Да де, стално кога паѓа диктатор е завера, некој шаблон, обоена револуција и слично. Никогаш не е желба за демократизација на системот туку стално странски сили.
Ја пишав уште на почетокот на темата дека овие диктатори паѓаат на ист начин зошто владеат на истот глуп начин како што се владеело пред 50 години. Ама тоа не ви е веројатно туку поверојатни ви се некои шаблони и завери.
Јас сум 100% сигурен дека истите тука што гледате шаблони, доколку се десат вакви протести во Саудиска Арабија нема да гледате шаблони туку ќе ликувате со саудискиот народ кој се дигнал во борба за слобода