- Член од
- 11 мај 2010
- Мислења
- 2.952
- Поени од реакции
- 718
друже бар пред да напишеш нешто што ти издиктирале дека треба да правиш, барем научи што пишуваш... вака испаѓа дека не вреѓаш нас што се разбираме од текстот...Бруто домашниот производ пораснал за 5,1% во првите три месеци од годината, пресметала Народната банка.
Растот е нешто над претходните проекции и главно се должи на поголемиот извоз.
И инфлацијата е над проекциите. Во првиот квартал стигнала до 4,1%. Се должи на високите увозни цени на храната и енегренсите.
Базичната инфлација која ги исклучува овие два сегменти и натаму е ниска и изнесува 1,5%.
Очекувањата на Централната банка се дека во вториот квартал таа ќе надмине 5%, но во втората половина од годината ќе забави затоа засега нема потреба од антиинфлаторни мерки кои би значеле покачување на каматните стапки.
- Заклучивме дека се уште нема доволно јасни аргументи за да пристапиме кон промена на монетарната политика. Имено, ја задржуваме каматната стапка на благајничките записи на непроменето ниво од 4%. Наредните движења во економијата и движењата на главните детерминантни на домашната инфлација ќе покажат дали и кога би следело евентуално затегнување на монетарната политика - изјави гувернерот на НБРМ, Петар Гошев.
извор
или да ти помогнам како личи ова:
му идеш на некој што пита на камени мост или на семафориве и те моли за 1, 2 или 5 денари за да си купи леб и сол да преживее и му викаш: нели гледаш колку ти е убаво бе, полн си пари, станот ти е огромен, луксузна кола возиш и се ти е супер... а он седи и без текст се чуди што ти зборуваш и дали на него му збориш или на некој позади... од изгледот на неговиот лик што те гледа тебе во лице, излегла и поговорката: те гледа ко теле у шарена врата и незнае од кај да почне да ти објаснува и што да прави... дали да ти збори, дали да ти ги покаже искинатите партали што ги носи, дали да те однесе во неговата “луксузна“ куќа од картони, да преќути и да тера даље или да земе една мотка и да почне да мава по тебе кај ке стигне....