- Член од
- 29 мај 2008
- Мислења
- 118
- Поени од реакции
- 7
Слуга на времето
го пронајдов неродениот час
и го прегрнав силно
недојденото време
копнеев веќе долго за него
и сега
кога го имам во прегратките
станав се*ичен
го сакав само за мене
ветерот злокобно ги носеше молбите
молбите на многумина чекачи
да го пуштам од прегратките времето
но се*ичноста
со секоја слушната идна молба
стануваше се поголема и поголема
се молев на времето сега
слуга негов да бидам
и во вечноста
и само мој господар да стане
но молњата што севна
го распара небото напола
порака јасна напиша
времето е ничие
времето е сечие
оставиго нека врви
го пронајдов неродениот час
и го прегрнав силно
недојденото време
копнеев веќе долго за него
и сега
кога го имам во прегратките
станав се*ичен
го сакав само за мене
ветерот злокобно ги носеше молбите
молбите на многумина чекачи
да го пуштам од прегратките времето
но се*ичноста
со секоја слушната идна молба
стануваше се поголема и поголема
се молев на времето сега
слуга негов да бидам
и во вечноста
и само мој господар да стане
но молњата што севна
го распара небото напола
порака јасна напиша
времето е ничие
времето е сечие
оставиго нека врви