Не знам колку ќе влијае мојот коментар на некој што на волку очигледна работа завзема „европска страна“, но ајде ќе се обидам.
Goethe има речено дека „да изеде змија богатиот, ќе речат од што е премногу паметен ја јаде; да ја изеде истата змија сиромашниот, ќе речат од што е премногу
глуп ја јаде.“. Ставот на Goethe е толку општоважечки што лесно ја енкапсулира скоро целава тема и скоро сите коментари.
Видно забележувам, сега а и на многу други места погрешно користење на зборовите „конзерватизам“ и слични на нив, кои некако (по пат на силна пропаганда)
ги натераа луѓето да мислат дека „сите конзервативци убиваат хомосексуалци“, „сите конзервативци ќе те убијат ако не се облечеш како што треба“, итн.
и такви некои малоумни работи и ставови.
Вистината е дека конзерватизам значи: да не експериментираме премногу. Веќе видено, веќе издржано, положил кај тестот наречен време, значи ако го менуваме,
да биде минимално. Што е некако и...здрава логика. Подоброто му е смртен непријател на доброто (Целото зло на светот доаѓа од ненаситноста на луѓето).
Нешто што е т.н. „мода“ сега е живеење како во експеримент („21 век, европски вредности“).
Тоа е навистина една модерна дрога. Значи, повеќе (личи дека) би сакале да изберат
да живеат несигурно („но, полно со андреналин!!!11“) отколку начин кој е испробан и кој ВЕЌЕ издржал (проверен е кај најсигурниот тест што постои: време).
Па, не знам како вие го разбирате кршењето на морално-вредносни системи, но ова е еден класичен начин.
Сигурно нема на врата да те прашаат: „Сега планираме да го уништуваме и тој морал што е на апарати (NB: ако и може да се каже дека постои сега.. веќе..),
сакаш ли да ни се приклучиш?“, не, така мал број луѓе ќе се приклучат (најверојатно не ни се ни важни тие).
Но, ако е презентирано како „модерно“, како „небалканско“, итн., тогаш по некаков автоматизам (повторно, станува збор за силна пропаганда),
тогаш е прифатено, тогаш прифаќаме и многу пострашни и настрани нешта.
Моментален стадиум на државава е како крајот на „Адвокатот на ѓаволот“; ќе речете „да“ на европскиот начин, дури и ако наметнува да шетате голи.