Гладните најлесно ја рушат државата
Гладните најлесно ја рушат државата
А судиите по подруми се кријат тогај
Поповите со челото на земја се лепат
и глупости невидени пцалаат
предавниците пробуваат да се извлечат
од сопствениот мрак
но вистината ги поклопува со грст земја
со скриен рев во стомаците,по сокаци
скришно бегаат грамотниците
насекаде испукани ѕидови и напуштени крчми
овдеонде течи истурено скиселено вино по калдрмата
некаде на крајот од градот распарталени курви
за пурпурот сонуваат
Ете сега знаете дека
јадосани и навредени без клепки над очите
гладните најлесно ја рушата државата
оти само ним им остана сонцето на рамениците
да,пред нивните тешки тупаници
и мувите затајено стојат,а пајаците ни пајажина не плетат
а можат,сето тоа да го сторат,зборува за нив небото
само тие не си ја продадоа душата за жолти мечидии
само тие восхита ја имаат во очите
и само ним папокот им е врзан со земјата.
Извадок од Стихозбирката..Казаматите на Копнежот