од прости и глупи луѓе со кои всушност не знаеш зошто воопшто правиш муабет, бегам и од ситуации каде не можам да одолеам а да не му се развикам на некој.
...од луѓе кои ме напинаат и во чие друштво не се чувствувам ни пријатно ни своја....
...од ограничености, стереотипци, негативци, од трепкачи, од кремчиња и шминкери, со еден збор - од оние што едноставно немаат што да кажат...
...од лажни пријателства...
... од сопствените чувства кога сфаќам дека се многу поразлични од калапот во кој ги обликувам....
....од разумот кога ќе сфатам дека не можам да избегам од претходното...
- од луѓе кои зборат само за политика и отекуваат за одредена политичка партија,
- од шмизли, фуфици и пуфли,
- од кучињата скитници низ градов (се надевам ќе има некоја организација која ќе ги собере овие кучиња и ќе се грижи за нив, не дека не ги сакам тие кучиња него многу одамна ќе ме изедеа за малку и страв ми е сеа )
- и некoгаш сакам од самата себе да избегам ама нема
Исто... Да моеш да негираш секаков тип на емоција и разумна мисла која доаѓа од тебе, и едноставно да забораеш на тоа кој си. Заборавено да се напише, како и многу други работи, ама ќе текнат.
Паразити, штеточини..леле зборов забога
Хомо сапиенси со чудна налудничава нарав и луди жени! Многу им го имам стравот! Вистински луди жени!
Двоножни суштества со закржлавена сивкаста материја, такоџе!
Бавни движења имам ама при средби со вакви суштества ми се крева адреналин и ги истакнувам моите спринтерски инаку неекспонирани способности!
Толку
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.