Значи не ми се верува. Има една работа што се вика ПРИНЦИП. И тука не станува збор за денар, два, 100 или 10.0000. Дури ова не го сватите, ја помашувате поентата на темата.
Не можи на некој да му текни на таквото да воведи дополнителен трошок на веќе постоечки договор. Поготово ако во договорот пишува дека конкретната услуга е бесплатна. И не едно, туку 1000 исзвестувања да пишат на сметката, дека од 1ви Октомври ќе се наплаќа по 15 денари, џабе му е.
Во цел нормален свет, кај што владее правото, ако се планира некаква измена, која е во договорот, на корисникот му се испраќа писмо (не емаил, не телефонски повик, туку писмо по пошта), каде што му се објаснува убаво, а не со мали букви, дека некоја услуга од тој и тој датум ќе се плаќа по таја и таја цена(или било каква друга измена), и дека тој како корисник доколку не се согласува со таа измена, има можност да го раскини договорот, без притоа да плаќа пенали.
И сега прашањето, дали А1 или Телеком или шотиезнам кој таму, ова го направиле, односно ги известиле корисниците за измените и истовремено му дале можност да се согласат со тие измени или не.
Ако не го направиле тоа, значи баткава што ја отворил темата, има 1000% право да се буни, и да се жала, и да ги тужи крајно. И секој во животот што има трошка ПРИНЦИП, треба да го поддржи. Оти пак ке повторам, ПРИНЦИПОТ нема допирна точка со вредноста. Не можи на секој што ќе му прдни на курот, да си прај што сака во државава.
Ако е така, ај јас да му пуштам утре известување, дека ќе му плаќам по 50 денари месечно помалку, јер пари за интернет, струја, рата за телефонот плаќам, за да можам да ја платам сметката.
А тоа, дали треба да се плаќа 15 денари за услуга, дали се правеле гужви, дали тоа било иднината и така натаму, е сосема друга тема, комплетно неповрзана со оваа.