Батериски ламби

EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
Тоа е поентата, да остане олд скул духот во ламбата, но со модерни компоненти.

Иначе ништо од оние што се продаваат не вредат. Црната е модирана комплет со нови компоненти кои не се плаг енд плеј, односно главата на лампата е обработувана на дребонг. Јас оваа камо верзијава што ја имам сеуште ја немам однесено на дреар да ја обработи, но ќе чекам додека не се решам за драјверот и какви батерии ќе користам.

Сакам да одам со 2x 14500 и buck driver ама не наоѓам асален драјвер, а не ми се даваат кој знае колку многу пари па се мислам дали да одам на ист сетап како претходната, 200 лумени и boost driver во комбинација со две АА батерии.
А што ако и бапнам две 14500ки и некоја XM-L2 U2 без драјвер, би достигнала ли околу 400 лумени? Не сакам да се тупам со многу модификации, затоа те прашувам.
 

Bobson

Seek & Destroy
Член од
22 февруари 2008
Мислења
274
Поени од реакции
40
Неможе така, како прво немаш начин како да ја монтираш диодата, плус згора на тоа две 14500ки имаат над 8V, XM-L2 е 3V диода, ќе ја рокнеш во истиот момент. Инаку ако се тоа се изведе како што треба може да се извадат 1000 лумени без проблем.
 

EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
Неможе така, како прво немаш начин како да ја монтираш диодата, плус згора на тоа две 14500ки имаат над 8V, XM-L2 е 3V диода, ќе ја рокнеш во истиот момент. Инаку ако се тоа се изведе како што треба може да се извадат 1000 лумени без проблем.
Епа ако XM-L2-ката работи на 3 волти, би требало да оди добро на 2 по 1,5 (1,2) волти? Дај некој наједноставен начин, жити сѐ :).
 

Bobson

Seek & Destroy
Член од
22 февруари 2008
Мислења
274
Поени од реакции
40
3v е по спецификација, но на 3 волти едвај 30 лумени дава, за да се извади добра светлина од xml2 си треба барем 3.5V напојување. Затоа си сака буст драјвер ако сакаш со две АА батерии да ја користиш, но како и да е ако сакаш едноставен начин ќе си купиш некој дроп ин и ќе завршиш работа.
 

EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
Разгледајте го Nitecore NU25, има добри перформанси (барем на рекламите).
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Од рачни ламби препорачувам Surefire 6PX PRO имам и кинез и Fulton

Од челни ламби само Petzl користам и имам повеќе модели некои понови некои постари.
Во глобала сакам да имам една челна ламба и една рачна во секој ранец и еден пар дома.
Fulton'от дома стои бидејќи ми се допаѓаат старите аголни батерии како од филмовите,а кинезот кој доста добро се има покажано (трпи вода и удари) стои во еден ранец американецот во друг.
 

Attachments

Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
На колега му прегоре ламбичката во Surefire G2 Nitrolon контактиравме Surefire нема никаков одговор.
Дали може некаде кај нас да се најде замена за таков вид на ламба ? Знам дека има на интернет но обично се од Кина.
 

Bobson

Seek & Destroy
Член од
22 февруари 2008
Мислења
274
Поени од реакции
40
Време е за апгрејд, ова е ептен старовремско ко за во 2018, ако сака да ја има во колекција е друга рабоота ама дефинитивно е со многу слаби перформанси.

Ах, и btw никако да не се плашите од кинезите, шурфајр и сличните не се веќе лидери, кинезите доминираат на овој маркет моментално.
 

EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
Време е за апгрејд, ова е ептен старовремско ко за во 2018, ако сака да ја има во колекција е друга рабоота ама дефинитивно е со многу слаби перформанси.

Ах, и btw никако да не се плашите од кинезите, шурфајр и сличните не се веќе лидери, кинезите доминираат на овој маркет моментално.
Немаш ставено слика или јас грешка читам?
Инаку да, +1 за кинезите од мене.
 

Bobson

Seek & Destroy
Член од
22 февруари 2008
Мислења
274
Поени од реакции
40
Нема слика во постот.

Муабетот ми беше дека тој дропин што го бара е многу инфериорен и треба да се размислува за апгрејд на ламба.
 

EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
Нема слика во постот.

Муабетот ми беше дека тој дропин што го бара е многу инфериорен и треба да се размислува за апгрејд на ламба.
Аа, бидејќи не си цитирал, само обичен пост си ставил, си мислам дека си сакал да ставиш нешто, не е битно, те сфатив сега.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Јасно ми е тоа но нема никаква потреба за појака ламба бидејќи ги користи исто како мене,а тоа е за осветлување на просторија или возило каде што нема потреба од огромна јачина на светлината,а за да се стави јака лед диода мислам дека треба да се смени целата глава бидејќи не трпи топлина овој модел... барем така доловив од youtube.

Бидејќи никаде неможевме да најдеме замена најверојатно ќе порача од ebay.

Во мој инвентар имам солиден број на батеријски ламби од кои само 2 (1 ја има во друг пост) имаат лед диоди другите се од постариот модел и искрено да ти кажам не сум осетил потреба да ги сменам.
Некои се за дома,а некои за на терен или во возило.

Имам и други бат-ламби кои не ги користам но не е поради тоа што не се доволно јаки.
 

Attachments

Bobson

Seek & Destroy
Член од
22 февруари 2008
Мислења
274
Поени од реакции
40
Тотално изумив дека G2 е пластична, е сега кога спомнав лед апгрејд не мислев само на јачина, дури и да се оди со прилично слаб дроп ин односно не повеќе од 100 лумена за кој што верувам нема да има проблем во G2 ќе се добијат две други работи кои ќе ја направат самата батериска лампа подобра.

Прво и многу битно ќе се добие многу поголема ефикасност а втората е самиот профил на зракот, светлото ќе изгледа многу поубаво, тука не навлагам во температура на светење него само изгледот на снопот.

Интересна колекција, особено 6P и 6PX. Surefire не сум имал а единствен модел од Maglite ми бил mini maglite aa, имав две од овие од кои едната ја преправив со лед диода па ја подарив а другата ми седи дома растурена, и таа ја спремам за апгрејд но се некако ја подзаборавам.



Ако добро се сеќавам има Cree XML2 диода, драјвер со 3 нивоа и околу 200 лумени на највисокото ниво, работи нормално со 2 АА батерии.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Тие што ги има по ebay обично се 1000-1200-1500 лумени и 3 мода и се солидна цена околу 300 денари +/ - има и тие што се послаби околу 300-350 но се далеку поскапи што не ми е логично.

Сега кога се разгледав подобро по ebay ми дојде идеја да ја сменам ламбата на 6P бидејќи исто е од стариот модел заедно прекинувачот ( не клика туку кога до крај се завртува константо свети се одвртува малку и на допир свети),а старата ламба ќе му ја дадам така да мислам дека добра модернизација ќе биде.

За maglite што користие 3-Д батерии веќе некое време барам адаптери за да можам да користам 18650 батерии кои се полнат бидејќи такви имам многу.
 

Bobson

Seek & Destroy
Член од
22 февруари 2008
Мислења
274
Поени од реакции
40
Тие од ebay од 5-10$ со по 1500-2000-200000 кинески лумени не ги ни регистрирам, бидејќи ниту една не е повеќе од 300 и доаѓаат со ужасно лоша диода 7000-8000k a.k.a очобол.. Повеќето ги рекламираат со големи бројки само за да привлекуваат потенцијални купувачи со слично размислување ко тоа што го спомна.

Ако сакаш квалитетни буџет брендови треба да погледнеш кон Convoy, Thorfire, EagleEye, Astrolux, Sofirn ... има многу солидни парчиња за нормални цени. Ако сакаш премиум тогаш Fenix, Olight, Nitecore, Thrunite, Acebeam ... има и многу многу други брендови кои вредат меѓутоа овие ми паднаа први на памет.

Со оглед на огромниот избор јас не гледам поента да се инвестира во 3D Мag или во било која батериска лампа со таа големина а притоа да остане со обична сијаличка.


Edit:

Сега дури сфатив дека зборуваш за drop in за шурфајрот, истото важи и за нив, повеќето се со напумпани бројки за подобра продажба, во секој случај е одлчна надградба за 6P, дури и оние поевтините би биле со реални 500-600 лумени, G2 од друга страна подобро нека си остане со обична сијаличка.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom