- Член од
- 21 мај 2009
- Мислења
- 876
- Поени од реакции
- 466
Поврзувањето на компјутер оди на следниот начин.Супер тема, таман кога размислував за поставување на видео надзор.
Значи се работи за место одалачено некои си 20-30 километри од дома каде што сакам да поставам видео надзор, ме интересира што се е потребно (и каква камера, цена итн) да биде поставено на местото таму за да можам јас од дома да следам што се снима ?
1.Се вградува посебна видео картица на слободниот PCI слот што го имаш на матичната плоча,се инсталира софтвер кој ке го трансформира видео сигналот од камерата и ке овозможи да се запише на меморијата од компјутерот(на Хард диск)
2.Цените варираат,но само да знаеш дека поевтините видео карти немаат своја РАМ меморија,па ја користат меморијата од компјутерот,и неговата брзина се намалува.Но ако го користиш само за видео надзор тогаш нема проблеми,но ако ти е и за работа тогаш ке треба подобра конфигурација
3.Цените почнуваат од некои си 800денари за PICO 2000 со 4 влеза за 4 камери до 50евра за GEOVISION 850/1000 но видео карта за 8камери со екстензија за 16
4.Има и друга варијанта а тоа е DV-R или дигитален видеорекордер кој записот го запишува на хард диск.Е сега тука цените се доста паднати(Кина...)така да може да се најде и за мала сума добар рекордер кој пак го приклучуваш на ТВ на видео влез и ја гледаш камерата во живо.
5.Цените на камерите се доста паднати.Значи една економска класа на камера со 680тв линии,со IR диоди за нокно гледање и weather proof кукиште можеш да ја најдеш за 30евра.За неа ке ти биде потребен исправувач од 220/12в и 1А струја(може и појак не е проблем)
6.Секоја видео картица има можност за конекција на интернет,односно следење live.Е сега ако си малку надарен за компјутери сигурно знаеш за port forwarding на рутер и DNS адресирање.Ако не можеш да се снајдеш најди некој кој има осет за тие работи и опааааа,live pictures
Се надевам дека објаснав....
--- надополнето: 14 декември 2012 во 15:41 ---
Значи се купува кабел кој многу личи на оној што го користиме дома за кабловска,но разлликата е во отпорот.Кабелот за видео надзор е 75ома,а тој за Тв е 50ома.Се губи на квалитет на слика.Инаку типот на кабелот е RG 59 B/U а цените се паднати,така да можеш да го најдеш за 35ден/метар.За напојување можеш да користиш 2x0.5/0.75 бидејки се работи за мала струја,но за поголема далечина и пресекот треба да се зголеми.Но за растојание поголемо од 50-60 метри...Супер објасни , а камерите се поврзуваат со кабел од самата камера или се купува тоа посебно ?
--- надополнето: 14 декември 2012 во 15:44 ---
Да точно е тоа,и за надгледување на деца а и бебиситерки.Но тука веке се навлегува во една друга област.Нарушување на приватноста.Јас колку што сум запознаен ако се има видео надзор треба да се залепи на објектот дека е под видео надзор и дека секој има право да побара запис ако е нарушена неговата безбедност или приватност.Мислам дека е така,ако не се лажам...За дома е одлично , не само за провалници туку и за надгледување на деца или ако некоја бебиситерка сака да прави домашна журка
--- надополнето: 14 декември 2012 во 15:47 ---
Има милон докази дека не се срам за една компанија,туку се придобивка напротив.Можам да ти набројам милион примери каде се решени многу внатрешни кражби баш со помош на видео надзор,но од морална точка и етика не дискутирам на таа тема...Безбедносни системи,камери,видео надзор и катанци
Се срам за една компанија,
а не спас.Од арамии неможеш да се зачуваш,
поготово од автохтони-внатрешни-свој,кој се и најчесто такви.