Има некој друг пример дека ПКК користи бомбаши-самоубијци?
И од каде заклучок дека е ПКК?
Тоа што 35 години,турската армија и жандармерија се немоќни да ја поразат ПКК значи дека не се сетиле на време да го ангажираат Кара Мурат...
Па во 2006 та година тие биле,нај веројатно пак се тие..
ПКК ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад
13/03/2006
ДИЈАРБАКИР, Турција -- Терористичката организација Курдистанска работничка партија ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во кој загинаа тројца, а беа повредени 19 лица во Ван, југоисточна Турција, минатата недела, според соопштението испратено до медиумите во неделата (12-ти март). Во истото се вели дека бомбашкиот напад бил одговор на „неправичниот“ процес што се води против нивниот затворен водач, Абдула Оџалан.
Исто така во неделата, локалните медиуми објавија дека турските безбедносни сили затвориле четири лица во врска со нападот од заседа врз полицијата во Батман на почетокот од минатата недела. Во нападот загинаа четири полицајци. (Ројтерс - 13/03/06; TurkishPress.com, AП - 12/03/06)
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/newsbriefs/setimes/newsbriefs/2006/03/13/nb-10
--- надополнето ---
Ево и во 2007 ма
Шестмина загинаа, а преку 100 се повредени во експлозија на бомба во Анкара
23/05/2007
Шест лица загинаа, а повеќе од 100 други беа повредени во вторникот, во најжестокиот бомбашки напад во Анкара во последниве години. Се смета дека зад нападот стојат Курдските бунтовници.
(Ројтерс, Њујорк тајмс, Индипендант, Телеграф, Тајмс, ФТ, Заман, Њу Анатолијан - 23/05/07; AП, АФП, Ројтерс, ДПА, ББС, СНН - 22/05/07)
[Getty Images]
Министри во турската влада и високи полициски претставници одржаа вонреден состанок во средата (23-ри мај) на кој се разговараше за новите мерки против тероризмот, помалку од 24 часа по силната експлозија на бомба во Анкара, во која загинаа шест лица, а повеќе од 100 беа повредени.
Експлозијата -- најжесток напад во главниот град во изминатава деценија -- се случи во близина на автобуска станица пред еден од најстарите трговски центри, во околу 18:45, кога улиците на фрекфентната трговска област се преполни со луѓе.
Експлозијата ги искрши прозорците на трговскиот центар и на соседните згради и остави расфрлен мебел и остатоци на улиците. Полицијата ја обиколи областа за да им се овозможи на медицинските лица да им помогнат на повредените, од кои најмалку седуммина беа во сериозна состојба.
„Ова е најужасната сцена што сум ја видел во животот. Чувствувам голема тага“, рече градоначалникот на Анкара, Мелих Гокчек.
Цитирајќи извори од полицијата, медиумите објавија дека на местото на настанот биле пронајдени пластични експлозиви А4, кои вообичаено ги користи Курдистанската работничка партија (ПКК), зголемувајќи ги изгледите за вмешаност на групата.
„Видовме брутален, безобѕирен терористички напад во најфрекфентното време во Анкара“, изјави за новинарите турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган. Тој рече дека експертите се обидуваат да утврдат дали се работи за пакет-бомба или самоубиствен напад, додавајќи дека е премногу рано да се каже кој стои зад нападот.
ПКК уште од 1984 година се бори за самоуправа во југоисточниот дел од Турција во кој живее претежно курдско население, што доведе до кампања на бомбашки напади, киднапирања и вооружени напади во кои загинаа повеќе од 30.000 лица. Групата е забранета во Турција и се наоѓа на листите на терористички организации на ЕУ и на САД.
„Мораме да работиме заедно против тероризмот во сите земји во светот“, рече Ердоган во вторникот. „Ние ги гледаме резултатите на истиот во Америка, Велика Британија, Шпанија, Италија и на сите места.“
Според извештаите на турските медиуми, експлозијата се случила неколку часа по отворањето на тридневниот меѓународен саем на одбранбена индустрија и неколку минути пред почетокот на официјалниот прием во Музејот на анатолските цивилизации, на неколку стотици метри оддалеченост од местото на експлозијата. Членовите на делегациите од 48 земји, вклучувајќи го и началникот на Генералштабот на вооружените сили, Јашар Бујуканит, се очекуваше да поминат низ оваа област одејќи на приемот.
Пакистанското воено аташе рече дека осум члена на неговата делегација од неговата земја се помеѓу повредените во експлозијата.
На местото на експлозијата, Бујуканит рече дека нападот е дело на „организирана терористичка група“ и предупреди дека може да бидат погодени и другите големи градови. „Мораме да ги испитаме институциите што стојат зад оваа терористичка организација“, Анатолската новинска агенција го цитираше генералот. „Мораме да ги испитаме луѓето што ги снабдуваат овие терористички организации.“
Според извештаите на турските медиуми, најмалку седум лица веќе се приведени во врска со експлозијата.
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2007/05/23/feature-01