Истекува во јуни.
Знам дека може од припејд на постпејд, освен сеа ако не се нешто пореметени.
Не сакам да го загубам бројот кој го користам 14 години, и сакам да се префрлам во Телеком.
Па затоа чекам да ми заврши договорот и да пробам истиот број да го префрлам на припејд на А1, за потоа да го префрлам на Телеком.
Пред нова година ми се случи од мојот број да си праќа некој кредит, бев оштетен за 500 денари, некој на три пати си префрлил кредит. Бројот на кој си префрлиле кредит не ми е во именик, и истиот не ми креваше, нормално.
Добив три смс пораки една по една. Појдов за 40 минути откако ги добив пораките во салонот на А1. Немаа абер, ми рекоа да појдам за една недела.
Ми рекоа дека ми стасала порака со код (преку апликацијата Мојот А1) и преку која некој се најавил и си префрлал кредит. Јас таква апликација не користам, и немам акаунт на неа. Ми извадоа извештај за собраќај од/кон мојот број и на 17 декември немаше ништо. Истото ми го рекоа и во контакт центарот. Ми рекоа да почекам да излези декемвриската сметка. Пишаа мејл до сигурност во А1, и од таму одговор дека некој се најавил со код кој ми бил пратен за логирање на Мојот А1.
Пишаа жалба на тоа, и им реков дека ќе го прекинам договорот со нив затоа што не се чувствувам доволно заштитен , а исто и на сите домашни. Нормално си го платив кредитот кој некој си го пратил, зашто ќе ме исклучеа. Кога ја добив сметката пишав жалба до АЕК, ама 2 и пол месеци нема ништо.