Астрална димензија (искуства)

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Повеќето луѓе имаат доживеано натприродни искуства од различен левел, постојат документарни филмови кои низ годините документирале многу такви случаи, од до индиски спиритуалисти со натприродни моќи. Факт е дека постојат луѓе со таква моќ, но нивната појава е сѐ уште необјаснета од научниците, единствено футуристите се убедени дека тие се новата еволуција на човечкиот вид. Нивното пак себеобјаснување води кон јогата и медитацијата, како главни фактори за отварање на оние милион врати од психички можности. Но психонаутите освен тоа, го вклучуваат и психоделичниот фактор, кој секако не е главниот, туку напротив – спореден.
Сепак драстичните примери се доста апстрактни и звучат повеќе фантазиски отколку фантастично, затоа би се задражле на оние исксутва кои ни се блиски, па и кои повеќето сме ги доживеале.
Лебдење над телото (на англ. Out-of-body experience (OBE)), е искуство во кое се чувствуваме надвор од телото, но во реално време и во директна врска со реалноста што е и единствената разлика на ова искуство и астралната проекција, во останатиот дел имаат скоро иста манифестација. Најчестите OBE искуства се спонтани и се случуваат поради возбудување во РЕМ фазата на сонот, обично се и придружени со сон-парализата (на англ. sleep paralysis) поради што се појавуваат халуцинации односно мисловни форми (на англ. Thoughtform). Искуството на sleep paralysis го доживуваат можеби 80% од луѓето, но во различни левели на јасност и креативност. Освен спонтана, постои и причинска појава на OBE искуството како на пример со користење психоделични супстанци, или со постапката за изолирање на чувства – sensory deprivation и спротивната од неа – sensory overload, исто така и при блиско смртно исксутво како сообраќајна несреќа, операција и тн..


Се претпоставува дека постои астрална димензија која е виновна за ваквите состојби на умот односно свесноста.
The astral is the closest dimension to the physical. It overlays and permeates the world like a huge mind net, catching and holding all thought. Its contents are created by the collective consciousness of the world mind. It contains all the thoughts, memories, fantasies, and dreams of every living thing in the world. In it, the laws of sympathetic attraction, or like attracts like, causes this ocean of mind stuff to strata and settle into layers or pools. These pools of thought are more commonly called astral planes, astral worlds, astral sub planes or astral realms.
Потсвесниот ум всушност така креира сонови – со влегување во астралната димензија додека телото спие. Додека свесниот ум тогаш се движи низ своите креирани сценарија од сон, луцидниот сон пак настанува кога свесниот ум се освестува дека се наоѓа во илузијата на потсвесниот. За да свесниот ум влезе во астралната димензија, мора да концентрира доволно количество етерична материја. Значи, OBE исксутвото и астралната проекција се резултат на способноста на свесниот ум да влезе во астралната димензија.


Јогата, медитацијата и посветеноста на спиритуализмот како и психонаутиката, допринесува за развивање на таа способност на свесниот ум, да излезе од телото. Но сепак постојат неколку негативни приказни за вон-телесното исксутво, како на пример дека е можно заглавување при враќање во телото, при што остануваш надвор, а телото живее во кататонична состојба. Можеби звучи (или е), неверодостојно, но сепак треба да се има голема доза на претпазливост.
Како и да е, натприродните искуства постојат и ни се на дофат на сите кои би се заинтересирале за нив. Сите ние имаме поголема психичка моќ отколку што користиме, сѐ што е потребно да ја дознаеме е довербата во неа и дружењето преку техники за исклучување на мислите како медитација, фокусирање, концентрација, јога и најважното – љубов.

__________________________________________***************************
Се надевам дека со постов на многумина ќе им се разјаснат мистериите околу чудата на астрална димензија, а можеби и ќе ве поттикне да споделите некои ваши исксутва од оваа област.
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
го прочитав ова што го напиша и навистина ме заинтересира,но веќе има тема за астрална проекција можеш да постираш таму позз
 

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
го прочитав ова што го напиша и навистина ме заинтересира,но веќе има тема за астрална проекција можеш да постираш таму позз
Знам, ја читав темата, но ова не е за астралната проекција, повеќе за општите натприродни исксутва, за кои нели се претпоставува дека се резултат на нашиот допир со астралната димензија. Патем, димензија и проекција, нели не е исто =)

Можеби некој би споделил исксутво, колку и да звучи неверојатно. Ако не друго sleep paralysis повеќето го имаат доживеано.

Патем, постои еден феномен наречен Folie а plusieurs, кој е всушност психијатриски синдром во кој симптомите за илузионо верување психички се пренесуваат од човек на човек, во тој случај се оформува група луѓе кои имаат сосема исти илузии или халуцинации што всушност претставува еден нивен заеднички свет, во кој потсвесните умови им се поврзани. Ваквиот синдром е можен и кога се поврзани само две индивидуи. Интересното околу ова е што споделувачите на вакви натприродни исксутва ненамерно можат да си го споделат и синдромот(ако некој го има).
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Ike
Член од
11 јуни 2010
Мислења
230
Поени од реакции
74
Јас имам доживеано OBE и тоа после неколку парализи во сон, пред околу една година доживував често парализи во сон (неколку пати во месецот), некаде наутро пред вистински да се разбудам како наеднаш да се будев и гледав што има во собата и околу мене ама не можев да се мрдам (цело време бев потполно свесен) ова траеше не повеке од минута и потоа или се будев или продолжував да спијам. Првите неколку пати беше МНОГУ страшно и дури и имав халуцинации дека има некој суштества во собата (после прочитав дека тоа е само производ на фантазијата и стравот од непознато), потоа не беше толку страшно чувството ама сепак има доза на страв.

Еднаш кога ми се случи парализа во сон пробав да се исправам со сета сила, пробував да станам не со константо давање напор туку со давање напор и опуштање и така неколку пати и конечно осетив како се ослободувам полека од телото и некој многу силни емоции (како наеднаш се да ти е јасно и како да излегуваш од телото) кога се свртев назад накај јастукот се видов себеси како спијам со затворени очи и забрзано дишам и ми чука забрзано срцето. Ова чувство е едноставно неописиво, гледаш на себе како на некој друг човек за кој знаеш се и чувствуваш некоја слобода а во исто време си 100% свесен и ги контролираш мислите. Мислам дека е многу тешко да се опише ова чувство а веројатно и нема соодветни зборови дека тие чувства ги немам никогаш предходно доживеано. Ова траеше само неколку секунди и после буквално легнав пак во телото и заспав..... после неколку часа се разбудив и неможев да поверувам што ми се случило. Оттогаш ми се нема ова повторено ама имам доживеано парализи во сон (сега кога доживувам не пробувам да се исправам туку само чекам да помине и да влезам пак во сон). Незнам може тоа беше некој период и незнам на што се должи ова, веке неколку месеци немам доживеано ни парализа во сон ама мислам дека ако пред да спијам, легнам со умисла дека тоа ке ми се случи тогаш и вистина ми се случува. Мислам дека од мојте мисли зависи дали ке доживам или не, ако сакам веројатно можам повторно да доживам парализа во сон и вонтелесно искуство, засега не сакам да доживувам ништо слично.
 

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Да во право си за умислата, обично се случува ако си опседнат со такви мисли пред легнување. Но не мислам дека е страшно сепак, можеби си се исплашил со помисла дека си мртов (кога се виде себе си како спиеш), инаку на курсеви за јога можеш професионално да се истренираш. Во една таква состојба (парализа во сон), најбитно е да го прифатиш тоа со љубов, смиреност и љубопитност. Кога зрачиш со љубов, го победуваш стравот. Тоа е можеби уште еден механизам за учење љубов и верба во животот, некој вид тест за совладување на стравот. Ми се има случувано неколку пати, но одамна, видов и сенка која изгледаше како да бара нешто по собата, а јас љубопитно гледав што сака, па дури и зборев со неа :D После си напраив теорија дека можда тоа сум јас од иднината и сум дошол да исправам нешто во сегашноста (ова веројатно ми е од фанатичност спрема Стар Трекот :D).

Овие искуства инаку не се опишуваат така лесно ставајќи ги во литературен концепт, тие се толкуваат со симболи и тука е доста потребна имагинацијата. Скептиците ќе ги прифатат единствено кога ќе ги доживеат, затоа што, напомнав и во првиот пост, сето тоа звучи толку неверојатно што најчесто се изедначува со фантазија, се додека не го преживееме. Инаку, самата појава на OBE искуството, докажува дека постои живот надвор од телото, и воведувањето на астралната димензија како претпоставка е токму начинот за докажување(или претпоставување) на можноста да постои живот после смртта. Она што повеќето тврдат дека е халуцинација за време на ЛСД трип, Хофман го има објаснето како вистнската реалност која предходно не сме ја виделе [], тоа е уште еден доказ дека реалноста не може да ни биде ништо повеќе од она што го гледаме, сѐ додека не искусиме нешто поинакво, тогаш почнуваат реконструкции на програмите во потсвеста и почнуваме поразлично да глеадме на нештата. Доживеав инаку луиден сон пред некој ден, токму кога се зафатив со истражување околу астралната димензија, и мислам дека тоа е најсејфти нешто од чудава, иако не мислам дека нешто од овие чуда може да наштети доколку имаме подлабоко навлезено во областа и имаме доволно верба во себе. Фино што сподели свое икуство Interperf, поздрав.
 
Член од
20 јануари 2011
Мислења
46
Поени од реакции
1
Незнам колку ќе ми верувате но на некој начин неколку пати го имам искусено.Така лежејќи си кога ке ги затворам очите како да не го чувствувам телото како да сум во форма на дух.Многупати ги гледам работите околу мене па дури и самиот себе.Незнам како ми се случуа ама навистина е чудно.
 
Член од
10 септември 2010
Мислења
273
Поени од реакции
25
Ова е досадно, не го прочитав а и немам намера самото име кога ке го погледнеш си правиш слика во главата се задржува 2-3 секунди и после тоа свакаш дека ова срање е досадно, зашто да се замарам да читам книги кога можам да играм сони 3ка или икс бокс 360, да грицлам смоки или чипс и да јадам пица, и да пијам овошен јогурт, послем тоа да погледнам некој добар спортски канал на кабловска и ако сакам ако убаво ме замоли ке размислам дали ке ја ебам една од мојте кучки кој ги пимпам и ми прави пари за мене а јас на нејзе и давам сосема мала плата и ако работи тајно ке и ги исечам цицките и ке и ги пратам на мајкати.
 

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Знам Атанас, ми ја цензурираа темата поради тоа, но откако ја објаснив разликата на админот, ми ја пушти. Ја читав и таа тема. Башка, голема пропуст на форумов е што нема пребарување на теми, тоа горното пребарување е за кајгана сајтот, така да кога сакам да напишам тема, треба цел саат да пребарувам по форумов за да видам дали има нешто слично, па умеѓувреме губам потреба да пишувам (за било што).
Патем, вакво мислење како седмово од bastard воопшто не е во темава и ужасно негативно е, а каде е админот (или кој и да е) што треба да цензурира? Инаку сум против цензури, но чисто ради нивните правила.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Порано коа искачаше Шесто сетило читав онака површно за вакви работи. Нормално ради можната опасност од смрт не би го пробувал како лаик, само научив дека почетната точка од која што треба да почне да се вежба целата постапка е дишењето. Имаше нешто во стил ритам на дишење 4-2-4 т.е 4 сек. вдишување 2 задржување и 4 издишување. Толку знам од астрална проекција :) .
 
L

Lu

Гостин
Порано коа искачаше Шесто сетило читав онака површно за вакви работи. Нормално ради можната опасност од смрт не би го пробувал како лаик, само научив дека почетната точка од која што треба да почне да се вежба целата постапка е дишењето. Имаше нешто во стил ритам на дишење 4-2-4 т.е 4 сек. вдишување 2 задржување и 4 издишување. Толку знам од астрална проекција :) .
Јас колку што знам од Астрална проекција не се умира. Тоа дека се умирало е чиста дезинформација од страна на неупатените.

И се сложувам со членот outTake дека мислењето на bastard (пост #7) треба да биде избришано од темава бидејќи си нема врска со темата.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Јас колку што знам од Астрална проекција не се умира. Тоа дека се умирало е чиста дезинформација од страна на неупатените.

И се сложувам со членот outTake дека мислењето на bastard (пост #7) треба да биде избришано од темава бидејќи си нема врска со темата.
Ти викам не сум упатен толку, читав дека ако духот бил искочен и ако не знаеме да го контролираме, ќе не може да се освестиме и пупунец :).
 
L

Lu

Гостин
Ти викам не сум упатен толку, читав дека ако духот бил искочен и ако не знаеме да го контролираме, ќе не може да се освестиме и пупунец :).
Ни јас не сум некој голем стручњак за АП али ги знам основните работи :)
Многу неупатени луѓе (на пример како тебе) велат дека духот ни искачал од телото и бла бла бла ред други глупости, но АП нема врска со духот.
При АП (Астрална Проекција) не ни се двои духот, туку ни се двои СВЕСТА.
АП е префрлување на свеста во друга димензија и јас колку што знам од АП не се умира.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Ни јас не сум некој голем стручњак за АП али ги знам основните работи :)
Многу неупатени луѓе (на пример како тебе) велат дека духот ни искачал од телото и бла бла бла ред други глупости, но АП нема врска со духот.
При АП (Астрална Проекција) не ни се двои духот, туку ни се двои СВЕСТА.
АП е префрлување на свеста во друга димензија и јас колку што знам од АП не се умира.
Штета што нема веќе курс за тоа. Имаше порано кај рамстор 1200 ден. беше, добра работа е.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Power, си утнал тема... читај внимателно, не е ова за Астрална Проекција, ниту се поврзани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom