Бездомници и по 9 години од Охридскиот договор

Статус
Затворена за нови мислења.

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.451
Поени од реакции
1.791
766 внатрешно раселени лица на ден пред 9-годишнината од Рамковниот

12.08.2010 - 18:14 |
И по девет години од конфликтот во Македонија раселените лица од Арачиново го живеат стариот сон, да се вратат во своите домови.
Но и покрај големата желба и деветгодишна борба за подобро утро, се будат во студенските домови.
Во малите соби во кои се сместени по четири лица, се уште чекорат во ходниците каде мораат да одат внимателно затоа што тие се нивните кујни во кои се сместени предметите за домаќинство.
Се е исто велат, само голем број од нас веќе не се меѓу живите. Рамковниот договор не се имплеметира до крај, па нивните судбини се во рацете на надлежните институции.
Арачиновци бараат забрзување на судските постапки пред сите судови. Веќе им било смачено да чекаат.
Петнаесет предмети на внатрешно раселените лица од Арачиново и понатаму се не се решени. А оние пресуди кои се донесени се мизерни, од 8.000 евра до 20.000. Со нив не можат да си обезбедат покрив над главата.
Околу 800 внатрешно раселени лица во државата меѓу кои Македонци, Роми и Срби се уште се сместени во колективните центри Сениќ, Партение Зографски, Ранка Милановиќ, Здравко Цветковски и Стив Наумов.

Вероника Камчевска
 
fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
мора оваа власта да ги врати македонциве во Арачиново ( ако сакаат ) и да ги вработат сите до еден ... мајка му е и ние мораме да имаме рамковен договор кај што се македонците малцинство .....
 
M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.302
еее Борци за човекови Права што ти прават
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
мора оваа власта да ги врати македонциве во Арачиново ( ако сакаат ) и да ги вработат сите до еден ... мајка му е и ние мораме да имаме рамковен договор кај што се македонците малцинство .....
самите тие несакаат да се вратат во Арачиново
Бараа да им дадат станови на друго место
 
T

Tetro

Гостин
мора оваа власта да ги врати македонциве во Арачиново ( ако сакаат ) и да ги вработат сите до еден ... мајка му е и ние мораме да имаме рамковен договор кај што се македонците малцинство .....
цук... Рамковен важи само за Албанците во Македонија, и никаде на друго место или во друг облик.

http://vlada.mk/node/44

МУСА ЏАФЕРИ - Заменик на Претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковен договор

или, ко ќе си го даеш г`зот под ќирија, немој да бараш друг да ти помогне.
 
fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
самите тие несакаат да се вратат во Арачиново
Бараа да им дадат станови на друго место
браво бе , што очи имаш да ти се чуди човек , три пати го прочитав и никаде не најдов дека сакаат да се вратат во своите домови , напротив

раселените лица од Арачиново го живеат стариот сон, да се вратат во своите домови.
--- надополнето: 12 август 2012 во 21:22 ---
цук... Рамковен важи само за Албанците во Македонија, и никаде на друго место или во друг облик.

или, ко ќе си го даеш г`зот под ќирија, немој да бараш друг да ти помогне.
Ме заболе ташакот , ако после 11 години функционира Рамковен договор , би било добро да се направи и уште еден рамковен договор ама во полза на македонците ....
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
браво бе , што очи имаш да ти се чуди човек , три пати го прочитав и никаде не најдов дека сакаат да се вратат во своите домови , напротив

раселените лица од Арачиново го живеат стариот сон, да се вратат во своите домови.
--- надополнето: 12 август 2012 во 21:22 ---

Ме заболе ташакот , ако после 11 години функционира Рамковен договор , би било добро да се направи и уште еден рамковен договор ама во полза на македонците ....
Денес во Арачиново се вратени само три семејства
http://mppsmk.wordpress.com/2012/03/22/бездомници-и-по-девет-години-по-охридс/
 
fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Секако своеволно , како што еден другар кој учи со мене , ( татко му ) со свои финансии купија стан во македонско население кои беа протерани од Матејче , државава да не им помогнаа и дадоа пари или пак да им помогнат да се вратат во свои огништа ... по толку време ..
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
браво бе , што очи имаш да ти се чуди човек , три пати го прочитав и никаде не најдов дека сакаат да се вратат во своите домови , напротив

раселените лица од Арачиново го живеат стариот сон, да се вратат во своите домови.
.
ај сеа поубаво погледај
уште од тогаш им беа изјавите дека назад не се враќаат

Раселените Македонци од скопското Арачиново, по минатонеделните палења на три македонски куќи во селото, одлучија цврсто да застанат зад своето барање Владата да им изгради нови привремени живеалишта.

http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2072&stID=14110
 
fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
ај сеа поубаво погледај
уште од тогаш им беа изјавите дека назад не се враќаат

Раселените Македонци од скопското Арачиново, по минатонеделните палења на три македонски куќи во селото, одлучија цврсто да застанат зад своето барање Владата да им изгради нови привремени живеалишта.

http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2072&stID=14110
од која година е ?

Број 2072 сабота, 18 март 2006

сега е 2012 , но што правиме со имотот кој си го стекнаа ( земјиште ) и куќите одземени и населени со албанци ?
Би сакал барем да им се врати земјиштето и не верувам дека е толку лошо да се вратат ...

П.С: привремени станови/куќи ( запалени ) , но не наведоа каде , можеби мислесва за во Арачиново
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.155
Поени од реакции
4.953
Петнаесет предмети на внатрешно раселените лица од Арачиново и понатаму се не се решени. А оние пресуди кои се донесени се мизерни, од 8.000 евра до 20.000. Со нив не можат да си обезбедат покрив над главата.
Околу 800 внатрешно раселени лица во државата меѓу кои Македонци, Роми и Срби се уште се сместени во колективните центри Сениќ, Партение Зографски, Ранка Милановиќ, Здравко Цветковски и Стив Наумов.

Вероника Камчевска
Нека ми одговори некој на овие прашања :

- Дали добиле 8.000-20.000 евра обесштетување?
- Дали живеат 11 години без ниеден трошок ?
- Дали барале нови куќи да им се изградат во градските средини?
- И дали поред сето ова сеуште се сопственици на куќите во Арачиново или Матејче ?
- Ако ги продале имотите во овие села , тогаш зошто сеуште живеат со државна помош ?
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045

Затоа што не се од *вашите* .....и доста пљукаш ....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.695
Поени од реакции
12.109
Без врска, ова за македонците ова не важи. Се што знае јавноста е едната страна на "угнетените"... 25%, јазикот и вработувањата. Воопшто не се спомнува враќање на раселените лица, засилени отселувања и слично...како да е баук тема.

3. Враќање на бегалците, ревитализација и обнова
3.1. Сите страни ќе работат да обезбедат враќање на бегалците кои се граѓани или имаат законски престој во Македонија и на раселените лица, во нивните домови, во што е можно покус временски период, и ја повикуваат меѓународната заедница, а особено УНХЦР, да помогне во овие напори.

Не се гради патриотизам со споменици и менување историја него сигурност и безбедност на македонците бегалци и македонците кои тековно живеат во тие места, а кои постојано се чистат и зголемуваат.
Џабе им се стокатниците во Аеродром, нема да ги збере сите.
 
fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Нека ми одговори некој на овие прашања :

- Дали добиле 8.000-20.000 евра обесштетување?
- Дали живеат 11 години без ниеден трошок ?
- Дали барале нови куќи да им се изградат во градските средини?
- И дали поред сето ова сеуште се сопственици на куќите во Арачиново или Матејче ?
- Ако ги продале имотите во овие села , тогаш зошто сеуште живеат со државна помош ?
Ако вие ги плаќате , а нас да не отстраните од таа одговорност :свиркам:
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Предлогот-населба-плацеви-куќи за Арачинци,мислам беше добар
но се испушти таа шанса,сите да бидат на едно место во населба Хиподром,а болдужери почнаа да рамнат ден два и се повлекоа, местото се уште стои празно и неискористено.
Значи ќе добиева скоро сите раселени Арачиновци нови куќи.
Факт е дека долги години Арачиновци живеат на државен трошок.
Многу од Арачиновци на време си ги продадоа куќите,за „добри“ пари.
Многу од истите си купива или направија нови куќи по населбите-селата.
Факт е дека им се помагаше од сите страни,додека се раселени.
Со секакви донации-помош,исхрана,облека и слично па дури и трици за стока,(која повеќе ја немаа) ама која веднаш ја продаваа.
Е стварно е тешко во една соба,и децата веќе пораснаа и затоа повеќето сами се иселија,поради подобри услови во купените куќи.
Е само таму ќе треба сами да си готват,нема веќе на готово,земај плата а друг да те рани(повеќето се на државна работа)
Освен оние постари земјоделци,кој немаат друго решение и излез,тие се останати,или оние кој не ги продале куќите,ако има такви,и ако им стојат се уште празни таму во селото.Тие ќе бараат решение од државата и тоа и го чекаат. А знам дека и доста починаа таму живејќи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom