.Sky.
Заменик министер без титула
- Член од
- 15 февруари 2013
- Мислења
- 6.857
- Поени од реакции
- 7.241
Совршен момент за совршена шоља чај
За да уживате во вашата шоља чај, потребна ви е опуштена атмосфера и доволно време да ја изведете оваа церемонија. Соодветни моменти за шоља чај се кога врне, кога децата не се дома, кога сте расеани, за време на вашите полноќни разговори, со добар пријател или прекрасна женa. Несоодветни моменти за шоља чај се: кога истура, кога децата се дома, во театар, кога отворате писмо. Треба да избегнувате лошо време, места пренатрупани со луѓе, луѓе во лошо расположени, премногу зборлести луѓе, проблеми со пари, кавгаџиски настроени жени и гласни деца. (Совети од кинеска книга за чај (Cha Su)) Oсновни совети за подготовка на совршена шоља чај. Треба да ги земете во предвид овие основни совети за подготовка на совршена шоља чај. Секогаш чувајте го чајот во цврсто затворени садови на ладни и суви места. Чајот најдобро се подготвува со свежа, мека вода, која ќе им дозволи на ливчињата чај да ја испуштат својата полна арома. Водата треба да се зоврие во огноотпорен или порцелански сад. Пропишаното количество на ливчиња (во повеќето случаи една лажичка на 1,5-2 dl вода) треба да се стави во претходно загреан чајник (стаклен, земјен или порцелански) Чајот никогаш не се става во врела вода, туку обратно – врелата или топла вода се прелева врз ливчињата и се остава да отстои онолку долго колку што е препорачано (2-5 мин. во зависност од типот на чај), после тоа чајот се цеди и се сервира. Зелените, белите и оолонг чаевите не се подготвуваат со зоврена вода, туку со вода која по зовривањето малку се лади. Никогаш не го користете истиот чајник за чистите и ароматизираните чаеви и секогаш додавајте уште по една лажичка – за чајникот А сега, на вас останува да најдете најсоодветен миг да се опуштите и да уживате во убавината и магијата на вашата омилена шоља чај.
Подготовка на Зелен чај
Чајот се состои од три главни активни состојки: catechin-и (антиоксиданси), L-theanine и кофеин. Тие се здружуваат во комбинација која ве одржува здрави, витки, млади и убави.
Кофеинот се наоѓа во надворешанта мембрана на прекрасното чаено ливче, за да го брани од инсекти. Кофеинот го стимулира организмот, ја забрзува циркулацијата и помага при слабеење, но преголемо количество на кофеин е штетно за организмот.
Чајот содржи многу помали количества на кофеин од кафето, а во себе носи и чудесна состојка – аминокиселина по име L-theanine која ги неутрализира штетните ефекти на кофеинот и која е присутна единствено во чаеното дрво!!
Истражувањата покажуваат дека L-theanine функционира така што го стимулира лачењето на GABA (gamma-aminobutyric acid), инхибиторен невротрансмитер во мозокот кој го блокира испуштањето на неуротрансмитерите допамин и серотонин кои влијаат врз расположението.
На овој начин аминокиселината директно го стимулира создавањето на алфа мозочни бранови кои се “одговорни” за состојбите на длабока опуштеност и засилена ментална активност, но истовремено и зголемено чувство на задоволство. Таа исто така создава чувство на ситост, особина која ви помага да ги загубите несаканите килограми.
Најпопуларни компоненти на зелениот чај се полифенолите кои имаат улога на антиоксиданси. Полифенолите во чаевите во најголема мера се catechin-и, од кои најмоќен е epigallocatechin gallate (EGCG) – кој го наоѓаме само во зелениот чај!
Ова е антиоксиданс 25-100 пати помоќен од витаминот Ц. Една чаша зелен чај содржи 10-40 mg полифеноли и поседува антиоксидантно дејство посилно од чинија броколи, спанаќ, моркови или јагоди. Силното антиоксидантно дејство на зелениот чај го прави погоден за заштита на телото од оксидирачкото дејство на слободните радикали, кои се формираат како резултат на стрес, несоодветна исхрана, ултравиолетови зраци, чад од цигари и напорна физичка активност.
Преголемото присуство на слободни радикали во телото може да предизвика инфекции и разни дегенеративни заболувања како на пример срцеви болести, канцер, мозочен удар, висок крвен притисок и да го забрзаат процесот на стареење.
Што е подобар квалитетот на чајот и што се посвежи ливчињата, толку се поголеми и концентрациите на EGCG.
Заради ова е важно зелениот чај да се пие свеж, и да биде од цели ливчиња, а не иситнет во прав (налик на оној во филтер-вреќички).
Зелениот чај се користи илјадници години од Кинезите и Јапонците како лековит напиток со детоксикациски ефекти. Во текот на повеќегодишни истражувања научниците пронајдоа уште повеќе докази за неговите лековити својства, така што денес листата на здравствени придобивки станува бесконечна...
1. Ги спречува срцевите заболувања и канцерот Високата содржина на антиоксиданси го прави зелениот чај ефикасно оружје против опасните слободни радикали, неконтролираната клеточна делба, ризикот од мозочен или срцев удар, запушените артерии и нефункционалните крвни садови. Секојдневното конзумирање на 3-6 чаши зелен чај навистина помага при спречување на овие заболувања.
2. Го снижува нивото на холестерол
Редовното конзумирање на висококвалитетен зелен чај може да ја намали апсорпцијата на липиди во дигестивниот тракт и да го подобри нивното исфрлање од телото. Забрзувањето на метаболизирањето на липидите може да ги намали нивоата на лош LDL холестерол во телото, истровремено зголемувајќи ги нивоата на добар HDL холестерол.
3. Го подобрува имуниот систем и го детоксицира телото
Зголемувајќи го создавањето на белите крвни зрнца, задолжени за одбрана од инфекции,
антиоксидансите во зелениот чај поседуваат антибактериско, анти-вирално и анти-фунгално дејство (тука се вбројуваат и некои видови на салмонела, инфлуенца и херпес симплекс). Зелениот чај исто така може да го детоксицира организмот од отрови и тешки метали (олово, хром, жива, кадмиум итн.) поврзувајќи ги и елиминирајќи ги од телото.
4. Помага во намалувањето на вишок килограми и во правилното варење на храната
Време е да ги замените вашите диет препарати со овој природен безвременски напиток!!
Зелениот чај поседува моќ за лесно согорување на маснотиите со што го потпомага слабеењето, особено кога е истото комбинирано со зголемена физичка активност и соодветна диета. Генерална препорака за постигнување на овој ефект е да истиот редовно се пие во количина од 4 шољи секој ден во период од минимум три месеци. Познато е дека полифенолите од зелениот чај го забрзуваат метаболизмот на маснотии во црниот дроб, ја инхибираат липазата (ензим кој ја зголемува апсорпцијата на масти) во дигестивниот тракт и даваат чувство на ситост. Континуираното конзумирање на зелен чај со висока содржина на catechin-и (присутни само во висококвалитетен рефусен чај!), го намалува количеството на маснотии во телото, го снижува крвниот притисок, што пак доведува до намалување на вишокот килограми како и намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Зелениот чај исто така го помага варењето со тоа што го забрзува лачењето на дигестивните сокови доколку се конзумира веднаш после оброкот.
5. Спречува појава на висок крвен притисок и артериосклероза
Зелениот чај го снижува крвниот притисок и помага во превенцијата од хипертензија. Чајот го поттикнува лачењето на азотен оксид, кој ги проширува артериите и на тој начин го снижува крвниот притисок. Редовното конзумирање на чај во текот на барем една година го намалува ризикот за висок крвен притисок за 65%, особено доколку се конзумираат повеќе од 3 шољи дневно. Редовното конзумирање на зелен чај може да помогне и во превенцијата од артериосклероза. Зелениот чај докажано го намалува ризикот за артериосклероза со тоа што го намалува присуството на LDL холестерол, триглицериди и фибриноген (протеин кој учествува во згрутчување на крвта). Зелениот чај е моќен антиоксиданс и ја спречува оксидацијата на LDL холестеролот. Оксидираниот холестерол станува леплив и се закачува за ѕидовите на артериите, што води до појава на артериосклероза.
6. Го снижува шеќерот во крвта
Зелениот чај традиционално се користи за регулирање на шеќерот во крвта.
Тој ја блокира функцијата на ензимот задолжен за дигестија и апсорпција на шеќерот, и на овој начин помага во превенција од дијабет. Луѓето кои што конзумираат повеќе од 4 шољи зелен чај дневно имаат помали шанси да развијат дијабет од оние кои пијат помалку од 1 шоља.
7. Ја рехидрира кожата и штити од UV зраци
Полифенолите во зелените чаеви ја штитат кожата од штетата која ја предизвикуваат изгорениците од UV зраци и стареењето предизвикано од преголемо изложување на сончева светлина. Тие го забавуваат процесот на стареење на кожата, ја забавуваат појавата на темни дамки и брчки, ја штитат кожата со тоа што го подобруваат еластичното ткиво и ги рехидрираат кожните клетки (особено важно за време на летниот период!).
8. Ја подобрува менталната функција и го намалува стресот
Конзумирањето на зелен чај помага во борбата со стресот и анксиозноста и ја зголемува менталната активност. Неодамни истражувања покажуваат дека аминокиселината L-theanine, (link do L-theanine) која се содржи исклучиво во чаеното дрво, создава ефект на длабока релаксација (без пропратно седативно дејство!) со тоа што ја преминува бариерата крв-мозок каде влијае врз невротрансмитерите и ја зголемува алфа мозочната активност. Ова резултира во посмирена состојба на умот, зголемена концентрација и способност за учење.
9. Се бори против забниот кариес
Редовната употреба на зелен чај помага во борбата со гингивитот и бактериите
кои ги создаваат забните наслаги и предизвикуваат халитоза (лош здив). Тие исто така ја зголемуваат отпорноста на забната глеѓ на киселини. Како природно богат извор на флуор, зелениот чај помага при борбата со забните заболувања и кариесот.
10. Артрит
Зелениот чај може да им помогне на луѓето со артрит бидејќи има антиинфламаторно дејствони воедно го забавува оштетувањето на зглобната ‘рскавица со тоа што го блокира ензимот одговорен за нејзиното уништување, намалувајќи го отокот и болката. Тој исто така е ефикасен при превенција на остеопороза и ја зголемува густината на коскени минерали.
Пред се’, запомнете дека зелениот чај е истовреме превкусен. Најкорисен за здравјето е висококвалитетниот рефусен чај. Овој вид на чај содржи помалку кофеин и повеќе антиоксиданси. Тој има пристапна цена, одличен вкус и претставува навистина волшебен еликсир. Пиејќи висококвалитетен зелен чај ние уживаме не само во задоволството кое тој го пружа, туку и во подобрувањето на целокупната здравствена состојба.

- Загрејте го чајникот
- Ставете по една лажичка за секоја чаша + уште една за чајникот
- Прелејте ги ливчињата со вода (зовриена и потоа оладена на околу 70-80 C)
- По 3-5 минути исцедете го и сервирајте