Балканот станува глобална туристичка дестинација

Член од
15 декември 2010
Мислења
197
Поени од реакции
87
Toa e spasot za Balkanot - Turizmot! (y)
Балканот да се трансформира во глобална туристичка дестинација која ќе привлекува туристи во сите сезони, а сличностите и разликите да бидат главниот адут. Тоа за туристите ќе биде причина повеќе да се посетат овие простори, да се ужива во нивната убавина, благодати, во природното и духовното богатство. Ова вчера го потенцираше министерот за економија, Ваљон Сараќини, на отворањето на вториот Меѓународен саем за туризам. Тој истовремено нагласи дека владините политики за развој на туризмот во земјава даваат одлични резултати, а тоа се согледува во статистичкиот податок кој вели дека само во првите два месеца годинава бројот на туристи во земјава е зголемен за 25%.
- Лани и оваа година ги достигнуваме најдобрите резултати во туризмот за изминатата деценија. Вкупниот број туристи е зголемен за 10,5%, додека ноќевањата бележат пораст од 7,6%. Значително е и зголемувањето на странските гости од 25,1%, како и на ноќевањата за 35,1%. Девизниот прилив во 2011 година е зголемен за 25%. Ако се задржи ваквиот тренд на пораст на севкупниот промет од туризмот, очекуваме за оваа година уште поголеми показатели - кажа Сараќини.
Туристички агенции и хотелиери од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Бугарија, Турција до сабота на Скопски саем ќе ги претстават своите најнови, најатрактивни аранжмани. Новина во годинашнава понудата е турски Кипар, а земја-партнер на Меѓународниот саем за туризам е Бугарија, која ќе ги претстави своите познати туристички региони за зимски и летен туризам, спа и велнес-центри, културни вредности и природни убавини, националната храна и вино.
Според бугарскиот заменик-министер за економија, енергија и туризам, Иво Маринов, Македонија е значаен туристички партнер на Бугарија. Лани неговата земја ја посетиле за 23,5% отсто повеќе македонски туристи, односно околу 320.000 лица.
-Лани Бугарија ја посетиле над 6 милиони странски туристи и приходите достигнале околу две милијарди и 800 милиони евра - вели Маринов.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=60F57354313C2548BCBCB7CB4A552E12
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
151
Поени од реакции
179
Потенцијал имаме но немаме идеја. Се што се прави во моментов е само колку да се замачкаат очи. И самите гледате дека ако се прави еден пат кој треба да е широк 10 м, изведувачот ќе го направи 8м за да може сите оние волци околу него да се најадат. Во туристичките центри не се инвестира ама баш ништо, сигнализацијата ни е ужас, нема субвеции за оние кои инвестираат во сместувачки или др. туристички капацитети, туристичката супраструктура е во многу лоша состојба... Она што во моментов е најголема опасност за туризмот во Македонија се лошите патишта и ѓубрето кое го има насекаде. Се додека тоа не се смени, нема да имаме експанзија во туризмот и само ќе се лажеме дека сме на некоја туристичка мапа. За разлика од нас, другите балкански земји веќе на големо инвестираат во туризмот. Црна гора е топ дестинација, србите одат многу напред со селскиот - алтернативниот туризам, бугарите сега конкурираат и со зимски туризам а ние........ Па погледнете каде останаа Маврово, Шапка, Пелистер....... Абе човек да се уплаши кога поминува по тие дупки со кола а камоли кога ќе види ѓубре на секаде. Плус народов не ни знае како да дојде до пари од туризам ( секоја чест на охрид и охриѓани кои се за поздравување). Абе не им текнува да излезат надвор, да продадат некое сувенирче, да направат нешто што секој турист би го купил. А такви занаетчии имаме, толку мирен народ сме, но очигледно не не бива за туризам па и за ништо друго освен да гледаме серии, да факаме сеири и да бистриме политика.
 
Член од
23 април 2012
Мислења
44
Поени од реакции
38
Потенцијал имаме,ама незнаеме ка да го искористиме.Пример Берово беше пуст град,денеска е туристичка дестинација.Секој шо е дошел чефен си е ошел.
 

AntiZionist

undergoing construction
Член од
31 март 2009
Мислења
305
Поени од реакции
144
Потенцијал имаме но немаме идеја. Се што се прави во моментов е само колку да се замачкаат очи. И самите гледате дека ако се прави еден пат кој треба да е широк 10 м, изведувачот ќе го направи 8м за да може сите оние волци околу него да се најадат. Во туристичките центри не се инвестира ама баш ништо, сигнализацијата ни е ужас, нема субвеции за оние кои инвестираат во сместувачки или др. туристички капацитети, туристичката супраструктура е во многу лоша состојба... Она што во моментов е најголема опасност за туризмот во Македонија се лошите патишта и ѓубрето кое го има насекаде. Се додека тоа не се смени, нема да имаме експанзија во туризмот и само ќе се лажеме дека сме на некоја туристичка мапа. За разлика од нас, другите балкански земји веќе на големо инвестираат во туризмот. Црна гора е топ дестинација, србите одат многу напред со селскиот - алтернативниот туризам, бугарите сега конкурираат и со зимски туризам а ние........ Па погледнете каде останаа Маврово, Шапка, Пелистер....... Абе човек да се уплаши кога поминува по тие дупки со кола а камоли кога ќе види ѓубре на секаде. Плус народов не ни знае како да дојде до пари од туризам ( секоја чест на охрид и охриѓани кои се за поздравување). Абе не им текнува да излезат надвор, да продадат некое сувенирче, да направат нешто што секој турист би го купил. А такви занаетчии имаме, толку мирен народ сме, но очигледно не не бива за туризам па и за ништо друго освен да гледаме серии, да факаме сеири и да бистриме политика.
Абе се слагам со твоево мислење ама не се слагам дека нема идеи. Има ама нема начин како да се остварат. Пример некој има идеа за развој на туризмот во Македонија, ја разработува, ја осмислува и ја конкретизира како проект. Што ќе праи после тоа? Кај ќе се обрати за да се реализира истата? Во непостоечкото министерство за туризам? Или ќе ја однесе во бирото за туризам за да ја разгледа некој и ако му се свиѓа да ја земе како своја идеја и како свој проект? Чаре за стварање на јавна туристичка политика? Ако нема ниницијатива од влада ништо, Единствено ако се смилува некоја странска амбасада да фрли некој денар за остварување на некоја идеја. Иначе немам ништо против Охриѓани, ама не се баш за поздравување со оглед на тоа што Охрид го викаат "Балкански Ерусалим" а највеќе работа имаат во една сезона - во лето (најсконцентрирани се на езерски туризам а не ни помислуваат на другите алтернативни форми на туризам).
 
Член од
9 март 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
219
Балканот отдамна е тлобална гуристическа дестианциjа. Ке кажа два сбора - Грциjа и Истанбул.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom