[FONT="]Птица
Со мртвата птица замина и песната
беше ранобудилка
еве утрово е тажно
или капкиве дожд се поладни
мракот беше превесник
гласот на смрта
светулките околу фенерот
танцот не го играа веќе
замреа
и злокобно зуеја
беше дел од јатото
најгласната
највеселата
со криљата и воздухот сетики
ете го тераше да трепери
другари неразделни беа
тишината
и молкот насекаде
поздравот последен
мртвата птица
песната
молк
тишина
се до некоја нова птица.[/FONT]
Никодин Чернодримски