Безбедносни системи и видео надзор, дигитални снимачи

Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Супер тема, таман кога размислував за поставување на видео надзор.

Значи се работи за место одалачено некои си 20-30 километри од дома каде што сакам да поставам видео надзор, ме интересира што се е потребно (и каква камера, цена итн) да биде поставено на местото таму за да можам јас од дома да следам што се снима ?
Поврзувањето на компјутер оди на следниот начин.
1.Се вградува посебна видео картица на слободниот PCI слот што го имаш на матичната плоча,се инсталира софтвер кој ке го трансформира видео сигналот од камерата и ке овозможи да се запише на меморијата од компјутерот(на Хард диск)
2.Цените варираат,но само да знаеш дека поевтините видео карти немаат своја РАМ меморија,па ја користат меморијата од компјутерот,и неговата брзина се намалува.Но ако го користиш само за видео надзор тогаш нема проблеми,но ако ти е и за работа тогаш ке треба подобра конфигурација
3.Цените почнуваат од некои си 800денари за PICO 2000 со 4 влеза за 4 камери до 50евра за GEOVISION 850/1000 но видео карта за 8камери со екстензија за 16
4.Има и друга варијанта а тоа е DV-R или дигитален видеорекордер кој записот го запишува на хард диск.Е сега тука цените се доста паднати(Кина...)така да може да се најде и за мала сума добар рекордер кој пак го приклучуваш на ТВ на видео влез и ја гледаш камерата во живо.
5.Цените на камерите се доста паднати.Значи една економска класа на камера со 680тв линии,со IR диоди за нокно гледање и weather proof кукиште можеш да ја најдеш за 30евра.За неа ке ти биде потребен исправувач од 220/12в и 1А струја(може и појак не е проблем)
6.Секоја видео картица има можност за конекција на интернет,односно следење live.Е сега ако си малку надарен за компјутери сигурно знаеш за port forwarding на рутер и DNS адресирање.Ако не можеш да се снајдеш најди некој кој има осет за тие работи и опааааа,live pictures

Се надевам дека објаснав....
--- надополнето: 14 декември 2012 во 15:41 ---
Супер објасни , а камерите се поврзуваат со кабел од самата камера или се купува тоа посебно ?
Значи се купува кабел кој многу личи на оној што го користиме дома за кабловска,но разлликата е во отпорот.Кабелот за видео надзор е 75ома,а тој за Тв е 50ома.Се губи на квалитет на слика.Инаку типот на кабелот е RG 59 B/U а цените се паднати,така да можеш да го најдеш за 35ден/метар.За напојување можеш да користиш 2x0.5/0.75 бидејки се работи за мала струја,но за поголема далечина и пресекот треба да се зголеми.Но за растојание поголемо од 50-60 метри...
--- надополнето: 14 декември 2012 во 15:44 ---
За дома е одлично , не само за провалници туку и за надгледување на деца или ако некоја бебиситерка сака да прави домашна журка :)
Да точно е тоа,и за надгледување на деца а и бебиситерки.Но тука веке се навлегува во една друга област.Нарушување на приватноста.Јас колку што сум запознаен ако се има видео надзор треба да се залепи на објектот дека е под видео надзор и дека секој има право да побара запис ако е нарушена неговата безбедност или приватност.Мислам дека е така,ако не се лажам...
--- надополнето: 14 декември 2012 во 15:47 ---
Безбедносни системи,камери,видео надзор и катанци
Се срам за една компанија,
а не спас.Од арамии неможеш да се зачуваш,
поготово од автохтони-внатрешни-свој,кој се и најчесто такви.
Има милон докази дека не се срам за една компанија,туку се придобивка напротив.Можам да ти набројам милион примери каде се решени многу внатрешни кражби баш со помош на видео надзор,но од морална точка и етика не дискутирам на таа тема...
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
А квалитетот на сликата зависи од ......... ?
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
А квалитетот на сликата зависи од ......... ?
Неколку фактори и тоа
1.Квалитетот на камерата.Нормално што поскапа тоа и подобра.Сега со новата генерација на IP камери со мегапиксел објективи имаш прекрасна слика.
2.Графичка карта.Сигналот се процесира низ компјутерот.Знали поубава графичка и поубава слика
3.Дали ке снима со квалитет 350x288 или 760x340 зависи од тебе и нормално од хард диск.Помал хард диск и помалку снимка
4.Квалитет ка видео кабелот,исправувачот како и како е водена инсталацијата(енергетски кабли,кабли за интернет,сателитска антена,и сл)
--- надополнето: 14 декември 2012 во 16:01 ---
Зошто јас треба да имам алармен систем?
Инсталиран алармен систем ги намалува шансите за провална кражба и оштетување на заштитени објект. Дури и ако алармен систем не спречува крадец да влезат во заштитени дел од зградата, сигурно е дека ќе се спречи тој да биде таму за долго време, така што ќе го задржи на штета (украдениот имот) ќе бидат сведени на минимум, бидејќи додека се зафатени алармните сирени се веке активирани.

Што треба да поседува еден алармен систем?
Повеќето алармни системи инсталирани имаат на врата магнетни контакти, детектори на движење, внатрешни и надворешни сирени.
Најдобро решение е дека сите надворешни пристапи. потенцијал влез во заштитено подрачје се предвидени магнетни контакти кои реагираат на отворањето. Стакло сензори се препорачуваат во комбинација со магнетни контакти.

Надворешна IR бариери, исто така, спаѓаат во детектори за заштита на надворешните делови на објектот. Детектори на движење не треба да биде основно средство за откривање, бидејќи тие реагираат само по некој е веќе влезен во заштитеното подрачје.

Основните елементи на стандардна верзија на безбедност алармен систем се:

На контролната табла (аларм панел): контролната единица на алармен систем, од кои еден дел е поврзан со сите други елементи на систем каде што се наоѓа објектот,а другиот дел директно е поврзан со телефонска линија со мониторинг центарот на агенцијата за обезбедување.

Шифра (тастатура): дел од еден систем дизајниран да го вклучите алармен систем
Сирени (внатрешни и надворешни): Делови на системот со звук и светло за сигнализација катастрофа предвиде
Детектори на движење (внатрешна): Делови на системот која ги детектира промените предизвикани од движење во просторот, постојат и специјални сензори кои се имуни на движење на домашни миленици
Магнетни контакти (прозорци и врати): вклучи алармот при отварање на врати и прозорци
Централниот мониторинг станица (се наоѓа во компанијата која го инсталирала алармниот систем): ако системот е оддалечен следи (во прилог на мониторинг центар), кога алармот контролен панел испраќа порака до централниот мониторинг станица, која се следат 24 часа на ден. По јавите на сопственикот на алармен систем, мониторинг центар известува полицијата, пожарна или итна медицинска служба. Оваа услуга е обично наплаќаат на месечна основа.
Во прилог на основни, алармен систем може да бидат опремени со дополнителни елементи: детектори на пожар - стакло пауза детектори - паника копче осетлива на допир притисок (тежина), сместен под подот или ламинат - видео надзор за следење и / или снимање на настани во и надвор од објектот - аларм прозорец филмови (заштита од стакло оштетување).
Работи што треба да ги држи во умот во врска со безбедноста алармни системи
Провалници се свесни за фактот дека безбедносен систем звучи кога ќе влезат во заштитени објектот и да испрати информација за пауза во оддалечена локација преку телефонски линии. Повеќето од телефонски линии надвор од зграда е лесно достапен и затоа се изложени на можни прекини (ресекција). Ако телефонска линија се сече, безбедноста алармен систем не е во можност да обезбеди информации за провална кражба централниот мониторинг станица. Ако телефонска линија е поврзан со подземни кабли, крадците не ќе бидат во можност да се оневозможи на телефонската линија додека не се пробие во заштитени објект. Во секој случај, добро е да има сигурна телефонска линија, без оглед на тоа дали имате алармен систем или не.

