекенлиите побараа од Пратеникот с.а.в.с. некаков знак, па месечината се преполови на два дела, така што ридот Хира јасно го видоа помеѓу двете половици. А во тоа време месечината била полна.
Овој знак Аллах џ.ш. ни го наведува во во Својата Книга: ,, Се приближи часот и месечината се преполови! А оние, секогаш кога ќе видат доказ, се вртат и говорат: Maгија непрекината.” (Ел-Камер, 1-2) Ибн Кесир пренесува конзенсус на муслиманите за овој настан, споменувајќи ги хадисите кои говорат за тоа.

Оваа муџиза ја виделе луѓе од сите делови на Арапскиот полуостров, А Мекинлиите пак не поверувале туку рекле: ,, Мухаммед не маѓепса, А потоа се присетија и рекоа: Почекајте да видиме што ќе кажат караваните што поминуваат, Мухаммед не може да ги маѓепса сите луѓе. “ Другиот ден им дојде делегација вон Мекка и ги извести за настанот дека и тие тоа го виделе.

Месечевото расцепување го виделе и луѓето надвор од Арапскиот полуостров.Ибн Кесир вели: ,, Неговото расцепување го виделе луѓе и во другите делови на земјата, Се кажува во некои предели на Индија дека е изградена и градевина таа ноќ и е означена со дата ,, Ноќта кога се расцепи месечината.”

3.[FONT=&quot] [/FONT]После битката на Бедр, Курејшиите ги откупуваа своите заробени. Секој ги откупуваше своите. Еден од нив-Аббас, кој исто така беше заробен, му рече на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. : ,, Јас сум муслиман,”А пратеникот , с.а.в.с. му рече: ,, Аллаху е`алем – Аллах го знае твојот ислам. Ако е така како велиш, Аллах ќе те награди . Што се однесува на твоето однесување, наше е да просудиме. Откупи се себеси и своите двајца браќа, му рече Пратеникот, с.а.в.с. ,, Немаме со што,” рече Аббас. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. тогаш го запраша: ,, А каде се парите кои ги закопавте со Умми Фадл, кога и рече: ” Ако мене нешто ми се случи на овој пат, овој иметок им го оставам на Фадлините потомци Абдуллах и Кусем? “ Аббас тогаш рече: ,, Се колнам во Аллах, гледам дека навистина си Аллахов Пратеник, зошто оваа работа никој не ја знаеше освен јас и Умму Фадл.”

4.[FONT=&quot] [/FONT]Пренесува Џабир ибн Абдуллах, р.а. како луѓето на Худејбиј ожеднале, додека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с. држеше во раката сад и земаше абдест. Истрчаа исплашено кон него, а тој ги запраша: ,, Што ви е?” ,, Немаме вода ниту за абдест, ниту за пиење, освен она што е во тоите раце”, рекоа тие. Џабир р.а. вели дека тогаш Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. ја стави својата рака во садот, па водата потече помеѓу неговите мубарек-прсти, како извор, па сите се напоивме и зедовме абдест.

5.[FONT=&quot] [/FONT]Еден бедуин го запраша Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.: Со што можам да знам дека си ти Аллахов Пратеник?” , А Пратеникот, с.а.в.с. му одговори: ,, Ако го повикам оној грозд од палмата, ќе ми поверуваш тогаш дека сум пратеник? “. ,,Да” рече бедуинот. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. го повика гроздот, кој почна да слегува, додека не дојде пред него. Пратеникот с.а.в.с. тогаш му рече: ,, Врати се” и тој се врати ... бедуинот прими ислам.

