Астрална димензија (искуства)

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
И се сложувам со членот outTake дека мислењето на bastard (пост #7) треба да биде избришано од темава бидејќи си нема врска со темата.
Не бе, ич не сум за цензурирање на било што, сите треба да имаме сенс за критицизам и да бираме што ќе читаме (т.е. со какви информации ќе се полниме). Чисто спомнав пошто овде има правила за разлика од на блог.

При АП (Астрална Проекција) не ни се двои духот, туку ни се двои СВЕСТА.
ноуп, во АП не се дели ништо, само се проектира свеста (која е и духот воедно), во изобличено време и простор. Додека во АД се дели свеста од мозокот поради зголемена етергична материја која се претпоставува дека се јавува поради недоволно кислород во мозокот, при што во него се зголемува и електрицитет. Веројатно затоа ова се случува обично пред смрт, и во предсмртните моменти т.е. near death experience. Еве ти повеќе инфо кога ќе имаш време за замарање: http://www.v-j-enterprises.com/rbruce1.html

Штета што нема веќе курс за тоа. Имаше порано кај рамстор 1200 ден. беше, добра работа е.
Да, фина работа е да има курс за ова. Ако некој има вакви инромации за тековен курс, слободно нека извести или пренесе нешто ако го посетувал.

Power, си утнал тема... читај внимателно, не е ова за Астрална Проекција, ниту се поврзани.
Навикнати се малце на АП пошто само за тоа има тема, и таму е бутата целава астрална област. Еве шанса овде да разграничиме и да ја дополниме областа со поглавната гранка - астрална димензија.
Патем, и поврзани се секако. Но не се исти, ни навидум.
 

MadA@FakA

Black&White
Член од
4 август 2006
Мислења
1.049
Поени од реакции
105
Многу интересна тема, посебно затоа што имам доживеано нешто слично. Во овој пост се пронајдов себеси:

Јас имам доживеано OBE и тоа после неколку парализи во сон, пред околу една година доживував често парализи во сон (неколку пати во месецот), некаде наутро пред вистински да се разбудам како наеднаш да се будев и гледав што има во собата и околу мене ама не можев да се мрдам (цело време бев потполно свесен) ова траеше не повеке од минута и потоа или се будев или продолжував да спијам. Првите неколку пати беше МНОГУ страшно и дури и имав халуцинации дека има некој суштества во собата (после прочитав дека тоа е само производ на фантазијата и стравот од непознато), потоа не беше толку страшно чувството ама сепак има доза на страв.

Еднаш кога ми се случи парализа во сон пробав да се исправам со сета сила, пробував да станам не со константо давање напор туку со давање напор и опуштање и така неколку пати и конечно осетив како се ослободувам полека од телото и некој многу силни емоции (како наеднаш се да ти е јасно и како да излегуваш од телото) кога се свртев назад накај јастукот се видов себеси како спијам со затворени очи и забрзано дишам и ми чука забрзано срцето. Ова чувство е едноставно неописиво, гледаш на себе како на некој друг човек за кој знаеш се и чувствуваш некоја слобода а во исто време си 100% свесен и ги контролираш мислите. Мислам дека е многу тешко да се опише ова чувство а веројатно и нема соодветни зборови дека тие чувства ги немам никогаш предходно доживеано. Ова траеше само неколку секунди и после буквално легнав пак во телото и заспав..... после неколку часа се разбудив и неможев да поверувам што ми се случило. Оттогаш ми се нема ова повторено ама имам доживеано парализи во сон (сега кога доживувам не пробувам да се исправам туку само чекам да помине и да влезам пак во сон). Незнам може тоа беше некој период и незнам на што се должи ова, веке неколку месеци немам доживеано ни парализа во сон ама мислам дека ако пред да спијам, легнам со умисла дека тоа ке ми се случи тогаш и вистина ми се случува. Мислам дека од мојте мисли зависи дали ке доживам или не, ако сакам веројатно можам повторно да доживам парализа во сон и вонтелесно искуство, засега не сакам да доживувам ништо слично.
Секоја чест како е точно опишано чуствово. Ми се има случено 2-3 пати и тоа не многу одамна. На некој начин јас се будам од сонот и ја гледам собата таква каква што е и се гледам самиот себеси како сеуште спијам. На некој начин како да сонувам дека сонувам. И секогаш кога ми се има случено испаничувам бидејќи неможам да се мрдам (а освен тоа ми се присторува како да гледам црна чад како се движи низ собата), сакам да станам но неможам, па вложувам се повеќе и повеќе напор и наеднаш повторно се будам (но сега навистина). Тоа доаѓа нешто како микс од ова што зборуваме да се гледаш самиот себеси + парализа во сон. Едноставно неописливо. Го имам ова кажувано на најдобрите другари и никој не ми поверува, освен еден кој ми рече дека и тој имал такво некакво искуство.
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
121
Поени од реакции
57
Патем, постои еден феномен наречен Folie а plusieurs, кој е всушност психијатриски синдром во кој симптомите за илузионо верување психички се пренесуваат од човек на човек, во тој случај се оформува група луѓе кои имаат сосема исти илузии или халуцинации што всушност претставува еден нивен заеднички свет, во кој потсвесните умови им се поврзани. Ваквиот синдром е можен и кога се поврзани само две индивидуи. Интересното околу ова е што споделувачите на вакви натприродни исксутва ненамерно можат да си го споделат и синдромот(ако некој го има).
Да, постои тој синдром, Folie a deux за лудост на двајца и Folie a plusieurs за лудост на повеќемина. Но ајде да разгледаме вака. Што ни докажува дека тие халуцинации не се реални? Од каде доаѓаме до таков заклучок? Со самото тоа што ќе ги етикетираме како "халуцинации", не значи и дека мора да невистинити, илузии. Прашање е само на семантика!

Од друга страна пак, нели науката е таа која бара објективност и ја наоѓа во тоа што што повеќе индивидуални случки доведуваат до исти последици, веројатноста да е случката вистинита е поголема (алудирам на trial & error методот). Додуша ова е и типичен индуктиквен логички заклучок. Според тоа, колку повеќе луѓе доживуваат една иста халуцинација, таа халуцинација се повеќе се перцепира како објективен феномен и се повеќе укажува на фактот дека е вистинита. Ваков пример би бил "Shadow People" и "SLI Effect", каде што мене десетици пати ми се имаат случено, а стотици пати она второто. Седнав да истражам на интернет и увидов дека и десетици илјадници луѓе го имаат доживеано истото. Според тоа, на некој начин и јас сум дел од Folie a plusieurs, но што поголем број го доживуваат истото е имплицитно доказ дека искуството има одредена доза на реалитет која треба да се почитува. Настрана толкување на искуството, тоа е друг проблем.
 
B

Black Guard

Гостин
The astral is the closest dimension to the physical. It overlays and permeates the world like a huge mind net, catching and holding all thought. Its contents are created by the collective consciousness of the world mind. It contains all the thoughts, memories, fantasies, and dreams of every living thing in the world. In it, the laws of sympathetic attraction, or like attracts like, causes this ocean of mind stuff to strata and settle into layers or pools. These pools of thought are more commonly called astral planes, astral worlds, astral sub planes or astral realms.
Значи, OBE исксутвото и астралната проекција се резултат на способноста на свесниот ум да влезе во астралната димензија.
.
Недокажана,можеби сеуште се во делта квадрант и немаат трансворп,најсериозно нели е астралнава проекцијам прилично....Борги?


Јогата, медитацијата и посветеноста на спиритуализмот како и психонаутиката, допринесува за развивање на таа способност на свесниот ум, да излезе од телото.

Јас мислам дека свесниот ум се насочува кон креартивност и трудољубивост,кон решавање на практични проблеми како свои така и ако некој побара помош да биде солидарен и етц.

Спиритуализмот па и психонауката и шаманите нема да те однесат ни приближно до хајв мајнд ова ти го зборам не од бујна фантазија.

Но сепак постојат неколку негативни приказни за вон-телесното исксутво, како на пример дека е можно заглавување при враќање во телото, при што остануваш надвор, а телото живее во кататонична состојба. Можеби звучи (или е), неверодостојно, но сепак треба да се има голема доза на претпазливост.
Некој ќе заглави,ова налик оној филмот со ди каприо:)


Како и да е, натприродните искуства постојат и ни се на дофат на сите кои би се заинтересирале за нив. Сите ние имаме поголема психичка моќ отколку што користиме, сѐ што е потребно да ја дознаеме е довербата во неа и дружењето преку техники за исклучување на мислите како медитација, фокусирање, концентрација, јога и најважното – љубов.
Што има заедничко фокусирањето со концентрацијата и каде е тука улогата на медитацијата??
 

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Недокажана,можеби сеуште се во делта квадрант и немаат трансворп,најсериозно нели е астралнава проекцијам прилично....Борги?
Проекцијава и димензијава се малку различни нешта, ама тематика да, прилично борговски изгледа. Можеби замислата за Боргите и не е баш од фантазија, можеби идејата е токму од астралната димензија. :)

Јас мислам дека свесниот ум се насочува кон креартивност и трудољубивост,кон решавање на практични проблеми како свои така и ако некој побара помош да биде солидарен и етц.

Спиритуализмот па и психонауката и шаманите нема да те однесат ни приближно до хајв мајнд ова ти го зборам не од бујна фантазија.
Свесниот ум тука помага за сфаќање на чудните нешта, оние кои никогаш не сме ги виделе до сега. За нив е тука свесниот ум, кој ги прифаќа без паничење. А спиритуалноста и психонауката секако нема да те однесат никаде ако сам не се однесеш, но помагаат ако ги користиш внимателно и со огромна љубопитност и свесност.

Што има заедничко фокусирањето со концентрацијата и каде е тука улогата на медитацијата??
фокусирање и концентрација се потребни за анализа и внимателно сфаќање на нештата, а слична улога има и медитацијата која пак мислам дека може да помогне за создавање на етеричната материја во мозокот без да има потреба човекот да доживува искуство како средба со смртта (near death experience).
 
B

Black Guard

Гостин
Ќе ми онјасните малку за етерична материја ж.нејзината улога и како таа настанува бидејќи еве имаме рандом луѓе кои тврдат дека доживеале астрална димензија а не се ни потрудиле ниту целеле кон истата?
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
330
Поени од реакции
159
А кога сакате да си ги видите раците ги гледате или ви се гледа низ нив како низ дух да гледаш ????????
 

Kajgana Shop

На врв Bottom