Вака за праските веднаш ќе кажам дека ја лично немам информации. Но малку побарав на интернет и сепак најдов нешто :Praski bratce
Праските ќе завршат пред Владата ако премиерот не обезбеди пласман
Цената на кванташкиот пазар за една недела падна на 40 денари за гајба од 10 килограми, но росоманци велат дека проблемот може да се реши со отворање агроберза
Цената на праските на кванташкиот пазар во Росоман за една недела падна на 40 денари за гајба од 10 килограми. На почетокот од бербата толку чинеше еден килограм. Земјоделците тврдат дека падот на цената е резултат на немањето пласман.
- Праските ќе завршат пред Владата ако премиерот Никола Груевски не си го исполни ветувањето дадено пред изборите, дека кога ќе дојдат на власт ќе се погрижат околу пласманот и цената на ова овошје - се заканија вчера овоштарите од најголемиот регион-производител на праски во земјава.
Драги Петков од Росоман има десет декари под праски од сите сорти. Лошо поминал со првата сорта „спринг тајм“, а не верува дека ќе има подобар пласман и на „ромер еден“ или „нектарина“. Според него, овој проблем може да се реши со отворање агроберза во Росоман, која е најавена од поодамна.
Трајко Петров од селото Трстеник се жали дека тешко се продава и сортата „спринг крес“, иако станува збор за поквалитетни праски. Првата берба ја продавал по 23 денари за килограм, а за само неколку дена цената паднала на 50 денари за цела гајба. Според него, прекупците не нуделе цена, туку само прашувале и си заминувале.
- Чекаат да се наполни пазарот па да ни ги земат праските за џабе - реагира Петров, кој има еден хектар насаден со праски.
Земјоделците се плашат дека се повторува ланското сценарио, кога праските, поради немање пласман и цена, морале да ги фрлаат во Црна Река.
Бар и весниците да ги прочиташе убаво, па да кажеше некоја паметна лага. Но ајде нека биде. Си се офајдил.