6.[FONT=&quot] [/FONT]ПОЈАВЕНИТЕ ЗНАЦИ ВО НОЌТА ПРИ РАЃАЊЕТО НА ПЕЈГАМБЕРОТ

Научниците од претходните книги знаеле за објавувањето на К*р'анот и за доаѓањето на Пејгамберот Мухаммед а.с. бидејќи биле известени уште во претходните книги, дури и името на Пејгамберот Мухаммед а.с. се спомнувало со едно име исто по значење.
А сега според мудреците да видиме кои се тие знаци, и што означуваат - (покажуваат), за раѓањето на последниот Пеј-гамбер.
Во долината на слонови т.е 20 април 571 год., во ноќта од 12-ти Ребиул-еввел, се случил земјотрес кој ги потресол и испукал тврдините на Византиската престолнина Константинопол - денешен Истанбул. Во исто време се случил и друг земјотрес во Иран (Персија) каде што се срушила тврдината од палатата на владарот Кисра. Исто така згаснал и светиот оган на Персијците кој дотогаш горел (во време од 1000 години). Порада ова многу бил исплашен владарот Кисра, собирајќи ги своите советници за да ја разгледаат новонастанатата состојба.
Еден од главните советници рекол:
- Владару и јас вечерва видов еден сон каде што група камили и арапски коњи од страна на Арапскиот Полуостров ја поминуваат реката Диџле, и влегуваат во Иран проширувајќи се на сите страни на нашата земја.
- Што значи ова? - запрашал владарот.
- Може да значи дека нешто многу чудно и важно се случува кај арапите. – одговорил советникот.
Загриженоста на владарот Кисра, уште повеќе се зголемила. Дури напишал писмо до намесникот на Басра, во кое што побарал да му го испратат најдобриот и познат научник и мудрец кај него. Така намесникот на Басра ја испратил бараната личност.
Кога познатиот мудрец и научник дошол пред владарот Кисра, бил запрашан:
- Рушењето на 14 тврдини, гаснењето на светиот оган и сонот на главниот советник, дали имаат некоја врска една со друга? И ако имаат што е тоа?
Научникот му одговорил:
- Одговорот на овие прашања може да ги знае само вујко ми што е во Шам!
- Тогаш веднаш оди кај него, научи ги одговорите и врати се назад кај мене. – му рекол владарот.
Научникот набргу отишол во градот Шам и таму што ќе види својот вујко го нашол на смртна постела. Немал многу сила ниту да зборува.
Научникот знаел дека може да го поттикне да зборува ако му се каже нешто интересно и убаво. Ги употребил сите свои умешности и започнал да му ги поставува зададените прашања во стил на поезија. Во тоа време голема важност се давало на зборувањето со поетски стил. Навистина ова позитивно влијаело на болниот старец кој што тесно ги отворил очите и на ист начин со поетски стил му кажал три важни работи:
Знајте дека ќе се зголеми читањето на објавата;
Ќе дојде еден нов Пејгамбер и со него ќе заврши Пејгамберството;
Навистина ќе згасне светиот оган на Иран и ќе завладеат владари по бројка на тврдините што се порушија, потоа ќе се случи она што ќе се случи.
Ова биле последните зборови на болниот старец-стариот научник, предавајќи ја својата душа.
И навистина, случките се случиле после неговото кажување. По кажувањето на стариот научник. Се зголемило читањето на објавата, Мухаммед а.с. дојде како последен Пејгамбер. Во Иран во кратки периоди владееле 14 владари. Потоа Иран се приклучил кон исламските земји.

7.[FONT=&quot] [/FONT]Се пренесува од правилен синџир дека Сад Бин Еби Вакас рекол: јас бев со пророкот а.с. за време на битката на Ухуд. Чесниот пророк стрелаше со стрелата кон неверниците додека не му се скрши лакот. Тогаш тој ми ги даде мене стрелите и ми рече јас да стрелам. Стрелите што ми ги даде беа без врв. Тој ми наредуваше да стрелам и стрелите летаа дупнувајќи ги телата на неверниците. Во тие моменти Катаде Бин Нуман беше погоден со една стрела во окото која му го изваде окото. Пророкот а.с. го зеде окото во неговата благословена рака и му го стави во очната шуплина, тој оздраве како да ништо му се немаше случено.
8.[FONT=&quot] [/FONT]Се пренесува од Ебу Хурејре Р.А. дека една еврејка во Хајбер му подари на пророкот с.а.в.с. една овца печена на која ималa ставено отров. Почна да јади пророкот с.а.в.с. и веднаш на неговите другари им рече: не јадете! Плешката на овцата ми кажа дека е отровна. Од оваа овца умре Бишр Ибн Бера. Му рече пророкот с.а.в.с. на еврејката: зошто го направи ова? Таа рече: ако си пророк нема да ти направи штета додека ако беше крал ќе умреше од ова.
9.[FONT=&quot] [/FONT]Али р.а. на денот на Хајбер имаше инфекција на окото толку многу што и не гледаше. Дојде пророкот с.а.в.с. и луѓето му кажаа дека е болен. Пророкот с.а.в.с. го плукна во очите и тие оздравеа за момент. Исто така ја плукна и раната што ја имаше Слеме Ибн Екуа на ногата и таа веднаш оздраве. Исто така и слеп човек дојде кај пророкот с.а.в.с. и побара од него да му се помоли на Аллах да го оздраве, пророкот с.а.в.с. му се помоли и човекот оздраве.
10.[FONT=&quot] [/FONT]Множењето на храната. Хадис на Ебу Талха. Ебу Талха му рече на неговата сопруга Уму Сулејм: го слушнав гласот на пророкот с.а.в.с. ми се слушна слаб и сватив дека тој е гладен, затоа дали има нешто за јадење? Таа рече да и извади неколку парчина леб и тргна кон пророкот с.а.в.с. Рече, отидов кај пророкот с.а.в.с. и го најдов во џамијата со други луѓе. Ми рече пророкот с.а.в.с. дали Ебу Талха те прати? Му реков да. Дали ти даде храна? Му реков да. Тогаш им рече на тие што беа во џамијата: станете! Тие станаа и јас одев пред нив додека дојдов кај Ебу Талха и му реков: ни ги донесе пророкот с.а.в.с. луѓето, што ќе му дадеме да јадат? Рече: Уму Сулејм Аллах знае подоборо и неговиот пратеник. Излезе Ебу Талха да го пречека пророкот с.а.в.с. и влезе со него откако пророкот с.а.в.с. му даде селам. Рече пророкот с.а.в.с.: дојди о Уму Сулејм, донеси го тоа што е за донесување. Уму Сулејм го донесе лебот и го подготви откако го здроби. Рече пророкот с.а.в.с. некои зборови и потоа рече: нека дојдат десет луѓе да јадат. Дојдоа јадеа се додека не се најадоа и потоа заминаа. И вака по ред десет по десет јадеа се додека не се најадуваа и си заминуваа се додека сите не јадоа. Тие беа седумдесет или осумдесет луѓе.
Според хадисот на Џабир истото ова се случи и на денот на Хендек кога јадоа околу илјада луѓе додека не се најадоа.


[FONT=&quot]
[/FONT]
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
427
Поени од реакции
10
1.[FONT=&quot] [/FONT]Овошјата зборуваат и сведочат дека Мухамед е пратеник на Аллах. Се пренесува од Ибн Умер дека рекол: бевме со пророкот с.а.в.с. на пат. Во меѓувреме му се доближува еден селанец на пророкот с.а.в.с. и пророкот с.а.в.с. му рече: каде одиш, тој одговори: дома, пророкот с.а.в.с. му рече: дали да ти кажам нешто подобро? Селанецот рече што? Пророкот с.а.в.с. му рече: да сведочиш дека нема друг бог освен Аллах и Мухамед е роб и негов пратеник. Селанецот рече: кој сведочи за вистината на ова што го кажа? Пророкот с.а.в.с. рече: она овошјето што се наоѓа во котлината и викни го ќе ти одговори. Дојде овошјето пукнувајќи ја земјата додека застана пред пророкот с.а.в.с. кој побара три пати да сведочи и овошјето посведочи и потоа се врати на своето место.
2.[FONT=&quot] [/FONT]Абдулах Ибн Месхуди вели: ние го слушавме тесбихот што го правеше храната додека ја јадевме во присуство на пророкот с.а.в.с.
3.[FONT=&quot] [/FONT]Се пренесува од Џабир Ибн Семура дека пророкот с.а.в.с. рекол: јас знам еден камен во Мека што ми даваше селам и пред да ми дојди објавата.
4.[FONT=&quot] [/FONT]Исра и мираџ
Овај несекојдневен случај кој му се случил на божјиот пратеник с.а.в.с. во една ноќ: исра – патување од месџидул харам во Мека до месџидул аксаа во Ерусалим – воздигнувањето од месџидул аксаа до највисоките небески сфери сифретул мунтехаатој таинствен нам непознат свет предизвика уште предизвикува меѓу научниците и обичните верници азлични пристапи и жустри полемики. Хадисот за Исрата кај нас дојде преку мутеватир-предавањетонајавтентичното предавањево кое нема сомнеж и тоа преку Омер Б. Ел Хаттаб, Али Б. Еби Талиб, Ибн Месуда, Ебу Зерра, Малик Б. Сасааа, Ебу Хурејре, Ебу Сеида, Ибн Аббас, Шеддат Б. Евс, Убејј Б. Каба, Адуллах Б. Амра, Џабир, Хузејф, Ебу Ејјуб, Ебу Умаме, Семуре Б. Џундуба, Сухејба Ер Румиа, Умми Хане, Ајше и Есме – Аллах со нив да биде задоволен.
Енес Б. Малик пренесува дека Аллаховиот пратеник рекол: даден ми е Бурак. Тоа е бело долго животно. Поголемо е од магаре а помало од мазга. Чекори со брзина на погледот.јавав додека не стигнав до Бејтул – макдес. Го приврзав за алката за која го приврзувале Аллаховите пратеници потоа влегов во џамијата клањав два ректи и излегов. Потоа ми дојде Џибрил и ми понуди чаша со вино и чаша со млеко. Го избрав млекото па Џибрил ми рече: Избра Ислам. Потоа се воздигнавме на небо. Џибрил побара да се отвори, па е прашан: кој си ти? Јас сум Џибрил, одговори, кој е со тебе - прашан е, Мухаммед – одговори, дали му дојде пратеништвото – повторно е прашан, а му дојде! Потврди Џибрил. Тогаш нам ни се отвори. Тука беше Адем а.с. кој нми изрази добредојде и ми посака добро.

Потоа сме издигнати на друго небо/небеско пространство. Џибрил побара да се отвори, па е прашан: кој си ти? Јас сум Џибрил – одговори, прашан е кој е со тебе, одговори - Мухаммед, дали му е дадено пратеништвото – повторно е прашан, да – одговори Џибрил. Ни отворија. Таму беа двајца: Иса синот Мерјемин и Јахја синот на Зекирија – нека е Аллаховиот мир над нив двајцата, кои ми изразија добредојде и ми посакаа добро.

Потоа се воздигнавме на трето небеско пространство. Џибрил побара да се отвори, па е прашан: кој си ти? Одговори – Џибрил, прашан е: кој е со тебе? Одговоро – Мухаммед, дали му е дадено пратеништвото – повторно е прашан, да – одговори Џибрил. Ни се отвори. Го видовме Јусуф а.с. на кого му е дадена половина од вкупната убавина, кој ми изрази добредојде и ми посака секое добро.

Потоа се воздигнавме на четврто небеско пространство. Џибрил побара да се отвори, па е прашан: кој е? Одговори – Џибрил, прашан е: а кој е со тебе? Одговори: Мухаммед! Дали му е дадено пратеништвото – повторно е прашан, да – одговори. Ни се отвори. Таму беше Идрис а.с. кој ми изрази добредојде и ми посака секое добро. Аллах возвишениот вели: и ние на високо место го дигнавме ( XlX : 57 ).

Потоа сме воздигнати на петто небеско пространство. Џибрил побара да се отвори, па е прашан: кој е? Џибрил – одговори, прашан е: кој е со тебе? Одговори: Мухаммед! Дали му е дадено пратеништвото – повторно е прашан, одговори: да. Ни се отвори. Го видовме Харун а.с. кој ми изрази добредојде и ми посака секое добро.

Потоа сме воздигнати на шесто небеско пространство. Џибрил побара да се отвори па е прашан: које? Одговори: Џибрил, а кој е со тебе? Прашан е , одговори: Мухаммед, дали му дошло пратеништвото – повторно е прашан, да – одговори. Ни се отвори. Таму беше Муса а.с. кој ми изрази добредојде и ми посака секое добро.

Потоа сме воздигнати на седмо небеско пространство. Џибрил побара да се отвори па е прашан: кој е? Одговори: Џибрил, а кој е со тебе? Прашан е, одговори: Мухаммед, дали му дадено пратеништвото, да – одговори. Ни се отвори. Таму беше Ибрахим а.с. потпрен со грбот на Бејтул – мамур (небеска каба во која секојдневно влегуваат по 70 000 мелеки и повеќе не се враќаат). Потоа сум одведен во Сидретул Мунтеха, чии лисја беа како слонови уши а плодовите како големи земски овошја. Кога го прекри она што Аллах сака да го прекрие таа се проемни така да никој од Аллаховите створенија не би бил во состојба да ја опише нејзината убавина. Аллах ми објави нешто од објавата и ми пропиша во текот на секој ден и ноќ педесет намази, па слегов до Муса а.с. кој ме праша: каква должност му стави твојот господар на твоите следбеници? Одговорив: педесет намази. Ми рече: вратисе кај твојот господар и барај олеснување бидејќи твојот уммет тоа нема да го издржи со оглед на тоа што јас го испробав кај израелците. Се вратив кај својот господар и го замолив: господару мој, олесниги моите следбеници, па ми намали за пет намази. Се вратив кај Муса а.с. и му реков: ми намали за пет намази. Ми рече: твоите следбеници тоа не можат да го поднесат и затоа вратисе кај својот господар и барај олеснување.
Непрестано се враќав меѓу мојот господар и Муса а.с. се додека Аллах не рече: Мухаммеде намазите ќе бидат пет во текот на денот и ноќта а за секој намаз ќе се пишува по десет така што тоа ќе чини педесет намази. Кој ќе се одлучи да направи некое добро дело, а нема да го направи – ќе му се напише една награда, а кој го направи – ќе му се напишат десет. Ако пак некој одлучи да направи некое негативно дело, и тоа не го направи - не му се пишува грев а ако го направи – му се пишува само еден грев. Се спуштив до Муса а.с. и му реков: се враќав кај својот господар се додека не се посрамотив.

Катаде пренесува од Енес Ибн Малик дека Малик Ибн Саа му го споменал хадисот се до зборовите на Мухаммед а.с.: потоа сум воздигнат до Сидретул – Мунтехаа и ги видов мејзините плодови во облик на земски плодови, додека листовите беа како уши од слон, па рекол: ова е Сидрету – Мунтехаа и рекол: се покажаа 4 реки, две скриени а две видливи. Го прашав: што е ова Џибрил? Ми одговори: што се однесува до скриените, тоа се две реки во Џеннет а што се однесува на видливите, тие се Нил и Еуфрат – рече. А пото е воздигнат до Бејтул – Мамура.

Во пренесувањето на Катаде од Ебу Хурејре стои: рекол: реков:
Рекол: реков: го молев својот господар се додека не се засрамив, па останав збунет, но ја извршив наредбата за да потоа го слушнам гласникот како вика: ти ги исполни моите наредби и им олесна на моите робови.

Слично се бележи и во веродостојните збирки и пренесувања од Катаде.
Во тоа пренесување стои: потоа ме одведе до Сидретул Мунтехаа кој го прекрија бои кои ни сам не занев какви, за да потоа бидам одеден во Џеннет во кои беа мрежи од бисери и земја од миска.

Во пренесувањето на Ебу Зерра се кажува: го прашав Аллаховиот пратеник с.а.в.с.: дали го виде својот господар? Одговори: светлост/нур каде и да погледав, па како да го видам.
Ибни Шихаб рекол: ме извести Ибни Хазм дека Ибн Аббас и Ебу Хаббе Ел-Енсари зборувале дека Аллаховиот пратени с.а.в.с. рекол: потоа сум воздигнат до нивото во кое можев да слушам чкрипење на перо.
Џабир Ибни Абдуллах р.а. споменува дека го слушнал Аллаховиот пратеник како кажува: пошто бев во лага отеран од страна на курејшиите кога бев воздигнат во ноќта Исраа до Бејтул Макдес, седев во хиџрата кај кабата па Аллах ми ја покажа Бејтул Макдес, па почнав да ги обавестувам за знаменијата кои ги гледав.
Ибни Шихаб кажувал дека Ебу Селеме Ибни Абдурахман рекол: луѓето од курејшиите отидоа кај Ебу Бекир и му рекоа: зар ти мислиш дека твојот другар отишол до Бејтул Макдес и потоа се вратил во Мека во една ноќ? Ебу Бекир р.а. прашал: зар тој тоа го рекол? Одговорија: да. Ебу Бекир одговори: јас сведочам дека ако тоа тој го рекол вистината ја рекол. Му рекоа: ти си му поверувал дека дошол до Шам во една ноќ а потоа се вратил во Мека пред да се раздени?! Одговори: да, јас му поверував и повеќе од тоа. Му поверував кога почна да ја прима објавата од небото. Ебу Селеме кажува: поради ова Ебу Бекир е наречен Ес-Сиддик.

