Аспартам-легален отров?

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.273
Поени од реакции
27.720
Аспартамот е синтетски засладувач, кој денес се користи во илјадници прехранбени производи, во слатките, во гумите за џвакање, во безалкохолните пијалаци.


Аспартамот е замена за природните шеќери, кои се обвинуваат за многу несакани последици по здравјето на луѓето.
Асптартамот се наоѓа во повеќе од 6000 производи, воглавно диететски. Иако во намирниците се наоѓа во дозволени количини, преголемите дози на аспартам можат да му наштетат на човечкото здравје.
Аспартамот се состои од две аминокиселини и е дури 220 пати поблаг од шеќерот.
Како вештачки засладувач, за разлика од останатите засладувачи, во организмот се разложува како и сите други аминокиселини. Тоа значи дека аспартамот има енергетска вредност, но поради високиот степен на благост, неговите калории можат да се занемарат.
Бидејќи аспартамот е аминокиселина, не смее да се изложува на високи температури, бидејќи при високи теператури се распаѓа и ја губи благоста. Се употребува за засладување на ладни и топли напитоци и на други хранливи продукти. Аспартамот го содржат диететските производи, мастиките за џвакање и безалкохолните пијалоци.


Пред да биде прогласен за сигурен за употреба од страна на Агенцијата за храна и лекови (FDA) во 1981 година, аспартамот е тестиран во преку 100 научни студии, кои вклучиле тестирање на животните и на луѓето (на новороденчињата, децата, возрасните, гојазните лица и дијабетичарите).
Заклучокот од сите овие тестирање бил дека фенилаланинот, кој е еден од продуктите на разградувањето на аспартамот, не е сигурен за луѓето кај кои е дијагностицирана фенилкетонурија (метаболна болест до која доаѓа поради недостаток на ензимот фенилаланин хидроксидаза).
Току поради тоа, сите намирници кои содржат аспартам, задолжително на декларацијата мора да имаат напишан текст „содржи извор на фенилаланин“.
Со најновите истражувања на глувците, докажано е дека канцерогениот ефект на аспартамот се манифестира веќе при дневна доза од 20 mg/kg телесна маса, што е значително пониско од моментално важечкиот ADI за луѓето (ADI е онаа количина на адитиви која, како составен дел од намирниците, може секојдневно да се консумира цел живот, без никакви последици по здравјето), кој во САД изнесува 50mg/kg, а во Европската Унија 40 mg/kg.
Понатаму, некои истражувања покажуваат дека аспартамот може да биде многу штетен за здравјето. Симптомите на труење со аспартам можат да бидат: зашеметеност, главоболки, замор, вртоглавици, повраќање, забрзана работа на срцето, зголемување на телесната тежина, замаглен вид, слепило, раздразливост, вознемиреност, осип, болка во зглобовите, депресија, грчеви, спонтани абортуси, неплодност, зависност, слабост и губиток на слухот.
Постои сомневање дека аспартамот може да предизвика тумор на мозокот, мултипла склероза, хроничен замор, епилепсија, Паркинсонова болест, Алцхајмерова болест, дијабет, метално заостанување, лимфом, дефекти на плодот, системски лупус.
Во бременоста, аспартамот може негативно да делува на плодот.
Сите студии, Агенцијата за храна на Европската унија, ги отфрлила како студии кои не се спроведени според бараниот протокол.
http://rak.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1862:aspartam&catid=105:ishrana&Itemid=218
ФДУ го прогласи за безбеден, но истражувањата покажуваат поинаку. Зошто некој ни вметнува отровни субстанци во храната?
Во повеќето балкански производи го нема сеуште, но САД го ставаат секаде, а веќе почнува тој тренд и во поголемите европски држави.
Да видиме кои се компонентите на аспартам за да ни стане појасно зошто е толку штетен.

Фенилаланин 50% - го намалува тонусот. Предизвикува ментална ретардираност во некои случаеви. Го блокира производството на Серотонин (клучен невропренесувач кој го контролира: Расположението, нормалното спиење, глад. Се култивизира во Е-коли бактерија во лабораторија.

Аспартатска киселина 40% - Предизвикува повреди или дупки во мозоците на лабораториските животни. Пренадразнетост (ги дразни мозочните клетки до смрт), амино киселина. Предизвикува моторно нервни болести во тестираните случаеви.
Метанол 10% - Исто така познат како метил алкохол. Тој го оштетува црниот дроб и очите. Две лажичиња за кафе може да бидат смртоносни за човек. Не делува исто на луѓето и животните па така лабораториските тестови не го покажуваат вистинскиот полн ефект на труењето. Метил алкохолот се разложува во формалдехид (течност за балсамирање) и формичка киселина (мравја киселина) на температува од 30 степени целзиусови. Предизвикува дефекти кај новороденчињата и фетален алкохолен синдром кај новородените доенчиња. Како содржина на друга храна во природата метил алкохолот доаѓа со етил алкохол кој ги неутрализира отровните ефекти на метанолот во метаболизмот на телото. За жал нема етил алкохол во аспартамот, така метанолот во него е во „слободна форма“ и веднаш се апсорбира во крвотокот. На секој молекул аспартам по еден молекул од метанол се ослободува. Класичните знаци од труење со метанол вклучуваат: летаргија, конфузија, грчеви во нозете, болки во грбот, тешки главоболки, стомачни болки, тежок говор, истоштеност, губење на видот/слепило, тешко дишење.

Дикетопиперазин (DKP) – Предизвикува тумори во мозокот во лабораториски тестови. Кај тринаесет од 320 лабораториски животни се појавиле тумори во мозокот на тестирањето. Аспартам ја оштетува и поминува низ крвно мозочната бариера и го оштетува мозокот.
ако има ваква тема споете ја.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.941
Избегавам производи со него.
Башка сите тие орбити не ги купувам од други причини.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Ма се е денеска катастрофа, јадеме и пиеме хемија а не вкусни прехрамбени производи, всучност тоа е замката на современиот живот само проблемот е тоа што сити ние сме свесни дека ништо не може да е толку здраво ако е произведен од десетици хемиски продукти (емулгатори, подобрувачи на вкус, вештачки бои ) и сепак ги користиме истите.
Знам само дека се што е на вештачки пат добиено помалку или повеќе е штетно, и затоа практикувам да ги избегнувам овие производи и храната да ја базирам на 70 % свежо овошје и зеленчук :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Кое е прскано најмалце 10 пати со отров ;)
Не е така !
ПРВО: Во Македонија ние имаме прекрасна клима, а и нашите земјоделци не се толку добро ситуирани за да ги прскаат овошјето и зеленчукот со толку отров како во странство.
ВТОРО: И да се прскани 10 пати со отров нашиот организам е создаден да ги обработи и да ги исфрли сиве отрови(прскања и др...) заради што се природни и соодветни на човековиот организам продукти
ТРЕТО: Хемија е ПОЛОШО од ПРИРОДНО ОДГЛЕДАН ПРОИЗВОД ИСПРСКАН СО ХЕМИЈА (на крај краева излупи ги производите, пред готвење стави ги во сода за да ја упие хемијата)
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Овие податоци се добиени со статистичка анализа. Скоро секојдневно се користи аспартамот и логично е дека и без него и со него некои луѓе ќе се разболат од некоја болест.

Поопасни се сахаринот, цикламатот и сличните засладувачи.

Овие соединенија се опасни затоа што имаат центри кои имаат својства да врзуваат метални јони или други молекули и да прават бељи после. Плус молекулите на овие засладувачи се големи, кабасти и ригидни, некои дури интерфенираат при анализа на некои параметри во крвта и слично.
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.032
Јас имам читано дека многу авио компании им имаат забрането на пилотите да пијат било какви пијалоци што содржат аспартам бидејки имало голем број случаи кога при премин од висок во низок воздушен притисок (при слетување) кај многу се појавувале проблеми со видот,па дури некои пилоти имале напади на епилепсија. Проблемите со видот ги немало кога не пиеле такви сокови и затоа постои сомнеж дека е до аспартамот иако не е до крај утврдено. Многу пилоти исто така не пиеле никакви течности со аспартам 48 часа пред медицински тестови пошто се дешавало да им ја одземат лиценцата за летање
 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Аспартамот и фенилаланинот се есенцијални амино киселини што се создаваат по природен парт во сите животински клетки.
 
П

Пепси_

Гостин
Не е така !
ПРВО: Во Македонија ние имаме прекрасна клима, а и нашите земјоделци не се толку добро ситуирани за да ги прскаат овошјето и зеленчукот со толку отров како во странство.
ВТОРО: И да се прскани 10 пати со отров нашиот организам е создаден да ги обработи и да ги исфрли сиве отрови(прскања и др...) заради што се природни и соодветни на човековиот организам продукти
ТРЕТО: Хемија е ПОЛОШО од ПРИРОДНО ОДГЛЕДАН ПРОИЗВОД ИСПРСКАН СО ХЕМИЈА (на крај краева излупи ги производите, пред готвење стави ги во сода за да ја упие хемијата)
Нема врска климата со квалитетот на овошјето ако тоа е прскано со препарати

Само ти мисли си дека се исфрлаат така лесно.....

Каков е тој природен одгледан производ ако е испрскан всушност со хемија т.е. препарати ?! - контрадикторност
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Нема врска климата со квалитетот на овошјето ако тоа е прскано со препарати

Само ти мисли си дека се исфрлаат така лесно.....

Каков е тој природен одгледан производ ако е испрскан всушност со хемија т.е. препарати ?! - контрадикторност
Добро момче поради тоа што гледам дека си многу ПАМЕТЕН, кажи ми што да правиме да јадеме природно одгледани плодови без никакво загадување на воздухот, водата, космички зрачења разни озрачувања и милион хемии во плодовите.

УСЛОВ: ДА НЕ СЕ ВРАЌАМЕ ВО КАМЕНА ДОБА ?!
 
П

Пепси_

Гостин
Добро момче поради тоа што гледам дека си многу ПАМЕТЕН, кажи ми што да правиме да јадеме природно одгледани плодови без никакво загадување на воздухот, водата, космички зрачења разни озрачувања и милион хемии во плодовите.

УСЛОВ: ДА НЕ СЕ ВРАЌАМЕ ВО КАМЕНА ДОБА ?!
Тоа се вика органско производство мил мој члену,кое што во европската унија (а мислам и кај нас ) дебело се субвенционира. Тоа е без пестициди и други хемии,и одгледувано подалеку од 15-20 км од град или било кој загадувач (фабрики,коли сл.). Ама затоа ќе те опнат 30% по скапо за таа органска храна шо нема да посакаш да ја јадеш.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Повеќе луѓе умираат од витамин ц отколку од ова.Се што е претерано е неубаво.Користам засладувачи кога сум на диета и некогаш може да си дозволам без шеќер проиводи.Ако било толку штетно до сега ќе умрев.
Сите студии се правени на стаорци и им се давани 3 пати повеќе дози од нормалата и сите студии што се на стаорци не можат да се споредат со човечки битија.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Избегавам производи со него.
Башка сите тие орбити не ги купувам од други причини.
FISHERMAN'S FRIEND Extra Strong (белите најдесно) се без вештачки засладувачи (т.е. баш Extra Strong е без никакви шеќери), а увозник е Орбико ;) Плус се и подолготрајни и поекономични, 42-45 денари / 25 парчиња.
 

vlay_markoman

r3k1NNz0R.mp3
Член од
24 септември 2012
Мислења
176
Поени од реакции
43
Не е така !
ПРВО: Во Македонија ние имаме прекрасна клима, а и нашите земјоделци не се толку добро ситуирани за да ги прскаат овошјето и зеленчукот со толку отров како во странство.
ВТОРО: И да се прскани 10 пати со отров нашиот организам е создаден да ги обработи и да ги исфрли сиве отрови(прскања и др...) заради што се природни и соодветни на човековиот организам продукти
ТРЕТО: Хемија е ПОЛОШО од ПРИРОДНО ОДГЛЕДАН ПРОИЗВОД ИСПРСКАН СО ХЕМИЈА (на крај краева излупи ги производите, пред готвење стави ги во сода за да ја упие хемијата)
Брат дедо ми носеше за извоз јаболка шофер беше од македонија кај нас ја носеле за германија и го вратија цел шлепер за пола саат има кажале дека била прскана 8 пати и тоа со што им кажале.Како не ги прскат.И на враќање по србија хрватска така им наредиле се ја дале ама кај некој е тешко да помине нешто така да се се прска брзо расте го храни и оп уште нема бостан по пазар им ОД КАЈ Е !!!! СИГУРНО НЕ Е ПРИРОДНО
 

Kajgana Shop

На врв Bottom