Имало и кај нас напалени животни
Бесен прч раскрвави три жени
Од силниот удар, нападнатата жена паднала на земја, а прчот продолжил да ја мава со копитата и да ја боде со роговите, по целото тело. До смрт преплашени, мајката и ќерката се обиделе да ја спасат пријателката од разбеснетото животно што било над паднатата и немоќна жена. Притрчале да иж помогнат, но тогаш прчот се свртел кон нив и ги нападнал
Бесен прч за викендов раскрвавил мајка и ќерка и нивна пријателка, додека се шетале во околината во скопското село Долна Матка. Веднаш по нападот, повредените жени, со возило на брза помош биле пренесени во болницата "8 Септември" каде што им била укажана лекарска помош.
Полицијата против сопственикот на прчот 31-годишниот З.З. од селото Горна Матка поднесе прекршочна пријава, бидејќи разбеснетиот јарец го нарушил јавниот ред и мир. Во саботата, околу 9 часот утрото, триесет и седумгодишната С.Т., заедно со И.Б.(17) и со нејзината мајка М.Б.(70) се шетале во околината на селото.
Кога трите жени се доближиле до една поголема грмушка, ненадејно пред нив истрчал разбеснетиот јарец и почнал со роговите да ја боде С.Т.. Од силниот удар, нападнатата жена паднала на земја, а прчот продолжил да ја мава со копитата и да ја боде со роговите, по целото тело. До смрт преплашени, мајката и ќерката се обиделе да ја спасат пријателката од разбеснетото животно што било над паднатата и немоќна жена. Притрчале да и` помогнат, но тогаш прчот се свртел кон нив и ги нападнал. Настанала паника. Беспомошните жени почнале гласно да викаат и да бараат помош. Повикот го слушнале мештани што биле во непосредна близина, и притрчале да им помогнат Кога ги виделе трите жени облеани со крв и со повреди по целото тело, тие повикале брза помош, која за кусо време пристигнала во селото. Нападнатите жени, кои биле во шок и со повреди по нозете и со гребеници и набиеници по целото тело, биле пренесени во болница.
За овој несекојдневен инцидент била известена и полицијата, која почнала истрага. Бил утврден идентитетот на сопственикот, против кого, покрај прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, поднесена е и прекршочна пријава за држење на животно без надзор.