Скандалозна и потресна сторија за 21 год. момче со акутна леукемија
08.11.2011 - 16:33 |
Животот на 21 годишниот Ѓоќица Величковиќ во рацете на надлежните здравствени институции. Со акутна леукемија и истрошени можности за лекување во Македонија, неопходна му е итна трансплантација на матични клетки во странство.
По шокот што го доживеало семејството Величковиќ кога првостепената фондовска комисија ги одбила со образложение – нема да има успех во лекувањето, сега сите надежи им се свртени кон второстепената комисија во министерството за здравство.
Но цели 70 дена Ѓокица води битка со болеста во болничката соба на Хематологија, во очекување дали ќе добие шанса за лекување во странство.
- Уште на втори септември доставивле жалба до комисијата, но еве нема никаков одговор. Неговата здравствена состојба е се полоша, а како што напишаа и докторите во конзилијарното, секое одложување е на штета на мојот син, но нема никаков одговор. Јас незнам што треба да направиме. Првостепената не одби со нелогично објаснување, ама овие треба д аодлучат, вели Тоша Величковиќ татко на Ѓоќица
Борејќи се за животот на Ѓокица, таткото му пишал и на премиерот. Но и од таму не добил одговор. Вели, законот дозволува институциите молчат. Прашува зошто некој предвреме би го осудил неговиот син ако и македонските лекари, но и болницата во Германија со која оствариле контакти им влеваат надеж дека лекувањето може да биде успешно. Од министерството за здравство за Сител само кратко одговорија ... ќе инсистираат предметот да биде разгледан во најкраток рок.
- Тој од мај до сега е во болница. Состојбата му се влоши и затоа не упатуваат во страство за да не дојде повторно до повторување на болеста, вели таткото.
Тешката болест кај Ѓокица е дијагностицирана во 2008 година. Неговите родител исе невработени, па со апел за хуманост бараат помош од граѓаните за трансплантацијата на Ѓокица во странство.
Кога и дали ќе замине зависи од одоговорот на второстепената комисија во чија жалба ова момче им напиша.
Сања Димитровска
ТЕЛЕФОНИ ЗА ДОНАЦИЈА:
Оне 075-143-103
Вип 077-143-702
Т мобиле 070-143-107
Комерцијална банка ад скопје
Денарска 300001000021827
Девизна 02-307-0533507,4
Сања Димитровска
-----------
превземено од Sitel.com.mk - линк:
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/skandalozna-i-potresna-storija-za-21-god-momche-so-akutna-leukemija#comment-81822
Ве молам раширете секаде каде што можете: интернет (портали, форуми, е-маил на Ваши пријатели, блогови, фејсбук...), телевизија, радио, весници, медиуми... кажете им на сите за да му помогнеме на момчево!!
Господ со него и со нас!!
Амин!!!