Бајачки

Член од
3 мај 2019
Мислења
19.370
Поени од реакции
10.269
@alf многу ме интересира твоето мислење за бајачките, оти во последно време нногу луѓе ги носат своите деца да им се бае од уроци.
Значи се уште луѓето веруваат или пак бараат помош...а нели се христијани, верници, деца крстени во црква????
:confused:
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.610
Поени од реакции
1.158
@alf многу ме интересира твоето мислење за бајачките, оти во последно време нногу луѓе ги носат своите деца да им се бае од уроци.
Сите ја лекуваат последицата, но никој причината.
Преголемото давање емоции на децата ги прави немирни и растревожени.Децата немаат уште развиени емотивни чуства да можат да ги избалансираат,изамортизираат тие што ги примаат.
Без разлика дали со поглед-енергија или зборови.
Контролирајте ги чуствата.

Најдете баланс во искажување емоции.
Еда грда шо си уба!:)

Значи се уште луѓето веруваат или пак бараат помош...а нели се христијани, верници, деца крстени во црква????
:confused:
Баш поради тоа што во таквите групи, стремежот им е јакнење на емоциите,да се покажат кој повеќе го љуби бог,тажни очи вперени во скулптури,гнев спрема спротивниите од нив, а несвесно таа сила ја пренесуваат на децата.
Полека малку , тие се нежни,како телесно така и емотивно,не ги "поливајте" толку многу со емоции,но не и да ги запоставите.
Најдете средина!
Да имавте контола над својте чуства,бајачите без работа би биле, но бидејќи немате контрола, барате некој да ги избрка лошите духови кој сте ги повикале сами.
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.761
Поени од реакции
5.043
Штета што не се превзема ништо за овие самопрогласени магионичари што се богатат од маката на лековерните луѓе.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
693
Поени од реакции
2.024
Не е едноставно да се најде добар специјалист психолог или психијатар реално, дури начекаш квалитетен , многу ќе те навраќаат во детството на кауч. Некогаш треба поинаков пристап, некогаш е доволно да се среди некоја вредност од крвна слика. Е сега, знаење што да се бара во крвната слика покажува колку е добар докторот. Некогаш кога треба да се бара причина, се оди по скратен пат, се третираат симптоми... и слични примери на недоволна стручност од една страна и астрономски суми од друга страна тераат луѓе на вакви патишта.

И ако се верува на моќта на насочување и канализирање енергија, најдоброто сценарио е да се измамници во прашање што немаат поим. Во тој случај, се губат само време и пари. Може да се изгуби и многу повеќе од тоа. Како малку распарана вреќа, ти колку и да полниш од друго место ќе се испразни и постојано ќе постои потреба да се оди.

Вакви работи кај многумина создаваат зависност слична на коцкање. Е, тука почнува опасна зона. Имаше една жена, раскажуваше како ганц нова кола скроз ѝ отишла по такви места. Ако може да бирате, избегнувајте искрено.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.640
Поени од реакции
7.652
Абе сите идат по бајачки и биоенергии. У град ги гледаш преку ден по кафичи шемата ја тераат, навечер у ред застанати кај човекон у Маџари. И онаа мојана божем центарска п, додека бевме дечко и девојка све било тоа бабини деветини, како се роди првоно, се претвори во баба од Драслајца. Те фаќање кваки против уроци, те олово да носам у кола за секој случај ако треба да се зима вода за миење од кај таа една жена.
 
Член од
12 март 2024
Мислења
244
Поени од реакции
442

А викнавте човек да ви бара подземни води? И тоа беше актуелно едно време по Скопје.

Треба и таква тема да се отвори, покрај бајачки и тарот.
 
Член од
15 јануари 2020
Мислења
690
Поени од реакции
2.258
А викнавте човек да ви бара подземни води? И тоа беше актуелно едно време по Скопје.

Треба и таква тема да се отвори, покрај бајачки и тарот.
Еххх Топ Шоп колку ли само уреди продаде од 100+ евра пред 10-15 години за минимизирање на зрачењето на подземни води…..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom