Архитектот на највисоката зграда во затвор во Идризово пред земјотресот.

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
До 1960 година во центарот на Скопје имаше неколку облакодери-солитери-кули од десет спрата.
Тогаш таа година почна да се гради и највисоката зграда во Ново маало во Скопје,позната меѓу народот како Работнички дом. ( Главен ) архитект на ова здание бил инж.Јован-дипломирал во Загреб на тамошниот градежен факултет. Пред да се заврши зградата значи некаде 1962 година тој е затворен во затвор во Идризово со обвинение дека недостасувал некој градежен материјал,односно дека повеќе е ставено од потребното или слично а се работело за железо.
Таму во затвор веројатно го дочекал и земјотресот во 1963 година. А пак за земјотресот таа зграда од 12 спрата останала сосем читава,се сеќавам дека само две мермерни плочки од најгоре беа паднати,односно обележана со три зелени линии.Долго време 10-20 години се познаваа-разликуваа тие две плочи на западната фасада најгоре.
Што точно се случи после со инж.Јован дали знае некој да каже.
По муабетите низ народот тој од затворот е пуштен после земјотресот,но дали ја продолжил својата работа незнам. Мислам дека уште таму во Идризово (скренал) и од таму е префрлен во Бардовци во болница, ова не го знам точно која година.
По долги години е пуштен од таму и ми беше мој комшија веднаш до врата на улица 11 октомври. Неговата гарсоњера беше скромно опремена кревет,маса и еден-два стола.
Многу не правевме муабет за неговото здравје и поранешниот живот и проблемот со зградата.
Неколку пати повторно го носеа во болница во Бардовци (правеше некој проблеми на улицата).
Во 70-тите години почна да се право зградата на ДОЗ.
Еден ден инж.Јован не повика и од таму од кај градилиштето не замоли да му качиме со братми неколку големи камења. Се чудевме што ќе му се. Зградата тогаш немаше парно.
И што ќе видиме. Камењата ги нареди под кревет а помеѓу нив стави некој голем грејач.
Зимно време така се затоплуваше,ќе ги загрее камењата а тие држат топлина цел ден и вечер.
Значи на човеков се уште го служи паметот и тоа добро.
Тие години често снемуваше струја имаше и рестрикција или него му ја често исклучуваа незнам. Но занам дека и кај нас често немавме струја. Повеќето станови во зградата немаа водомери туку плаќавме паушално вода према број на станари во станот или големината.
Еден ден еве што направи инж.Јован. Поточно тоа сам го направил јас само бев да видам.Никаде нема струја во комшии,негде по некоја свеќа а кај него дома свети сијалица.
Земал динамо од точак,ставил перки од некоја пумпа или калолифер на оној дел кај што тој допира на гумата на точакот.А пак тој дел го ставил-покрил во некоја пластична кутија.На таа кутија оставил отвор во кој влегува едно црево а другиот дел од цревото е во чешма.
Ја пушта водата од чешма,се врти динамото и свети сијалицата закачена на таванот поврзана со жици-кабли до динамото. ВОДА нека тече и онака се плаќа паушално.
Потоа беше ставил и поголемо динамо и поврзал неколку сијалици да светат.
Значи на човеков се уште го служи паметот и тоа добро.
Тогаш зошто е обвинет и затваран во затвор и НЕВИНО осуден.
Тој инж.Јован беше родум од источна Македонија,имаше една сестра,немаше потомство.
Последен пат кога го однесоа во Бардовци и повеќе не се врати во станот.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.267
@Anco
Приказната ти е малце измешана, ако си ја читал Парадоксот на Диоген ќе ти текне зашто ( приказната е инспрација од случката ;) ). Инаку името на архитектот е Славко Брезовски (галичанецот кој неодамна почина) а зградата е Работнички Дом (1958 година).
Демонстрација на еден политички-општествен систем кој нажалост повторно ја окупира Македонија каде прво ги фрла луѓето во зандани и истите подлежат на тортура па после ги суди бесправно. Како функционирал тој систем докажува самото тоа што доказ или пишан документ за ова не постои освен личното сведоштво на оној кој преживеал и неговите најблиски. Зашто не постои, зашто се поврзано со случувањата се брише од евиденција исто како што се бришеле луѓе од нивното постоење.
Незнам зашто ги изврте фактите можеби проба да го глумиш Томе Арсовски, а може би не си доволно добро запознаен со случката :)
 
Последно уредено:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Демонстрација на еден политички-општествен систем кој нажалост повторно ја окупира Македонија каде прво ги фрла луѓето во зандани и истите подлежат на тортура па после ги суди бесправно.
:pos:

Брее кое лажење, бетер од ѓупците.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
@Рајан, зошто не му дозволиш на човекот да е во право па макар и да греши?

Еднаш ја читав ЏенуГрл која на еден наш постар колега му се обрати со зборовите ''Стари, ќе се ладиш ако продолжиш вака''.

Разбирам дека тука на интернет неможеме да се видиме, но сепак мора да бидеме свесни за чувствата на другите луѓе.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.267
:pos:

Брее кое лажење, бетер од ѓупците.
Се пронајде во муабетот, ти вака како неписмена особа која прв пат слуша за Славко, Томе и во живот нема прочитано книгата а не по секако Парадоксот на Диоген еве просветли не како функционирал тогаш системот а како функционира сега. Уствари со проста маса не може да се комуницира на било кој начин освен на ѓупски, добро е бар што се декларираше како таков. Што се не пишува на форумов бре бре.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Се пронајде во муабетот, ти вака како неписмена особа која прв пат слуша за Славко, Томе и во живот нема прочитано книгата а не по секако Парадоксот на Диоген еве просветли не како функционирал тогаш системот а како функционира сега. Уствари со проста маса не може да се комуницира на било кој начин освен на ѓупски, добро е бар што се декларираше како таков. Што се не пишува на форумов бре бре.
:pos:

Прв пат слушам ?:pos:
Парадокост на Диоген :pos:

Дневната политика е забранета, да те потсетам.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.267
:pos:

Прв пат слушам ?:pos:
Парадокост на Диоген :pos:

Дневната политика е забранета, да те потсетам.
Од дневна доза циганизам и твоите интелектуални способности издвојуваме :
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
@Anco
Приказната ти е малце измешана, ако си ја читал Парадоксот на Диоген ќе ти текне зашто ( приказната е инспрација од случката ;) ). Инаку името на архитектот е Славко Брезовски (галичанецот кој неодамна почина) а зградата е Работнички Дом (1958 година).
Демонстрација на еден политички-општествен систем кој нажалост повторно ја окупира Македонија каде прво ги фрла луѓето во зандани и истите подлежат на тортура па после ги суди бесправно. Како функционирал тој систем докажува самото тоа што доказ или пишан документ за ова не постои освен личното сведоштво на оној кој преживеал и неговите најблиски. Зашто не постои, зашто се поврзано со случувањата се брише од евиденција исто како што се бришеле луѓе од нивното постоење.
Незнам зашто ги изврте фактите можеби проба да го глумиш Томе Арсовски, а може би не си доволно добро запознаен со случката :)
-Прв пат слушам за овој Брезовски, значи не е тој осудуван или бил ама не ми е познато,можеби тој Брезовски бил главен па се спасил а настрадал инж.Јован.
Тој Славко Брезовски не живеел на ул.11 октомври туку во Тфталиџе на ул.Иван Милутиновиќ сегашна Дрезденска. За овој случај сега рзбрав дека имало и драма со Ристо Шишков,веројатно како вистинската случка.Тоа што го пишав за инж. Јован е се така,затоа што живеевме врата до врата долги години.Незнам за таа книга дали е роман и од кој автор е да ја барам.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
VAZNO.......................
на 27 јули 1963 година е пуштен од затвор инж.Јован само еден ден по земјотресот.
Што ја натерало власта во тоа време да го стори тоа.
Дали зградата која се лулала напред назад без никакво оштетување.
Веќе на 28 јули инж.Јован држи предавање во Работнички дом во една сала на повисоките катови, и збори зошто употребил такво и толку армирано железо и зошто ставил појакка марка на цемент-бетон.Кој бил таму присатен знае,тоа привлече големо интересирање,лифтовите во кулата работеа нон-стоп.
Кој беа и зошто егзикуторите на душата-состојбата на инж.Јован.[DOUBLEPOST=1513027036][/DOUBLEPOST]
@Anco
Приказната ти е малце измешана, ако си ја читал Парадоксот на Диоген ќе ти текне зашто ( приказната е инспрација од случката ;) ). Инаку името на архитектот е Славко Брезовски (галичанецот кој неодамна почина) а зградата е Работнички Дом (1958 година).
Демонстрација на еден политички-општествен систем кој нажалост повторно ја окупира Македонија каде прво ги фрла луѓето во зандани и истите подлежат на тортура па после ги суди бесправно. Како функционирал тој систем докажува самото тоа што доказ или пишан документ за ова не постои освен личното сведоштво на оној кој преживеал и неговите најблиски. Зашто не постои, зашто се поврзано со случувањата се брише од евиденција исто како што се бришеле луѓе од нивното постоење.
Незнам зашто ги изврте фактите можеби проба да го глумиш Томе Арсовски, а може би не си доволно добро запознаен со случката :)
добро-убаво си проживеал вујкоти Славко, а колку (и како) живееше инж. Јован.
( поточно ако знаеш напиши како почина тој човек.)
 
Последно уредено:

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
@Anco
Приказната ти е малце измешана, ако си ја читал Парадоксот на Диоген ќе ти текне зашто ( приказната е инспрација од случката ;) ). Инаку името на архитектот е Славко Брезовски (галичанецот кој неодамна почина) а зградата е Работнички Дом (1958 година).
Демонстрација на еден политички-општествен систем кој нажалост повторно ја окупира Македонија каде прво ги фрла луѓето во зандани и истите подлежат на тортура па после ги суди бесправно. Како функционирал тој систем докажува самото тоа што доказ или пишан документ за ова не постои освен личното сведоштво на оној кој преживеал и неговите најблиски. Зашто не постои, зашто се поврзано со случувањата се брише од евиденција исто како што се бришеле луѓе од нивното постоење.
Незнам зашто ги изврте фактите можеби проба да го глумиш Томе Арсовски, а може би не си доволно добро запознаен со случката :)
а дали знаеш дека и од ЗАТВОР - Идризово во првата година инж.Јован проектираше уште неколку куќи на видни лица од тоа време веднаш над сегашно МВР. Или и тие ќе ги препишеш на вујкоти.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.267
@Anco
1. не ми е вујко
2. еден од најреномираните и најуспешни архитекти на овие простори е славко брезовски
3. работнички дом, стоковна куќа, соборна црква, станбен комплекс влае ( белите згради ), хотел попова шапка етц не спаѓа во типот на градби кој ги проектирал другар ти јован.
4. славко брезовски беше универзитетски професор од кој потекна цела плејада идни успешни архитекти.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Господа ај малку поподробно!
Најверојатно и @Anco и @Ryan Giggs се во право ама додека на стариов може да му се прости за неукоста на архитектов малку потешко!
Господа, еден проект обично има неколку фази, архитектура, статика, електрика, машинство .....
Може идолот на @Ryan Giggs бил главен проектант , т.е. на архитектурата ама не е он само !
Штом станува збор за железо(армирање) значи статичарот е одговорниот за тоа, што има врска архитектот со железото?
Очигледно комшијата на @Anco бил токму тој и иако зборите за исти објекти, муабетот околу проектантите ви е разрок. Не се истите луѓе!
 
Остај ти тоа, немаш интелектуани способности.

Инаку да, ќе лежи в затвор а после ќе ја прави амбасадата на Југославија во Бразилија (ќе освои прва награда).

Логика.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Остај ти тоа, немаш интелектуани способности.

Инаку да, ќе лежи в затвор а после ќе ја прави амбасадата на Југославија во Бразилија (ќе освои прва награда).

Логика.
Е сега и ти !
Амбасадата е изградена 63, а проектот сигурно бил доста порано!
Чекале да освои прва награда на конкурсот па да го затворат, да не му платат за трудот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom