Апсурдите на атеизмот

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Христос, се што ветува, се исполнува. Тоа е обрска и од поединците кои го следат Неговото учење: ветеното да го исполнат, оти во српотивно, ветеното кое не е исполнето, станува лага. Па сега, повели, самиот провери колкумина од нашиве политичари го одржуваат она кое го ветуваат во своите предизборни кампањи, односно, колкумина од нив лажат....
За ветувањата на политичарите дали се исполнети имаме повратна информација...
А за оние на исус се уште немаме информација дали нешто биднало од таа работа.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
„...нека ви биде според верата ваша...„- им вели Христос на двајцата лепрозни, кои ги очиситл од болеста. Според тоа. она во кое веруваш, тоа и ќе ти се случи. Ако веруваш дека секое ветување Он ќе го исполни, тогаш, тоа и ќе биде.

А за повратаната информација од полиичарите, повели, причај ми о томе... Лично, не ми е позната некоја таква информација, освен очигледните факти дека повеќето од нив се офајдија, на сметка од сиромаштијата од народов...
 
ОВА ТИ Е ПОВРАТНАТА ИНФОРМАЦИЈА...поточна и попрецизна здравје.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Прости, ама не ја ГЛЕАДАМ-каде е информацијата...
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
1.495
Поени од реакции
38
Vo vtora Mojseeva se kazuva deka vo periodot koga Mojsej go osloboduva narodot od Egipetska vlast imalo 600000 mazi, bez zeni i deca. Toa ukaziuva na faktot deka imalo ogromen broj na Izraelci. Sigurno togas imalo poveke od 2 milioni so se deca. Epa ako ja pogledneme tabelata http://en.wikipedia.org/wiki/World_population ke vidime deka svetot broel 791 milion vo 1750 sto ukazuva na faktot deka togas imalo daleku pomalku narod odkolku vo 1750. Cekam dobar odgovor ne samo religiski tuku i so fakti potkrepen.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мастер,
поединците, кои само што стапиле во верата, редовно се замараат со податоци и информации кои се од сосема споредно значење за нивниот верски живот. Не денгуби со такви статистики, кои ионака се само обични проценки и шпекулации, кои апсолутно не влијаат врз квалитетот од личниот верски подвог, туку барај работи кои се битни за спасението на душата, а се друго ќе ти се придодаде и преумножи.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Член од
25 јуни 2008
Мислења
451
Поени од реакции
5
Ја, батка, дур не видам, не верувам....:pos2:
Е па да те разочарам ти кога ќе видиш нема да веруваш туку ќе знаеш.
Друго кога се качуваш во такси му бараш дозвола на шоферот или му веруваш на слепо дека има возачка ?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Марјанчо, мојот пост, очигледно е дека е напишан на мајтап, разбираш...
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Апсурд на атеизмот 3 – недостаток на вредносен систем, безпринципелноста.​

Независно за која област станува збор, дали во светот можат да постојат 2 вредносни системи!? Од морални закони до физиката на светот. Од спортски, уметнички до филозофски достигнувања. И ако се спојат сите тие подсистеми, може ли во светот да постои повеќе од еден вредносен систем. Ако постојат 2 вредносни системи, освен ако воопшто не се во меѓусебен додир, тие нужно би биле во постојан меѓусебен конфликт. Ако не се во конфликт, тогаш не се различни туку се сложен дел од еден систем. Ако се во конфликт тоа значи се во интеракција. Што значи има некаква врска меѓу нив. Поврзаноста мора да се заснова на нешто кое е слично помеѓу нив, но различно го вреднуваат. Самата врска наметнува заклучок дека во различното вреднување или двата се лажни или едниот од нив е лажен. Бидејќи ако се двата системи се во право, не би биле во конфликт, би биле дел од еден ускладен систем. Штом се врзани, а во меѓусебен судир тогаш тие се пониски нивоа, кои се изместени од вредносниот систем кој доколку го почитувале не би имало судир помеѓу нив. Затоа светот (за да) постои и (мора да) се заснова на еден вредносен систем. Повеќе вредносни системи може да постојат само ако немаат никаква можна врска меѓу себе. Што значи во 2 различни универзуми кои не знаат еден за друг. Судирите се последица на изместувањата на барем еден од подсистемите од правецот на вредносниот систем кој ја дава складноста и хармоничноста. Може ли нештата да постојат безсмислено, туку така, без ред и причина за појава. Безсмисленото значи безпричински. Безсмисленото значи без систем. Смисленото значи причински со систем. Постоењето на систем, наметнува тој да е само еден. Самото постоење на ЕДЕН вредносен систем го наметнува постоењето на ЕДНОТО кое е да го наречеме врв на тој вредносен систем. Го нарекувам зата што како и да го наречеш, врв, основа, важно тоа е едно кое проткајува и го гради целиот систем. Целата негова единственост и складност, што го прави и се нарекува систем.

Што е на врвот на системот? Принципите кои го поврзуваат вредносниот систем во себе носат некој општ принцип кој меѓусебно ги прави складни. Ако се сфати дека нужно има ЕДЕН вредносен систем, значи има ЕДЕН принцип, ЕДНА основа. ЕДНОТО е Бог, бидејќи таквата улога е улогата на поимот Бог. Верувањето во Бог, го поставува верникот да гледа на свет заснован на еден вредносен систем. И тоа е вистината. Основата, врвот, принципот е Бог. Тоа раѓа однос на сериозност на верникот кон светот. Бидејќи за умот во кој има еден вредносен систем не постои можност за замена на изгубеното со нешто друго. Оние кои не веруваат во Бог не веруваат во постоењето на вредносен систем воопшто. Со таквиот поглед на свет загубата не ја доживуваат толку трагично, затоа што според нивното гледање, таа загуба е заменлива. Меѓутоа ниту добивката ја доживуваат во полна радост. Со тоа се руши и постоењето на вредносниот систем, се релативизира, престанува да постои. Присуството на таа психологија ја раѓа распуштеноста, незаинтересираноста, безволност, апатија, нихилизам, ништавило.

Ако нешто се случило, може ли да се однесуваме како да не се случило!? Ако се случило зло, несреќа, трагедија, може ли да го отфрлиме настанот и да се однесуваме како тоа да не ги менува нештата. Ако прифатиме така, тогаш ако се случило нешто добро, што тоа менува. Ако сме ја отфрлиле значајноста на слученото, ние не можеме добивките или загубите да ги доживуваме.

Онолку колку што сметаме дека работите се заменливи, во таа мера стануваме несериозни и незагрижени за било што. Во таа мера стануваме луди. Ова е одговор на негативноста кога го употребуваме зборот безб0жност. За жал во такво лудо безбожно време живееме каде луѓето го изгубија чувството за сериозноста, мислејќи дека нештата се заменливи. А колку прекрасно е да се победува во сериозен свет, каде успехот и победата навистина значат победа над болки кои болат и радости кои исполнуваат.

Прашајте се каде отиде радоста?

За да се почувствува нешто останаа само физичките надразнувања. За нихилистите, побожниот кој покажува волја да ја бара вистината е фундаменталист. Безбожниот го напуштил барањето на вистината и се претвора во лажно широкограден бескарактерен безволен десктруктивец кој се спротивставува на се кое се испречи да го наруши комодитетот на живот без принципи. Затоа едни те исти безбожни личности се поддржувачи за се она кое го уништува човештвото.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
ти реално немаш поима шо збориш ...
нафрли се на куп ..
етикетираш безврска ...
јас незнам у која група спаѓам .. ни пак имам намера да се пронаоѓам во некоја (атеист, нихилист или шо ти знам таму), и не верувам во религииве барем не на начинот на кој ни се преставуваат и пропагираат ...

Твојата аналогија НеВерник (човек кој не верува во постоењето на Еден Бог, и не ја подржува религијава пропагаторска земна) ја поистоветуваш со Немање радост, деструктивност, апатија бла бла бла ....

најлесно е кога немаш ист став со некој да го нападнеш со етикета да му прилепиш негативни епитети и притоа да речеш ете тоа нечини .... но тоа не значи дека си во право ...

Јас не верувам и не ја поштувам пропагандата од религиите ... па ни сум деструктивец, ги сакам луѓето околу мене (барем оние кои заслужуваат, другите ги игнорирам), сакам да ширам позитивна енергија, да делувам позитивно, сакам да помагам на некој на кој му е потребна помош итн итн ... шо праиме сега ...

а шо праиме пак со големите „верници“ кои прават деструктивни работи како педофилија, давање благослов за убивање на луѓе за почнување војна за геноциди .... сакаш да ми кажеш ти како „Голем Верник“ грев немаш направено?
ти го гледам и потписот се сметаш за патриот вероватно ... подржуваш слободна волја? демократија? развивање по сопствени убедувања .... тогаш шо ми пропагираш диктаторство?

има ЕДЕН вредносен систем, значи има ЕДЕН принцип, ЕДНА основа. ЕДНОТО е Бог, бидејќи таквата улога е улогата на поимот Бог.
:uvo:

Бог е некој диктатор или ....?

Наместо да го користиш мозокот, да се развиваш, сам да станеш свесен за околината и за тоа шо е добро а шо лошо ти ми се водиш по некој кодекс/прирачник :uvo: (според мене фалсификат и прв пропаганден/маркетинг материјал воопшто напишан за манипулација на простата маса на луѓе наметнувајќи и страв да се потчини под волјата на црквата, па ти другарче живееш во времето на инквизицијата) за демек правилно однесување кој ни самите највисоки преставници на религиите у светов не го поштуваат.

Ајде сега уплаши ме дека ќе одам во пеколот :toe: тоа најдобро знаете да го правите ...

Почни да си го користиш мозокот пред да ти зарѓа ... почни да веруваш во самиот себе, патем кој си ти да судиш и да ги етикетираш луѓето со деструктивци итн итн ... ако се водиме по твојата аналогија и ако треба да веруваме само во религијата и Бог и во ништо друго без потреба да се надградуваме и размислуваме со свој мозок сеуште ќе бевме во добата на инквизицијата ... :toe:
 
Остави пекол, инквизиција и останата атеистичка самоодбрана, кажи дали може да постојат 2 вредносни системи?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
Остави пекол, инквизиција и останата атеистичка самоодбрана, кажи дали може да постојат 2 вредносни системи?
хех атеиситчка самоодбрана велиш ... и толку од постот шо го напишав ..

кои системи бе чоек ... кои 2 .. дали можам да заклучам дека ако не постои напишан и „конкретен систем на вредности“ (шо и да значи тоа) дека ти ќе бидеш изгубен случај во просторот ... зар ти немаш мозок и свест за да одлучуваш и пронаоѓаш во општеството во кое живееш и да перципираш како треба да се однесуваш .... за кои системи ми зборуваш ... за системи на вредности кои се во рамка ... па ти живееш во рамковен договор ... ограничен си ... сам неможеш да опстојуваш ... затоа ти викам почни да го користиш мозокот ...

и ако планираш да ми одговараш со една непромислена реченица од тибот „Абе ај“ и како шо ми одговори погоре на пост кој го пишував 5мин ... бркај работа и не ми реплицирај :toe: ... или пак пробај искористи го мозокот за да напишеш нешто попаметно ... испадни од рамката :wink:
 
Јас ти напишав разработена линија на размислување. Ти не се обѕрна на размислувањето туку вметна други работи. Пред се го вметна вреднувањето на мојот интелект. Остави ме мене, позанимавај се со аргументите. Кога реков систем, принцип, не мислев само на вредносен систем иако тоа беше завршна фаза на мојот пост. Вредносниот систем е само одраз на општата систематичност (причинско-последична осмисленост). Може ли истовремено да постојат две хиеарархии на системи, вреднувања, принципи како сакаш наречи го?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom