Бегање од проблеми - решение или самозалажување?

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Не видов ваква тема, па сметав дека е тема за дискусија врз основа на човековата психа.
Дали некогаш сте посакале да избегате од реалноста? Од проблемите околу вас?
Сите имаме лоши денови во животот, проследени со безброј расправии и заморувања. Секако, никој од нас не сака да води живот исполнет со недоразбирања и проблеми, сите трагаме близу до совршенството. Но, бидејќи е невозможно се да оди под конец, сигурно сите сме посакале барем еднаш да избегаме од се, се да исчезне и да сме потполно сами, во мир и тишина, неосудени од никого, одмор од сите, далеку од проблемите.
Што мислите? Дали е тоа потсвесно изговорено во моментот на врвното достигнување на напнатост врз сопствената психа? Дали помислуваме што всушност понатаму, па макар и да е можно да се случи тоа?
Или пак, тоа би било решение, да оставиш се и буквално да не се замараш со ништо? Во спротивно, ништо повеќе од залажување дека се ќе биде во ред?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Бегањето од проблемите не решава ништо... едноставно проблемите сеуште се тука, си стојат и се наталожуваат се повеќе и повеќе.

Одморот и релаксацијата можат доста да влијаат на психичката состојба и способноста за рационално размислување. Конкретно мене, одмор на 2-3 дена ми годи, но сепак и таму неможеш 100% да се опуштиш и да заборавиш што те чека кога ќе се вратиш назад. А за замарањето... стално се трудам што помалку да се замарам, со размислување ништо не се решава (планот треба да профункционира на дело), само се создаваат главоболки.

И досега не сум посакал да избегам од се... баш ми е добро таму кај што сум, без разлика на подеми, падови, разочарувања во животот.
 

InSuLaNeR

A man who never was a boy.
Член од
13 јули 2009
Мислења
878
Поени од реакции
107
Па гледај сега имаш 2 опции едната да го решиш проблемот а другата да го изоставиш па после ќе го заборавиш и кога ќе ти биде најтешко или кога ќе имаш поголеми проблеми ќе дојде и овој па се ќе ти се собере и тогаш ќе стане уште по зафркнато!!!
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Сум посакала да избегам од проблемите,од реалноста еден мал милион пати,сум се обидела во нешто помал број,али никогаш не ми успеало.Не можеш да побегнеш од проблемите,невозможно е од проста причина што нема каде,од оваа во друга кожа не може никој.:)

Можеш да ги оттргнеш мислите извесно време,да се обидеш да не мислиш на нив,да се окупираш со нешто трето,али кога и да е ќе мораш да се вратиш во реалноста,колку и да ти изгледа сурова.
Не можеш да избегаш од проблемите,оти и не треба ти да бегаш од нив,туку да ги избркаш нив,а тоа не е воопшто лесно,но е најпаметно.Има моменти кога решавањето на проблемите се чини невозможно,тензијата се зголемува,фрустрациите и болката растат и тогаш расте и желбата да оставиш се`,едноставно да кренеш раце од се` и се` ти станува сеедно.Но,не го правиш тоа,туку продолжуваш да се трудиш и да се бориш дури и тогаш кога не ти е јасно од каде имаш волја,желба и енергија за такво нешто.Продолжуваш по инерција,зашто мислиш дека немаш друг избор или затоа што знаеш дека не би си простил себеси ако не го сториш тоа.

Да,решавањето на проблемите да го одложиш некое време е нормално и разбирливо донекаде,но бегањето од проблемите или нивно игнорирање е секогаш глупаво и во повеќето случаи невозможно.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Сите сакаме да избегаме од проблемите, лично мене не ми прави ќеиф тоа што треба да се соочувам со нив и сакам да си живеам во мојот свет каде нема проблеми и се е совршено. Ама тоа е невозможно, нереално. Едноставно факт е дека живееме во реалност која е убава, но и исполнета со проблеми и едноставно бегството од нив е само едно огромно себезалажување... А можеш да бегаш од нив, ама тие пак ќе ти бидат еден огромен товар на грбот и никогаш човек нема да се осеќа слободен секогаш ќе има потсвесен немир. Подобро е кога имаш проблеми што побрзо да го најдеш решението, барем побрзо ќе завршат сите срања, а вака ако бегаш само ги одолговлекуваш и сам себе се зезнуваш и си правиш да ти е потешко.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Ако можеш да избегаш можеш и физички некаде далеку, само напред, само ако сакаш да избегаш од нив. Но ако не сакаш вистински, нема проблем, ќе приметиш дека ти се тука во главата. Од лично искуство.
 
S

smart ass

Гостин
Дали мислите дека ова баш ја понуди младината да бега од проблеми-но на девијантен начин...алкохол,цигари и дрога,насилство..
 

MK_Devojce

I simply don't care...
Член од
2 август 2009
Мислења
468
Поени од реакции
162
Најлесно е да се бега од проблемите и да се одложува нивното решение, но колку повеќе бегаш од некој проблем толку повеќе ќе биде присутен. Сите знаеме дека треба храбро да се “застане„ и да се соочиме со проблемите но не е така лесно... Сепак најдобро е еднаш засекогаш да се соочиш со проблемот но за тоа не треба само зборување туку и дела.
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Бегањето од проблемите не е никакво решение.Во моментот може да ти олесне но потоа само на купче ти се собираат проблеми и што повеке проблеми имаш толку потешко ке биде да ги решеш.Затоа се навреме треба да е.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Не видов ваква тема, па сметав дека е тема за дискусија врз основа на човековата психа.
Дали некогаш сте посакале да избегате од реалноста? Од проблемите околу вас?
Сите имаме лоши денови во животот, проследени со безброј расправии и заморувања. Секако, никој од нас не сака да води живот исполнет со недоразбирања и проблеми, сите трагаме близу до совршенството. Но, бидејќи е невозможно се да оди под конец, сигурно сите сме посакале барем еднаш да избегаме од се, се да исчезне и да сме потполно сами, во мир и тишина, неосудени од никого, одмор од сите, далеку од проблемите.
Што мислите? Дали е тоа потсвесно изговорено во моментот на врвното достигнување на напнатост врз сопствената психа? Дали помислуваме што всушност понатаму, па макар и да е можно да се случи тоа?
Или пак, тоа би било решение, да оставиш се и буквално да не се замараш со ништо? Во спротивно, ништо повеќе од залажување дека се ќе биде во ред?
Ее Мацо, го иаме праено муабетов. И со тоа ја знам целта на овој муабет.

Работата е што, бегањето од проблемите не ги решава истите, а проблемот додека не се реши нема да исчезне.
Такада, ако не ги решиш, кога бегаш само ќе се собираат и собираат, се додека не те акнат по глава сите одеднаш.
Во принцип тоа ти е ко да не переш алишта, само се собираат и собираат, и после кога ќе останеш без ништо чисто, дур да испереш се ќе се изнамачиш, а меѓувреме ќе одиш гола. :)
Такада, бегање од проблеми не, на никој начин, особено не со пороци, и слично. Најдобро е да се соочиш, да средиш работа, и да си продолжиш со животот со едно гајле помалку.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Мислам дека дистанцирањето од проблемите води кон нивно решавање, зашто секогаш бараме совети од други, зашто сите останати освен човекот со проблемот можат да размислуваат со побистра глава и потрезвено од тој со проблемот, со тек на време сложувалката се мести самата и се доаѓа на свое место.
 

MK_Devojce

I simply don't care...
Член од
2 август 2009
Мислења
468
Поени од реакции
162
Мислам дека дистанцирањето од проблемите води кон нивно решавање, зашто секогаш бараме совети од други, зашто сите останати освен човекот со проблемот можат да размислуваат со побистра глава и потрезвено од тој со проблемот, со тек на време сложувалката се мести самата и се доаѓа на свое место.
Не мора да значи, не се сите исти проблеми исти, повеќето додека не ги решиш нема сами да исчезнат.
 
Член од
31 мај 2008
Мислења
803
Поени од реакции
32
Јас најчесто ги решавам проблемите.Бегањето од нив е самозалажување дека се ќе се среди
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Не мора да значи, не се сите исти проблеми исти, повеќето додека не ги решиш нема сами да исчезнат.
Точно но јас алудирав на друга поента, решение на проблемот полесно ќе најдеме доколку се дистанцираме од него и потрезвено и подолго размислуваме на таа тема а притоа треба и сите варијанти да се земат во предвид.
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Бегањето не дава ништо друго освен една лажна сигурност со која сметаме дека можеме да ги оставиме позади нас проблемите,но реално тие не следат се додека не бидат решени.
Ние бегаме,а проблемите си остануваат или пак се натрупуваат уште повеќе...
Најчесто за да не размислуваат луѓето започнуваат некоја друга активност која ќе им го одвлече вниманието и облакот што им виси над глава и ја насочуваат енергијата кон нешто сосема неповрзано со проблемот кој со тоа се пролонгира до немајкаде.
И алкохолот е еден вид “засолниште“,но тоа трае само до наредното утро кога ќе се разбудите со мамурна глава и истите нерешени проблеми.
Истото важи и за дрогата како и за неконтролираното коцкање.

Преселување од едно место на друго,честа промена на работното место,скокање од една врска во друга-се само дел од бегствата со кои се залажуваме дека можеби наредниот пат ќе биде подобро а проблемот што не измачувал ќе го оставиме позади нас и ќе биде заборавен.
Да обвинуваме па други поради нашите проблеми е уште попатетично.Не сме жртви на околностите.Се работи за нашиот живот и нашата одговорност према него.
Никој не сака проблеми,но сите мораме да се соочиме со нив.Кога ќе се појават треба да ги решиме најбрзо што може за да не ни претставуваат никаков товар понатаму.

“We can't solve problems by using the same kind of thinking we used when we created them.”
 

Kajgana Shop

На врв Bottom