Како да ти објаснам, а да не ме сфатиш погрешно?
Ја сакам/почитувам Македонија како земја во која што сум роден и сум израснат. И надвор гордо кажувам дека сум од Македонија, убава земја - има што да се види, народот (за со странци) ни е љубезен...
Е сега, таа иста Македонија што нема да се оправи во сите насоки во наредните 10-15 години (а, може и повеќе) - НЕМА! И за тебе, и за сите оние што ќе кажат "седи, треба да се бориме да ја направиме оваа држава подобра за живеење", би им рекол да погледнат околу себе. И старите наши мислеле да ја направат оваа држава подобра, но како што им одминале годините, а дошло се полошо место подобро, сега се каат за многу од своите избори но нејќат јавно да признаат.
Не сакам за 10тина години истото да го правам. И не, не сакам да одам, заработам, па се вратам тука. Што к*р ќе се вратам онаму од каде што бегам, in the first place?