Ибни Аббас р.а. рекол: рекол Аллаховиот пратеник: во ноќта во која се случи Исра се разденив во Мека. Се уплашив знаејќи дека заради тоа во лага ќе бидам отеран. Останал изолиран, тажен. Покрај него помина Аллаховиот непријател Ебу Џехел, седна појкрај него и со исмејувачки тон го запраша: навистина тоа се случило? Пратеникот с.а.в.с. рече: да. Тој запраша: а што тоа? Одговори: синоќа бев воздигнат. Го праша каде? Одговори: во Бејтул Макдес. Ебу Џехел рече: потоа си се разденил меѓу нас? Одговори: да. Ебу џехел рекол: што мислиш да го повикаш својот народ дали би им го кажал она што мене ми го кажа? Пратеникот с.а.в.с. рекол: да. Ебу Џехел викнал: о потомци Каб Ибни Луја. Дојдоа во групи и седнаа покрај нив двајца. Ебу Џехел рече: кажиму го на својот народ она што мене ми го кажа. Пратеникот с.а.в.с. рекол: навистина синоќа бев воздигнат. Го прашаа каде? Одговори: до бејтул Макдес. Приметија: потоа се раздени меѓу нас? Одговори: да. Тогаш некои ракоплескаа со рацете а некои ги ставија рацете на главата изразувајќи на тој начин чудење. Можеш ли да ни го опишеш Месџид? – го прашаа. Меѓу нив имаше и такви кои патуваа на тоа место и го виделе тој месџид. Аллаховиот пратеник с.а.в.с. рекол: го опишувава се додека некој детал не ми остана нејасен, па ми е донесен Месџид близу и ставен покрај куќата на Акила во која гледав и така го опишував. Народот возвикна: што се однесува до описот, жими Аллах погоди.

Во пренесувањето на Ебу Хурејре стои: Аллаховиот пратеник рекол:
Кога бев на хиџра покрај кабата се сеќавам дека курејшиите ме прашуваа за моето ноќно патување. Ме прашуваа за деталите на Бејтул Макдес во кои не бев сигурен, па исклучително се загрижив, така да толку никогаш се немам сагрижено, па Аллах ми го престави Бејтул Макдес како да гледав во него. Ништо не ме запрашаа а за тоа да не ги обавестив и се најдов во друштво на Аллаховите веровесници. Муса а.с. се клањаше а беше снажен и цврст како да е од племето Шенуе. Иса а.с. се клањаше додека најсличен од луѓето му беше Убне Ибни Месуд Ес-секафи. Ибрахим а.с. се клањаше а најсличен а најсличен од сите е вашиот алејхиселам лично – па се приближе времето за намаз и јас сам го предводев намазот. Кога завршив ми е речено: Мухаммед ова е Малик, чварот на џехенемот. Се свртив кон него и тој селам ми даде.
Ако се задрживе на анализата на сите овие хадиси се доаѓа до сознание дека пренесувањата дека пратениковото с.а.в.с. ноќно патување од Мека до Бејтул Макдес се сложуват иако зборовите на пренесувачите се разликуваат. Некои тврдат дека ноќното патување е направено повеќе пати. Некои децидно се изјаснуваат дека Мухаммед с.а.в.с. само еднаш е пренесан од Мека до Бејтул Макдес, другиот пат од Мека до небеските сфери, а третиот пат до Бејтул Макдес и од таму до небеските сфери. Задоволувајќи се со тие тумачености, мислат дека дојдоа до излезот од тие нејаснотии, меѓу тоа ова е многу чудно и далеку од тоа што го бележат првите генерации муслимани. Да се повторувало ова повеќе пати, Аллаховиот пратеник сигурно би ги известил своите следбеници, а тие тоа повторување сигурно би го забележале.

Значајно е на крајот да се спомене, врз основа на цитираните хадиси дека ова патување моѓе да се доведи во врска со единството на Аллаховата вера, од Ибрахим а.с. до Мухаммед с.а.в.с. како и врската на светите места за сите религии кои прокламирале монотеизам. Како да се сакало, навистина со ова чудно патување, некаква нераскинлива врска меѓу послеедниот Аллахов пратеник Мухаммед с.а.в.с. со пратениците пред него, како и врска меѓу светите места Мека и Ерусалим со највисоките небески сфери. А Аллах најдобро знае!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom