@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.109
ПО ПРЕПОРАКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО
Кисела Вода ќе лови бесни лисици
Општината апелира до сите граѓани што ќе забележат на улица сомнителна лисица, куче, маче да пријават на бесплатниот телефонски број 0800-32222 или во стационарот Вардариште, со цел да се спречи ширење на беснило
Од страв жителите да не добијат беснило, Општина Кисела Вода ќе лови диви животни. Заштитата од беснило Општината ја прави преку апел до граѓаните да ги пријават сите животни на улица кои се сомнителни случаи. Пријавата можат да ја направат на бесплатниот телефонски број 0800-32222 или во стационарот Вардариште, доколку се работи за бесно куче.
За полесно препознавање на бесни животни Кисела Вода објави неколку примери на општинската веб страница .http://www.vest.com.mk/?ItemID=AC4BA8A4899BAE468C94A58324144EA2
Како потенцијални носители на беснило се наведени следниве животни:
-Ноќно животно (лисица) да талка преку ден, да се однесува агресивно и да напаѓа луѓе или животни. Лисиците, обично, се движат и ловат само преку ноќ и избегнуваат контакти со луѓе или животни
-Лисица најдена мртва или прегазена од возило на пат
-Неиспровоциран напад на луѓе од куче или од мачка
-Невообичаено лаење или завивање на кучињата
-Видно вознемирено, хиперактивно и чувствително животно на звуци и светлина
- Зголемена агресивност, плашливост, дезориентираност или отежнато дишење и голтање
Ваква активност на претпазливост Кисела Вода започна по препорака од Агенцијата за храна и ветеринарство, испровоцирани од неодамнешната појава на прв официјален позитивен случај на беснило кај лисица во Велес во изминатите десет години.
"Апелираме до граѓаните што ќе забележат сомнителен случај, да го пријават во која било ветеринарна станица, а за секое несоодветно однесување на уличните кучиња, да го известат стационарот Вардариште. На ваков начин граѓаните ќе бидат заштитени од евентуално пренесување на беснило од заразени животни", изјави Марјан Спасески, портпарол на Кисела Вода.
Спасески апелира до сите жители задолжително да ги вакцинираат против беснило нивните домашни миленици.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=AC4BA8A4899BAE468C94A58324144EA2