Запомнете:
Алармниот систем нема да ги спречи крадците од кршење во вашиот дом.
Во прилог на алармен систем, ќе биде добро да имаш безбедност вратата и прозорецот катанци и безбедноста пред сè, на правилните навики за безбедност....
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Неколку фактори и тоа
1.Квалитетот на камерата.Нормално што поскапа тоа и подобра.Сега со новата генерација на IP камери со мегапиксел објективи имаш прекрасна слика.
2.Графичка карта.Сигналот се процесира низ компјутерот.Знали поубава графичка и поубава слика
3.Дали ке снима со квалитет 350x288 или 760x340 зависи од тебе и нормално од хард диск.Помал хард диск и помалку снимка
4.Квалитет ка видео кабелот,исправувачот како и како е водена инсталацијата(енергетски кабли,кабли за интернет,сателитска антена,и сл)
Имам графичка (256) GeForce 8400 GS би имал ли добра слика или треба нешто подобро ?
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Ке можеш да компензираш со подобра камера за да не се зафркаваш со графичката карта......Пожелно е да имаш нешто подобро,но ако не си во можност не е старшно.И една друга важна работа.Снимањето во 99% случаи снима во неколку формати,мегу кои WMV,така да со обработка на снимката ке добие солиден видео запис(не дај боже да ти притреба)....
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Ке можеш да компензираш со подобра камера за да не се зафркаваш со графичката карта......Пожелно е да имаш нешто подобро,но ако не си во можност не е старшно.И една друга важна работа.Снимањето во 99% случаи снима во неколку формати,мегу кои WMV,така да со обработка на снимката ке добие солиден видео запис(не дај боже да ти притреба)....
Благодарам за информациите ми помогна многу
 
А

Атомската мравка

Гостин
Не се замарај со безбедносни системи , купи си го ова и уживај

http://www.gizmag.com/wowwee-rovio-wifi-robot-webcam/8606/
Непрактично е ова зошто не ми е целта да снима кај мене дома, туку поентата ми е да снима поголем простор како што е викендица во која не живеам, гаража и поголем двор значи ова сигурно отпаѓа од таа варијанта.

Поврзувањето на компјутер оди на следниот начин.
Накратко..
- 800-3000 ден за видео картица
- Камера (една ми треба само) колку би била цената на добра што би снимала и ноќе и при врнежи и слично ? Гледам пиша 30 евра но имам слушнато за некакви си ИП камери кои чинеле 100-150 евра и биле одлични за снимање/надзор. Имам и уште некои прашања.. значи да речеме таа ип камера ја монтирам на објектот дали имам можност од дома да ја ротирам во кој правец јас сакам, има ли опција да се намести да детектира движење и да се врти во тој правец да снима и дали има опција истовремено со снимањето и да слика кога детектира движење и истите слики јас веднаш да ги добивам на компјутерот кој е на далечина од 20тина километри од местото каде што ми треба видео надзорот.

Покрај камерата во објектот каде што ќе ја монтирам камерава освен приклучок во струја што друго ќе ми биде потребно, сигурно треба (ип) камерата да има и пристап до интернет како оди тоа ? Значи ми треба една камера само што би ротирала по моја желба, да снима и при движења да праќа слики одма на мејл + да снима/зачува видео секако.. па ако ја приметат и ја уништат јас веќе да си имам доказен материјал.
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Непрактично е ова зошто не ми е целта да снима кај мене дома, туку поентата ми е да снима поголем простор како што е викендица во која не живеам, гаража и поголем двор значи ова сигурно отпаѓа од таа варијанта.



