А1 си воведе рандом трошок за плаќање на фактура во салон

Член од
4 октомври 2021
Мислења
29
Поени од реакции
67
Плаќај си сметки онлајн. Во комшилукот има многу добро развиени хакерски мрежи за цедење на банкови сметки онлајн. Simple as that.
Внимавај, би можеле да ти ги земат цели двеста евра кои ги имаш на сметка.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.578
Поени од реакции
2.563
Значи не ми се верува. Има една работа што се вика ПРИНЦИП. И тука не станува збор за денар, два, 100 или 10.0000. Дури ова не го сватите, ја помашувате поентата на темата.

Не можи на некој да му текни на таквото да воведи дополнителен трошок на веќе постоечки договор. Поготово ако во договорот пишува дека конкретната услуга е бесплатна. И не едно, туку 1000 исзвестувања да пишат на сметката, дека од 1ви Октомври ќе се наплаќа по 15 денари, џабе му е.
Во цел нормален свет, кај што владее правото, ако се планира некаква измена, која е во договорот, на корисникот му се испраќа писмо (не емаил, не телефонски повик, туку писмо по пошта), каде што му се објаснува убаво, а не со мали букви, дека некоја услуга од тој и тој датум ќе се плаќа по таја и таја цена(или било каква друга измена), и дека тој како корисник доколку не се согласува со таа измена, има можност да го раскини договорот, без притоа да плаќа пенали.
И сега прашањето, дали А1 или Телеком или шотиезнам кој таму, ова го направиле, односно ги известиле корисниците за измените и истовремено му дале можност да се согласат со тие измени или не.
Ако не го направиле тоа, значи баткава што ја отворил темата, има 1000% право да се буни, и да се жала, и да ги тужи крајно. И секој во животот што има трошка ПРИНЦИП, треба да го поддржи. Оти пак ке повторам, ПРИНЦИПОТ нема допирна точка со вредноста. Не можи на секој што ќе му прдни на курот, да си прај што сака во државава.

Ако е така, ај јас да му пуштам утре известување, дека ќе му плаќам по 50 денари месечно помалку, јер пари за интернет, струја, рата за телефонот плаќам, за да можам да ја платам сметката.

А тоа, дали треба да се плаќа 15 денари за услуга, дали се правеле гужви, дали тоа било иднината и така натаму, е сосема друга тема, комплетно неповрзана со оваа.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.710
Поени од реакции
6.855
На страна право, принципи. Најголемите, и тоа телекомпаниите и банките се подредиле како да грабаат на ситно. Гниди! Колку е народ посиромашен и понеупатен, толку полесно го дерат. Демек, сето тоа било за наше добро, ги заболе нив за нас.
Иди јави им се на ЕВН дека не ти испорачуваат ветена струја. Ќе се изнаслушаш музика и секретарки и ќе платиш за тоа, као да бараш во странство
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Дури ова не го сватите
Не можи
џабе му е.
таја и таја цена
раскини договорот
шотиезнам
Оти пак ке повторам,
Не можи на секој што ќе му прдни на курот, да си прај што сака во државава.
ај јас да му пуштам утре известување,
дека ќе му плаќам по 50 денари месечно помалку
За вас, сè можи.
Малку е петнајс мор, требит поќе.
Каков принцип какви бакрачи, да си плашташ, и појќе да те не вида овде, чуеш?
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.578
Поени од реакции
2.563
За вас, сè можи.
Малку е петнајс мор, требит поќе.
Каков принцип какви бакрачи, да си плашташ, и појќе да те не вида овде, чуеш?
Колку и ваичаш зборојве одсе пред да постирам, дамиги лекторираш?

Бате мочко...
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Значи не ми се верува. Има една работа што се вика ПРИНЦИП. И тука не станува збор за денар, два, 100 или 10.0000. Дури ова не го сватите, ја помашувате поентата на темата.

Ако му дадеа 15 денари наместо да наплатат, ќе ја отвореше ли темава?
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
394
Поени од реакции
222
Не ми се верува колку муабет за безвезни работи, и тоа цел "интелект" вклучен.
Колку само глупо е ... Тие државата и нацијата ја поробија , тендери мендери, нелегалности , вие за 15 ден се фативте ...
Автоматски споено мислење:

Се зборува за принципи ?
Оди барај го во Арачиново, и слични места кои тебе те коштаат многу повеќе од 15 ден.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.578
Поени од реакции
2.563
А ако беа 1000 денари, ти исто вака ќе одговореше?
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.578
Поени од реакции
2.563
Не ми се верува колку муабет за безвезни работи, и тоа цел "интелект" вклучен.
Колку само глупо е ... Тие државата и нацијата ја поробија , тендери мендери, нелегалности , вие за 15 ден се фативте ...
Автоматски споено мислење:

Се зборува за принципи ?
Оди барај го во Арачиново, и слични места кои тебе те коштаат многу повеќе од 15 ден.
Дали се денар, 100, 10000 или 1.000.000€ е исти курац. Или сакаме правда, или не сакаме. А кога ќе тргниш од тоа дека нон-стоп упорно некој не дупи, и за пари, и за се друго, а ние ништо не превземаме...
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Дали се денар, 100, 10000 или 1.000.000€ е исти курац. Или сакаме правда, или не сакаме. А кога ќе тргниш од тоа дека нон-стоп упорно некој не дупи, и за пари, и за се друго, а ние ништо не превземаме...
Не знаеш што значи принцип тогаш, ако некој е принципиелен, ќе биде и во добро и лошо, а бидејќи нити ти нити тој ќе се побуневте ако ви дадеа 15 денари, не се работи за принцип, него за шпараџија - икономист, како што викаше Ѓорѓи Колозов на времето.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.578
Поени од реакции
2.563
Не знаеш што значи принцип тогаш, ако некој е принципиелен, ќе биде и во добро и лошо, а бидејќи нити ти нити тој ќе се побуневте ако ви дадеа 15 денари, не се работи за принцип, него за шпараџија - икономист, како што викаше Ѓорѓи Колозов на времето.
А чекај, како го заклучи ова?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom