Сеа кога ќе здрви некој ваков гол и Борко ќе го правите пак министер
Иначе се случува бе прекипело... сигурен сум дека тоа не е направено демек „не ми се игра за Македонија“ туку е направено „не ми се игра со распашана војска“ а второво ја отсликува моменталната состојба.
Никој не му го оспорува талентот на Борко, јас највеќе го сакав и секогаш го бранев кога ќе го нападнеше некој, ми беше меѓу омилените репрезентативци. Ме разочара многу едноставно после Европското, плус и коментарите за Лино (без разлика дали е тоа точно или не, има начин како да искажеш револт), а и сега ова понашање како дива, ко пејачките кога одат на концерт (нема да пејам ако температурата не е 26.5 степени)... Спортист треба да знае дека основа на секој успех се што би рекле Србите “ред, рад и дисциплина“, а он се однесува како он да ја купил репрезентацијата па ќе праи шо сака. Многу сум разочарана од него на целокупно ниво. Реков и на друга тема, џабе си талентиран, ако не носиш во себе срце, страст, фер плеј и почитување.
“Не ми се игра со распашана војска“? Па он придонесува војската да биде распашана. Може Шундо нема авторитет, ама сепак се работи за репрезентација, треба и сам да имаш свест да не се понашаш како ќе ти текне. Очигледно е дека се потребни измени и поголема строгост во репрезентацијата.
Што се однесува до натпреварот, ако ги играат двете полувремиња добро, имаме добри шанси, ако не - повеќе среќа нареден пат.
П.С Баш ми е мило за Црногорците и тие играат со срце, се надевам дека и тие и ние ќе се пласираме.