Накратко..
- 800-3000 ден за видео картица
- Камера колку би била цената на добра што би снимала и ноќе и при врнежи и слично ? Гледам пиша 30 евра но имам слушнато за некакви си ИП камери кои чинеле 100-150 евра и биле одлични за снимање/надзор. Имам и уште некои прашања.. значи да речеме таа ип камера ја монтирам на објектот дали имам можност од дома да ја ротирам во кој правец јас сакам, има ли опција да се намести да детектира движење и да се врти во тој правец да снима и дали има опција истовремено со снимањето и да слика кога детектира движење и истите слики јас веднаш да ги добивам на компјутерот кој е на далечина од 20тина километри од местото каде што ми треба видео надзорот.

Покрај камерата во објектот каде што ќе ја монтирам камерава освен приклучок во струја што друго ќе ми биде потребно, сигурно треба (ип) камерата треба да има и пристап до интернет како оди тоа ? Значи ми треба една камера само што би ротирала, снимала и при движења да праќа слики одма на мејл.. па ако ја приметат и ја уништат јас веќе да си имам доказен материјал.
Значи камерата што ти ја дадов како пример е за нокно снимање(IR диоди) и е weather proof case,што значи е предвидена за надворешна употреба.IP камерата нема опција за вртење,тоа е веке во домен на dome roto camera,односно камера која има посебно кукиште кое ротира 350 степени во круг и зумира.Такво задоволство на времето чинеше 3000евра,а сега за 500евра можеш да најдеш со солидни карактеристики и кукиште гратис.

За IP камерата ке ти треба пристап преку интернет или од некој свич или рутер.....И нормално мрежен кабел CAT 5E или 6Е...
--- надополнето: 14 декември 2012 во 16:35 ---

--- надополнето: 14 декември 2012 во 16:37 ---

--- надополнето: 14 декември 2012 во 16:38 ---


За надворешна монтажа со weather proof case и IR диоди за нокно гледање.Кај нас се околу 50евра малопродажна цена...
--- надополнето: 14 декември 2012 во 16:46 ---


Една од поевтините варијанти за видео надзор PICO 2000.4 влезови за камери,без своја меморија.За една камера за домашна употреба добар избор..
--- надополнето: 14 декември 2012 во 16:48 ---


GV 650 за 8 камери со екстензија за 16 камери.Сопствена меморија,со добар софтвер и можност за приклучување на интернет.Солиден избор за домашна употреба ако се има повеке од 2 камери....
--- надополнето: 14 декември 2012 во 16:53 ---


DV-R или Дигитален Видео рекордер.Снимање на HDD со доста добар квалитет.Опција за приклучување на интернет.Инвестиција за оние кои не сакаат да се зафркаваат со комјутери.Комплетно независен систем за видео запис.
--- надополнето: 14 декември 2012 во 17:02 ---

Заштита - далечина 12метри
Визуелен агол 90 °
Двојна оптика - два ИЦ елементи
Неосетливост на животни до 40кг
100% дигитален сензор
Дигитално Авто - процесирање на сигнали
Автоматска компензација на температура
Автоматска обработка на сигнали
Метална заштита од RF и ЕМ пречки(Радио сигнали и Електро магнетни сигнали)
Вертикално подесување на сигналот(2.1 до 2.4м)

Сензор за движење или PIR(Passive Infrared Motion)детектор


Детекција на целот спектар на кршење на стакло
Осетливост до 9м и агол од 45степени

Сензор за кршење на стакло
--- надополнето: 14 декември 2012 во 17:05 ---


Спектар 67cm x 6м
Визуелен агол од 360 степени
Наменети за таванско монтирање
Два двојни елемент IR
100% дигитален сензор
Два релејни излези
Разликува дојдовни и појдовни движење
Дигитално авто - процесирање на сигнали
Автоматска компензација на температура
Автоматска обработка на сигнали
Метал заштита од RF и ЕМ пречки
тампер заштита

Сензор за движење за монтажа на плафон
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Јас користам парадокс опрема: 4сензори за соби и еден за гаража кој не реагира на мачки, тастатура, сирена итн. Ми местеа од Никоб.
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466


High speed dome camera
Ротациона Доме Камера со опција за гледање преку интернет,со 350степени ротација,зумирање....
--- надополнето: 14 декември 2012 во 17:18 ---
Јас користам парадокс опрема: 4сензори за соби и еден за гаража кој не реагира на мачки, тастатура, сирена итн. Ми местеа од Никоб.
Добар избор...
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
401
Поени од реакции
307
Гледам на некои смешно им е ова, на еден другар комбето им го беа украле од пред куќата, си стави камера у дворот и си ја сврза со PC, од тогаш параноја го фати си нема гајле сеа :D
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Гледам на некои смешно им е ова, на еден другар комбето им го беа украле од пред куќата, си стави камера у дворот и си ја сврза со PC, од тогаш параноја го фати си нема гајле сеа :D
како надополнување на ова, пошто сум и јас во тој вид на раб, имајте во предвид да биде усогласено со законот користењето на камера. односно, на јавни површини има право само мвр. значи, кога се снима, да се снима САМО својот дел. е сега, како еден вид на осигурување дека го следиш законот, ке си ставиш и сензори за движење во сопствениот дел, па камерата ќе се активира и снима само кога ќе биде активиран сензорот за движење. и тука ако фати мал дел што не е во твоето земјиште, двор, ..... не е голем проблем.
П.С. од пракса, не сум ЗА оваа комбинација, пошто не секогаш е успешно сминањето. едноставно мачката, кучето, човекот поминал побрзо од мом на реакција на системот
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466


Комбинација од сензор за движење и CCD камера интегрирани во едно.Нуди заштита како сезнор за движење во алармен систем и видео камера.Најмногу се користи во објекти каде има опрема со осетлива материја како и на места каде е потребен дискретен видео надзор.

Омразена кај вработените,а омилена кај работодавците:vozbud::vozbud:
--- надополнето: 15 декември 2012 во 14:18 ---


Сензор за детекција на чад и отворен оган(топлина)
На овој сензор никој не придава големо значение се додека не се случи некоја хаварија.Работи на ист принцип како и сензорот за движење,но со таа разлика што IR сензорот се наога внатре во кукиштето и детектира проток на воздух.Ако количината се зголеми тогаш тој преминува во алармна состојба.
--- надополнето: 15 декември 2012 во 14:21 ---


Паник тастер безжичен....
Неопходен дел од еден алармен систем,но никој не му придава големо значење.Емитира тивка дојава до мониторинг центарот,за да се делува што е можно поефикасно без последици.
--- надополнето: 15 декември 2012 во 14:26 ---


Надворешна сирена.Најважниот дел од еден алармен систем.Двојно оклопена со самозаштита од недозволено отварање и со сопствено напојување.Времетраење на свирење на сирената зависи од времетраењето на настанот,како и од неовластеното отварање на истата.Изработена од ABS пластика во разни форми.Сила на свирење во зависност од производителот.Кај нас нема правилник за db на сирената,но во ЕУ е дозвоелно макс.70db...
--- надополнето: 15 декември 2012 во 14:32 ---


IR бариера.За мене светска работа но само каде се има метална ограда.Домет од 5-15м.Радиус 30степени агол.Со опција за reduce false alarm како и ширење на IR зраците.
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
како надополнување на ова, пошто сум и јас во тој вид на раб, имајте во предвид да биде усогласено со законот користењето на камера. односно, на јавни површини има право само мвр. значи, кога се снима, да се снима САМО својот дел. е сега, како еден вид на осигурување дека го следиш законот, ке си ставиш и сензори за движење во сопствениот дел, па камерата ќе се активира и снима само кога ќе биде активиран сензорот за движење. и тука ако фати мал дел што не е во твоето земјиште, двор, ..... не е голем проблем.
П.С. од пракса, не сум ЗА оваа комбинација, пошто не секогаш е успешно сминањето. едноставно мачката, кучето, човекот поминал побрзо од мом на реакција на системот
Кај си во која фирма,можеби се знаеме.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom