Молк
Кога сум крај тебе,
стварноста и не ми е потребна.
Единствено тогаш знам,
дека сепак постојам.
А, јас ќе замолчам,
јас и не можам да зборувам.
Мојот говор е заробен, во чувствата.
Молк !
Темнината сокрива, присуство.
Можеби си тоа ти,
и можеби е, сосем доволно,
да го чувствуваш,
она што зборовите
не можат, да го искажат !
Можеби си тоа ти...
Архангел, во суштина, не сум ги слушала никогаш. Знаев дека постојат и им знаев 2-3 песни. Денес ги разоткривам подлабоко
Навистина, секоја чест на Ристо, за текстовите и музиката !
Прекрасни се.