Бесплатни домови + здрав живот

Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Што мислите за ваква понуда?

Дали само давање на куќи се доволна причина за да се вратат луѓето во напуштените села и да основаат дом и семејство?
Иако во глобала ја одобрувам идејата како почеток на нешто, лично мислам дека без други дополителни работи тешко може да биде реализирана.

Каде ги гледам причините :
Потреба од инвестиции во тие стари градби, проблеми со инфраструктура / патишта, сообраќајна поврзаност, водовод, амбуланти....

Било кој да реши да се насели треба да мисли на вработување и егзистенција, освен ако не се работи за пензионери со редовни пензии, но и таму ке се јават проблеми со немање амбуланти, редовен автобуски превоз и сл.
За млади луѓе е уште попроблематично, вработување, деца / училишта, амбуланта, превоз....

http://faktor.mk/archives/21721
Примамлива понуда за живот во Мариово-бесплатни домови и здрав живот!

Со цел да се зачува Мариовскиот крај, Општина Новаци понуди иновантно и несекојдневно решение. Донесена е одлука со која на сите оние кои сакаат да се вратат да живеат и работат во Мариово да им издаде општински згради без надомест на користење на долгорочен закуп од неколку децении.


- За да го вратиме животот во Мариово ние донесовме одлука да им го отстапиме на користење
нашите објекти, кои со територијалната децентрализација државата нам ни ги отстапи. На тој начин мислиме дека ќе наговориме некои Мариовци или други наши жители, да дојдат во Мариово, но не само за викендите туку и да останат да живеат – изјави градоначалникот Лазар Котевски.

Во мариовскиот крај постојат голем број на опустошени села без жители.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Доколку обезбедат инфраструктура како што треба јас лично би отишол да живеам
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Сега за сега, Мариово го знаеме....
--- надополнето: 23 јануари 2013 во 13:33 ---
Инаку, да има решено инфраструктура, прво очекувам дека голем број пензионери би решиле да побегнат од гужвата во градовите.

Понатаму, мислам дека пример, на корисници на социјална помош, подобро би било да им обезбедат пример, еднократна помош во вид на обезбедување стока, овци, кози,земја, незнам што, е подобро решение од постојана месечна социјална помош од 2 или 3,000 денари. Ако не грешам, тој крај со векови живееле од сточарство и земјоделие
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Така е ова на ти овци паси :pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
Море школа животна е тоа од дете ако не си со стока растен шо се вика кај ќе одгледуваш.
 
Член од
26 декември 2012
Мислења
79
Поени од реакции
129
И јас сум ЗА, ама со инфраструктура.
Срамота е во 21 век, 100км пруга да ги патуваш 5 саата ако не и повеќе.
Да има асален систем за превоз што ќе ми овозможи да стасам на работа
на време па макар и да станам 2 саата порано би одел.
Од скопскиов воздух по гнасно нема ништо во цела држава.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.966
Поени од реакции
3.681
Мерката на општината за давање живеалишта е добра но не и доволна за нешто помасовно населување на тие напуштени краишта. Добра е за некого кој веке има некоја поврзаност со тој крај и веке нешто работи таму па ова ке му биде добредојде, но тешко дека некој друг кој нема што да работи таму ке се насели само затоа што ке му се даде живеалиште. Покрај живеалиште треба да се обезбедат и други предуслови како: квалитетна земја која може да се наводнува, механизација, стока, убави патишта, амбуланти, училишта, некоја фабрика..... па во тој случај мислам дека би имало заинтересирани за населување на тие области, повекето би биле луѓе кои некогаш се иселиле од таму но сигурно ке има и по некој кој за прв пат би се населил таму.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Убава како идеја, но не се сложувам со тие што спомнале да се направи индустрија (фабрики) за да има кај да работат таму луѓето. Кај е недопрен и чист тој крај, уште индустрија му фали. Идеален е тој предел за сточарство развивање, па и за туризам може да се инвестира, голф терени и слично.
Нека им даде општината бесплатно живеалишта, нека им даде државата бесплатно земја за обработување на луѓето па кој сака нека работи живее. Нормално, проблем е инфраструктурата, но ако се врати (теоретски) животот таму и инвестициите полека ќе си дојдат. Вистинскиот проблем е што никој не сака крави и овци да одгледува или оранжериско производство...
 
M

Muranyi

Гостин
Јас би отишол меѓу врачевите,шаманите,со нив да живеам.Ама во Мариово-не,не е тоа за мене.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Ај, станими Стале Попов,и кажи ни, на арно ли ќе е ова,
што се мисли со твое Мариово............и твојте празни села...
каде петли веќе одамна не пеат и магариња не рикаат.
Карши „Мекиците од Стража“- сега очекувам во најбрзо време,да се отвори продавница со нов македонски бренд,
„Воздухот од Мариово“ - ќе го има прво како пакуван производ,за лична употреба,а потоа се очекува и пуштање на употреба,
„Соба со Мариовски Воздух“ - каде понатаму ќе се и служи само Мариовски производи: дињи,круши,мед,сирење,вино.....
--------------------
Јас секако ќе бегам од овдека,ќе ја напуштам дедовината и ќе се навраќам понекогаш, бидеиќи им е овдека и вечниот дом.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Во најмала рака, може да се поздрави одлуката на општината, која со сигурност не располага со големи средства. Следниот потег треба да биде на државно ниво, односно, Владата да инвестира тука. Ако никој друг, еден куп невработени има што би работеле било што и би имале ако ништо друго, кров над глава.
 

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Во најмала рака, може да се поздрави одлуката на општината, која со сигурност не располага со големи средства. Следниот потег треба да биде на државно ниво, односно, Владата да инвестира тука. Ако никој друг, еден куп невработени има што би работеле било што и би имале ако ништо друго, кров над глава.
Владата да инвестира, да направи фабрики и облакодери, а за невработените да отвори универзитет "Св. Робинзон Крусо" со што ќе можат да се едуцираат и да станат компетитивни на пазарот на труд во Мариово.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Владата да инвестира, да направи фабрики и облакодери, а за невработените да отвори универзитет "Св. Робинзон Крусо" со што ќе можат да се едуцираат и да станат компетитивни на пазарот на труд во Мариово.
Срцка си бе, срцка.
 
Член од
26 декември 2012
Мислења
79
Поени од реакции
129
Во селата нема вода , а не па инфраструктура .
Има, има. И тоа каква вода има. Само се запустени бунарите и чешмите.
Таа вода е 1000 пати почиста и поздрава од ова ѓубре што го пиеме тука
по градовите. Абе оди седи еден месец само на леб, сол и вода и после
напрај крвна слика, па ќе праиме муабет. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom