Батерија на лаптоп

Член од
20 ноември 2009
Мислења
460
Поени од реакции
130
За да и’ направиш 1000 циклуси на батеријата, под претпоставка дека еднаш дневно ќе правиш еден циклус, ќе ти требаат 3 години. А само да ја чуваш на страна 3 години ќе биде полошо за батеријата. Башка што не гледам која е поентата да ја чуваш батеријата за нова :cautious:
А ти како што викаш така, првата батерија на лаптопот ја користев на тој начин и после гаранцијата од 1 година почна нагло да опаѓа капацитетот... веќе на 1 година и 3 месеци не држеше ни пола саат. Зедов нова после тоа и еднаш се случи да појдам во сервис откај што ја имав земено новата батерија и падна муабет околу истово ова. И типот кој што е експерт за мојата марка на лаптопи, од него добив препорака да ја користам што почесто батеријата. На еден од неговите лаптопи рече оти батеријата му е 3 години стара и држи 1:30 саати без проблем. Па еве ја новава батерија после година и 6-7 месеци кај што ја користам, само 14% пишува оти има изгубено од капацитетот. Иначе се работи за Fujitsu-Siemens лаптоп, нормално дека секој производител има различни батерии со различен квалитет. Кај Dell на пример не успеа ова со секојдневното празнење-полнење, па само 2 недели откако помина гаранцијата, батеријата опадна веќе 15-тина минути да трае, а по 2 месеци цркна скроз. Старата на пример батерија од фуџитсуто, да ја најдам низ дома сега, сигурно ќе издржи 15-тина минути...
Ти можи ја полниш еднаш дневно ама некој по 3-4 пати ја полни...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Ти можи ја полниш еднаш дневно ама некој по 3-4 пати ја полни...
Абе реално и не се стасува повеќе од 3 пати. Барем јас не можам. 3 пати да ја испразнам, еве по саатипол само нека трае... тоа се 4:30 саати. И три полнења од по 2:30 саати, тоа се 7:30 саати. Сето собрано иди 12 саати, пола ден. Ако немаш цел ден работа и не спиеш воопшто, не правиш ништо друго освен да дремиш на лаптоп, нема шанса 4 циклуса дневно да направиш, поготово ако ти трае подолго батеријата. Јас 3 циклуса дневно дали еднаш или двапати досега сум направил. Најчесто само еден, поретко два.
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Искрено мислам дека тоа со празнење полнење редовно е мит за батерииве. Скоро сум сигурен дека иде како ќе ти се погоди. Конкретно мојов лаптоп е стар 5 години, на почеток батеријата траше 2 саати, сега трае 50-60 мин на средно осветлување (кога гледам некое mkv видео со повисок битрејт малку побрзо се троши и трае до 40тина минути). Во периодов од тие 5 години, никогаш не сум ја извадил батеријата за да го работам директно на струја. Од проста причина што ако работам нешто и снема струја, имам батерија за да довршам работа или да зачувам ако ништо друго.
Различни искуства има кај различни луѓе. Другар со HP лаптоп стар година дена не може да извади ни 10% од батеријата, дали и толку.

Еве кај мене што јавува за нивото на искористеност со HW Monitor.
 
Член од
13 март 2012
Мислења
476
Поени од реакции
128
Јас купив лаптоп пред 7-8 месеци и исто размислував дали да ја извадам батеријата или да цепам со неја.Па прашав луге што се занимаваат со сервис на лаптопи и ме советуваа дека подобро е да се вади батеријата од лаптопот ако цело време ти е приклучен на струја.Така да се продолжува рокот на траење на самата батерија дури и на самиот лаптоп.Но ако го сетас лаптопот навака натака гледај да биде потрошена барем 50% да после да ја полнес иначе целе време на стр. ако ти е приклучена отиде батеријата .
 
Член од
30 декември 2009
Мислења
547
Поени од реакции
149
.
--- надополнето: 5 јануари 2013 во 10:50 ---
Искрено мислам дека тоа со празнење полнење редовно е мит за батерииве. Скоро сум сигурен дека иде како ќе ти се погоди. Конкретно мојов лаптоп е стар 5 години, на почеток батеријата траше 2 саати, сега трае 50-60 мин на средно осветлување (кога гледам некое mkv видео со повисок битрејт малку побрзо се троши и трае до 40тина минути). Во периодов од тие 5 години, никогаш не сум ја извадил батеријата за да го работам директно на струја. Од проста причина што ако работам нешто и снема струја, имам батерија за да довршам работа или да зачувам ако ништо друго.
Различни искуства има кај различни луѓе. Другар со HP лаптоп стар година дена не може да извади ни 10% од батеријата, дали и толку.

Еве кај мене што јавува за нивото на искористеност со HW Monitor.
Zdravo, prasanje vo vrska so baterija, koga ke go napolnam 100% pokazuva deka drzi 4 i 50 ili okolu 4 ipol casa, podocna za nekoi 30-40 minuti rabota po internet pokazuva deka ima uste 1 i 50 minuti do 2 casa, po izvesno vreme, pak proveram mi pokazuva 3 ipol do kaj cetiri, muabetot mi e kolku pati da proveram se razlicno mi pokazuva a po gledanje na vremeto drzi okolu 3 casa, a lap topot e nov preporaka od vas dali taka pokazuva kaj site ili da ja reklamiram pozdrav .
 
sveto4aki2

РОДИТЕЛ
Член од
17 јануари 2009
Мислења
268
Поени од реакции
37
Две прашања до ценетиов форум...Прво Имам Лап топ HP probook 4530s купен пред 6 месеци..Прашањето е дали има влијание врз рокот на траење на батеријата дали повеќе пати се полни или не.Имено лап топот се користи максимално и се полни најмалку 3 пати на ден и издржува со вклучен надворешен cooler околу 3 часа. Гледам дека има доста спротиставени ставови така да не знам што е првилно или не ...дали да ја вадам батеријата и да ми биде приклучен директно на струја или пак да терам како и до сега???????????
Второ Која е нормална температура на горенаведениот лап топ имено кога под него немам ставено надворешен cooler тогаш темепературата ми е од 52 до 60 степени а кога имам надворешен cooler тогаш температурата ми е од 35 до 45 степени....Тоа е се убаво но со надворешен cooler побргу ми се празни батеријата.
Кажете ваше размислување.....дали е ми е потребен надворешен cooler,има ли тој влијание во однос на продолжување на векот на траење на лап топот,дали батеријата да ја вадам или не,има ли опција на ХП лап топот да се исклучува батеријата да не полни без да се вади, и слични ваши размислувања....ПОЗДРАВ
 
Член од
13 март 2012
Мислења
476
Поени од реакции
128
Две прашања до ценетиов форум...Прво Имам Лап топ HP probook 4530s купен пред 6 месеци..
Прво.Секоја батерија си има рок на траење (во просек 3 години).Ако цело време ти седи лаптопот на едно место т.с ако не го мрдаш навам натаму најдобро е да ја вадиш батеријата бидејки ако не ја трошиш така и го продолжуваш рокот.Но ако нонстоп ти е батеријата на лаптопот гледај да ја трошиш максимално па после да ја пуниш бидејки со ваквиот принцип го продолжуваш рокот на траење на батеријата.
Второ:Батериите на лаптопите издржуваат од прилика од 60 до 80 степени(зависно од батеријата) над ова веќе е критично за лаптопот но и за тебе бидејки може батеријата да ekсплудира.
 
S

Sinisa123

Гостин
Luge vaka sea baterijata na lap topot mi e garant 5 casa ama koga ke se namali baterijata 90 % mi pokazuva 1 h ostanato,potoa pak ke se kaci ke se namali na 67 % mi pisuva 2 h i 5 sek ostanato.A inaku dali treba da ja vadam baterijata od lap topot ili ne po pravilo daj kazete da znam
 
Член од
26 јуни 2010
Мислења
36
Поени од реакции
4
Здраво дечки, :)
Сакам да прашам каде можам да најдам батерија за лаптоп MSI CR620 ?
Фала однапред, поздрав...
 
haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.250
Поени од реакции
1.562
Здраво дечки, :)
Сакам да прашам каде можам да најдам батерија за лаптоп MSI CR620 ?
Фала однапред, поздрав...
Прашај во Anhoc SET и други ако нема, нарчка преку интернет ти е нај паметно
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.705
Поени од реакции
6.643
Добро од кај ви се таквите информации дека со тргање на батеријата од лаптопот демек ќе ја заштедите некако...:eek: Па толку ли ќе бидат глупи дизајнерите, да остават батеријата да е приклучена на колото кое го напојува лаптопот додека истовремено е вклучен на струја и струјата да мине прво низ батеријата како отпорник и тек после во лаптопот?! Нема логика. Како и полначите на АА батерии за фото-апаратите што имаат заштита од ппреполнување така слично е и со батеријата на лаптопот. Штом се наполни до 100%, а лаптопот сеуште стои приклучен на надворешен извор, батеријата автоматски се премостува, т.е. исклучува од колото и не се користи. Штом го снема надворешниот извор, батеријата се преспојува за да го напокува лаптопот. Она што е лошо е да се шетате низ дома или на факултет/работа, да работите на струја, па да излезете 15 мин надвор со лаптопот на батерија, па да се испразни до 80, и кога ќе го приклучите пак на струја, пак да се полни до 100...или пак да испразните до 20-30% и бам да приклучиш кабелот пак да се полни. Е тоа не чини. Што и да правиш се знае векот на батериите колкав е, технологијата е таа, не се толку напредни како другиот хардвер. Ако то издржи 2-3 години е добро. 1 година е премалку, а 4-5 е над просек.
 
И уште нешто... ако не се користи батеријата подолго време, а е оставена на лаптопот, и тоа не чини бидејќи самата од себе се празни полека (на пр. 1% на ден или на два дена) и ко ќе падни на 98% да речиме почнува да се полни повторно. И така тера во циклус 100% - 99% - 98% - 100% итн.
Првата батерија не ја користев многу и после година и три месеци не држеше ни пола саат, комплетно отиде. Втората кога ја зедов, разговарав со типацот од фирмава што се застапници за мојава марка лаптопи и ми даде совет редовно да ја празнам батеријата до кај 5%<--->10% и после да ја полнам до 100%. Го послушав и гледам секој ден барем еднаш тој циклус да го истерам, некогаш и двапати ако седам подолго на лаптопот, а се случило неколкупати досега и три пати да ја испразнам и наполнам во еден ден.
Еве после 2 ипол години батеријата пишува дека само 24% е отидена и држи саатипол на high performance со се’ вклучено и макс. screen brightness.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Кај мене лаптопот цел ден е на струја, на батеријата го користам само кога ме мрзи да го влечам кабелот. Нема гајле цела година си трае по 3 и пол часа. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom