Пред да ја дадам црната како подарок ја користев и влечев со мене некое време и многу луѓе ја препознаваа како модел, некои од нив ме убедуваа дека Maglite сеуште се најдобри, па после кога ќе видеа оваа модиранава колку свети и кога ќе им објаснев дека 200 лумени не се ништо во денешно време сите ми се чудеа како е тоа можно.
Реално 200 лумени се доволни за многу работи но сепак не се ништо посебно во споредба со модерна батериска лампа која била дизајнирана од нула за LED.
Затоа и имам планови и сакам да ја направам оваа другава малце помоќна, и онака нема да ја користам бидејќи имам многу други што се покорисни но сакам да имам олдскул mini mag во колекција.
Нарачав Nichia 219c 2700k 90+cri диода која можеби ќе ја ставам во миниво, во овој случај ќе биде ~500 лумени со боја на светлина многу слична со обична сијалица и секако најбитното 90+cri, нешто што многу диоди го немаат.
И еве една рандом слика од нешто модирано пред некој ден. Lumintop Prince со Nichia 219b 4500k R9080