Арсенал - Манчестер Јунајтед | Емирати - Недела 17:00

Како ќе заврши натпреварот?


  • Вкупно гласачи
    102
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460

Исклучително важен натпревар за двете екипи. Манчестер се бори за врвот, Арсенал за место кое води во ЛШ. Минатата година натпреварот на овој стадион заврши со тесна победа од 1-0 за Арсенал.

Со двата порази во новата година Арсенал ги изгуби и онака малите шанси за титула така да реалноста е дека сега треба да се стравува и за пласманот во топ4.
Последни 5:
Swansea - Arsenal ---- 3:2
Fulham - Arsenal ---- 2:1
Arsenal - QPR ---- 1:0
Arsenal - Wolves ---- 1:1
Aston Villa - Arsenal ---- 1:2

Од друга страна нити Манчестер не е во којзнае каква форма, изгубија 2 натпревари од последните 3 во ПЛ и Сити повторно им се одлепи на 3 бода
Последни 5:
Manchester Utd - Bolton ---- 3:0
Newcastle - Manchester Utd ---- 3:0
Manchester Utd - Blackburn ---- 2:3
Manchester Utd - Wigan ---- 5:0
Fulham - Manchester Utd ---- 0:5

Втор пат сезонава Арсенал ќе излезе против Манчестер видно ослабен, но сега за разлика од првиот натпревар и Манчестер има проблеми. Арсенал ќе биде буквално без ниту еден класичен бек на овој натпревар така да тоа ќе остави огромен простор за крилата на Манчестер.

Арсенал:
Повредени играчи: Wilshere, Sagna, Diaby, Coquelin, Santos, Jenkinson, Gibbs, Fabianski
Под знак прашалник: Vermaelen, Henry, Arteta
Најверојатни 11: Szczеsny, Djourou, Mertesacker, Koscielny, Miqel, Song, Rosicky, Ramsey, Walcott, Arshavin, RVP

Манчестер:
Повредени играчи: Vidic, Young, Fletcher, Fabio, Anderson, Owen
Под знак прашалник: Ferdinand, Smalling, Welbeck, Jones, Cleverley
Најверојатни 11: Lindegard, Rafael, Evans, Ferdinand, Evra, Carrick, Scholes, Valencia, Nani, Rooney, Chicarito

Арсенал нема да смени тактика, ќе игра како и секогаш што игра така да очекувајте ја истата 4-3-3.
Од друга страна Манчестер очекувам да излезе со засилена средина, исто како и секој пат кога игра против Арсенал на гостински терен, ќе остави посед на Арсенал и ќе игра на противнапади. Последниве години и те како им иде во прилог таа тактика имаат доста солиден скор на гостувањата.

Шлаг на тортата е судијата...

Тоа е Мајк Дин, гнасно копиле.... на последните 10 натпревари на Арсенал кои ги судел, Арсенал нема победа (5 нерешени, 5 порази)

Мое видување:
Венгер мислам дека тактизира со Артета, скоро сигурен сум и се надевам дека Артета ќе стартува заедно со Вермален како лев бек. Искрено без Артета и Вермален ептен лошо ни се пишува, Нани и Валенсија има да играат како сакаат по страните.
Од друга страна истото го мислам и за Фергусон, тактизира со Фердинанд и со Џонс и мислам дека и двајцата ќе стартуваат во недела.
Во секој случај очекувам добар натпревар со минимум 3 гола и се надевам без дополнителни повреди, мој конечен тип = 3:2

П.С. Embrace yourselves, the GGMU posts are coming :pos::pos::pos:
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Tи немаш направено анкета? :facepalm:
:facepalm::facepalm::facepalm: јебига забораив, едвај додржав очиве да ја пишам темава.
Еве Џену ќе биде добра и ќе ја стави анкетата :)

Отидов јас :sleep::sleep:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Каква е ситуацијата со повреди и лошата моментална форма, се надевам, но не сум сигурен дека е можна победа на Арсенал. Но, оваа е чудна сезона, како што беше и она сликата со кругот каде секој секого може да победи во Англија. Се надевам само нема да се случи дебакл како 8-2 и тоа овојпат на домашен терен.

Но без бекови, се согласувам со Топче, ќе не фанат на контри, Нани и Валенсија има да растураат по страните, одбраната мора да одигра животна утакмица ако сака не прими гол. Од друга страна, очекувам Ван Перси рутински да си даде гол како што цело време прави, дали еден гол ќе биде доволен за победа како во мај ќе видиме.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Иначе Фердинанд не е под знак прашалник, ќе игра, а ни Андерсон не е повреден.

Ме охрабрува тоа што Смолинг се врати за дуелов и ќе му биде партнер на Рио во одбраната, затоа што Рио и Џонс не функционираат баш најдобро. Со тоа Џонс ќе се врати најверојатно со Керик во средината а по крилата ќе ги имаме Нани и Валенсија иако моја желба е да игра Парк затоа што не пропушта а да не му даде гол на Арсенал. Како и да е, шансите да се погоди составот на Манчестер Јунајтед се помали од тоа човек да фати лото, затоа нема да се замарам со ова и ќе се надевам на победа на мојот тим :)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Arsenal - Manchester Utd. X

Иначе, Македонија - Чешка 27:21, во случај да не сте разбрале :love:
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.876
Победа на Јунајтед, кој обожава да игра под притисок, а посебно затоа што ова е огромна шанса сити да киксне од тотнем и да си поплачат малце. :icon_mrgr: Без навреда до фановите на арсенал, ама и двајца ван перси ако имаат во напад, пак ќе немаат одбрана ( Szczеsny, Djourou, Mertesacker, Koscielny, Miqel, Song, Rosicky, Ramsey, Walcott, Arshavin, RVP ), јебига.
Доста е и 0-1.
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.610
....

Иначе мислам дека нерешено ќе биде .. 2-2
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.049
Се двоумам дали да ја пишам 5 или 7+... :P
Искрено очекувам тесна утакмица,со не повеке од 3 гола.Се надевам дека грешам,секој сака да гледа голови :DЈунајтед можеби на мечот влага како подобар тим но Арсенал нормално дека несака ново разочарување и тоа на домашен терен,тешко дека ке дозволат 3 порази по ред ке биде пеколно во недела.Каков и да е исходот од овој натпревар,се надевам Ари'с бојс ке изиграат една добра партија со Сити.:icon_mrgr:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Пишал Ајви на темава, значи го пронашле, добро е :icon_lol:
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Артета и дефинитивно аут од натпреварот, Вермален има етен мали шанси да настапи, Анри ќе има тест утре да се види дали ќе биде спремен...

Катастрофа :(

Баш ме интересира како ќе излезе Ферги ако тргне напаѓачки со намера они да го имаат поседот ќе го јадеме пошто немаме кој да задржи топка, ако игра како што играл стално може и имаме некоја шанса :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom