Арнаутска жетва од Никодин Чернодримски

Член од
23 април 2005
Мислења
622
Поени од реакции
14
Здраво Чернодримски

Не се посомневав дека нема да те најдам овде ...а зошто ;) ?
Овде многу ретко пишам....подобро ми е таму кај што сум...имам осетливи мозочни вибрации :)!

поздравче ;) :)
 

Attachments

Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
Во темните сокаци на старата скопска чаршија.

Додека дождот лиеше незапирливо
Сенката стоеше на раскрсница
И постојано зборуваше со липтеж
Не сакам повеќе,не сакам повеќе.

Не сакам повторно да одам
Во темните сокаци
На старата скопска чаршија
Таму постојано се леат солзи
И скриени липтежи се лепат на калдрмата
Од полуголите птепани девојки
Кои своите скриени надежи ги носеле
На своите нежни дланки
А се раѓале во зениците
На нивните недосонувани синила.

Не сакам повторно да одам
Во темните сокаци
На старата скопска чаршија
Таму постојано пред пурпурот
Нечија душа на половина пука
И воздухот така го прави
Ладен ,бесчуствителен и морничав.

Не сакам повторно да одам
Во темните сокаци
На старата скопска чаршија
Таму постојано умира надежда
На таа проклета крвава калдрма
Исто као пред
Пет,исто како пред петнаесет векови.

Чернодримски

Песна од Стихозбирката"Казаматите на копнежот"
20200424_103816.jpg
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
Гладните најлесно ја рушат државата

Гладните најлесно ја рушат државата
А судиите по подруми се кријат тогај
Поповите со челото на земја се лепат
и глупости невидени пцалаат
предавниците пробуваат да се извлечат
од сопствениот мрак
но вистината ги поклопува со грст земја
со скриен рев во стомаците,по сокаци
скришно бегаат грамотниците
насекаде испукани ѕидови и напуштени крчми
овдеонде течи истурено скиселено вино по калдрмата
некаде на крајот од градот распарталени курви
за пурпурот сонуваат

Ете сега знаете дека
јадосани и навредени без клепки над очите
гладните најлесно ја рушата државата
оти само ним им остана сонцето на рамениците
да,пред нивните тешки тупаници
и мувите затајено стојат,а пајаците ни пајажина не плетат
а можат,сето тоа да го сторат,зборува за нив небото
само тие не си ја продадоа душата за жолти мечидии
само тие восхита ја имаат во очите
и само ним папокот им е врзан со земјата.


Извадок од Стихозбирката..Казаматите на Копнежот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom